Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Октомври, 2017  
ПВСЧПСН
1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Постинг
23.03.2007 18:03 - За вистината и цензурата во Македонија
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 1258 Коментари: 0 Гласове:
0



Цензорите знаат дека во реалниот живот истината за козјите уши на царот Тројан се случува само в прикаски и во демократски системи, но не и во режими на културно и политичко мракобесие. Тие не позволјават генерациите од последните 5-6 децении да претрпат шок, кога би разбрале дека во документите за Илинденското востание не се споменува македонски туку б’лгарски народ, б’лгарски села, б’лгарски востаници, б’лгарско население

Обидот на господата премиери Станишев и тогаш актуелниот Бучковски, за заедничко одбележуване на националните празници на двете држави, беше дочекан на нож од страна на ултразагрижените за “македонскиот идентитет”, особено од скопските политичари и медиумските манипулатори со јавното мнение. Одекнаа стодецибелни грмотевици од загајлениците, падна и вербален аперкат на –во тоа време-опозиционер а денешен премиер, лидер на партија која узурпира четири од петте свети букви на историската кратенка од 1893 година, впаничен од можното “бугаризирање” на македонските празници, нешто кое представјава цонтрадицтио ин адјецто, суи генерис, што е доволна причина светите букви да позеленеат од јад, наспроти свежата портокалова боја на партијата. Дезориентираните и македонистички заблудени граѓани, во обидот на двамата премиери видоа опасни софијски стапици.
Дали генераторите на ендемската заблуда деиствително гледаат стапици или се страхуваат од мечот чија истина ја загрозува Дамокловата им глава? До кога на днешните генерации ќе им се фрла прах во очи од просрпски ориентираните навигатори загнездени во семожните институции и медиумите, од југоносталгичарите и од останалата б’лгарофобична братија која често запливува во фашизоидни води. Нема ли еднаш за винаги да се каже вистината за Илинден? Да не се крие идентитетот на востаниците, каков милет биле комитите, кој го кренал востанието?
Одговорот на овие прашања се навоѓа во богатите архиви и библиотеки на европските метрополи, во објавените дела, спомени, записи, печатени материјали на историчари, етнолози, журналисти, во богатиот фонд на траги од миналите времиња. Ќе споменеме еден од автентичните документи, куриозитет од аспект на местото и времето на неговото објавување: Во 1993 година, Архивот на Македонија, во Скопје, издаде едиција “Турски документи за Илинденското востание” (во рецензија на д-р Д.Д. и д-р Г.Т. и коментар на д-р А.С.). Изданието содржи 172 документи кои се однесуваат на илинденските собитија во востаналите каузи за периодот 1.август – 14.октомври 1903 г. Вс’шност повечкуте документи представјават турски воени телеграфски рапорти од востаничките региони, шифрувано доставувани, во кои непосредно од теренот се известува за сраженијата, бројот на загиналите и ранени од двете страни, збеговите на населението и друга фактографија. Оваа едиција немаше к’смет да биде изложена в книжарските витрини и не е коментирана од медиите, ами е обвиена во темна м’гла на молк и игноранција. Цензорите знаат дека во реалниот живот истината за козјите уши на царот Тројан се случува само в прикаски и во демократски системи, но не и во режими на културно и политичко мракобесие. Тие не позволјават генерациите од последните 5-6 децении да претрпат шок, кога би разбрале дека во документите за Илинденското востание не се споменува македонски туку б’лгарски народ, б’лгарски села, б’лгарски востаници, б’лгарско население.
Ќе цитираме делови на еден од документите –телеграм номер 439, што на 5.август од регионот Река ја испратил дебарскиот мутасариф и командант Хасан Таксин до Великиот генерален инспектор на Румелија: “Бугарите се кренаа на востание не само во реонот на Охрид, ами и во дебарската нахија, Селце и Дримкол… Царската војска ги натера Бугарите од Селце да се повлечат во насока на село Локово… Се страхува од побуна на селата Галичник, Лазарополе и другите бугарски села… Делумно вооружени Бугари од Голобрдска Јабланица продираат во насока на Дебарца… Дримколските Бугари ги уништуваат телеграфските жици… Се очекуваат локални борби да предизвикаат Реканските Бугари…”.
Во ниту еден од 172-та документи не станува збор за македонски етнос и за други етнички малцинства кај востанатото население, освен за Б’лгари. Даже и во последниот документ, што представува писмо од двајца крушовски Власи (А.Илија и Н.Петрашинку) упатено на 14.октомври 1903 год. до Генералниот инспектор на Румелија Хилми паша, се зборува за Б’лгари комитаџии, припадници на б’лгарските револуционери, за б’лгарски, покрај влашките и турски жители на градот, и се изразува благодарност од Влашката заедница кон Султанот Абдул Хамид Хан Втори и кон Хилми паша за воспоставениот ред и мир во градот.
По поражението, востаниците со дел од населението од востаничките села пребегнале во слободната б’лгарска држава, кои биле прифаќани од своите сонародни браќа. Нивниот број се движел околу 40 илјади. Зошто бежанците не се насочиле кон Србија или Грција? Историчарските клептуси веројатно ќе одговорат дека бежанците биле заблудени од врховистите и дворската камарила на чело со књаз Фердинанд.

Живко Аџија
http://www.tribune.eu.com/articles/2725.html



Тагове:   Македони,


Гласувай:
0
0



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 1369099
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1972
Архив