Дали дебатата за македонскиот национален идентитет значи и негово проблематизирање
Имаат ли основа стравувањата дека малите држави и нации со интегрирањето во Европската унија го ризикуваат сопствениот идентитет. Има ли Македонија стратегија за амортизирање на евентуалната опасност од такво нешто или концепт за да ги валоризира максимално предностите од процесот на приклучување кон ЕУ. Овие прашања се наметнаа на вчерашната прва рунда од серијата „Дијалози за Македонија“ што ги иницира претседателот Бранко Црвенковски, при што учесниците се осврнаа на темата „Македонскиот национален идентитет и европските интеграции“ во која се вклучија повеќе домашни експерти. Претседателот Црвенковски, отворајќи ја дебатата, рече дека е важно дали како мал народ имаме развиено имунолошки систем со чија помош ќе ги одбраниме основните атрибути на својот идентитет или можеби поради историските константи на негирање на нашите национални и јазични засебности, на нашето име и нашата црква, процесот на евроинтегрирање ќе ни овозможи нови механизми на афирмација на нашиот идентитет.
„Во нашето општество постојат круцијални теми што треба да бидат отворени. Погубно може да биде нивното површно, инцидентно третирање низ призмата на дневната политика. Овие разговори немаат амбиција да резултираат со креирање национални платформи, програми или стратегии, да им конкурираат на државните и научните институции, а најмалку да бидат алтернатива на непродуктивниот политички дијалог“, рече Црвенковски отворајќи ја дебатата. „Имајќи ја предвид етничката и религиската структура на Македонија, имаме ли, вели тој, јасен концепт со кој, од една страна, ќе го зачуваме и развиваме националниот и културниот идентитет на одделните етнички заедници, а, од друга, ќе ги препознаеме и афирмираме елементите на заедничкиот идентитет.
Билјана Ванковска од Институтот за одбранбени и мировни студии рече дека покажувајќи го македонството, го игнориравме она што отсекогаш сме биле. „Претерано инсистираме на она што само по себе е јасно и тоа практично покажува дека имаме проблем. Често забегуваме во шминка. Идентитетот е прифаќање на она што си, а не преправање во нешто друго“, рече Ванковска.
Според академик Катица Ќулафкова, парадоксално е што колку повеќе се залагаме за соживот, толку повеќе се делиме по различни основи, а тоа според неа, води до федерализација на државата. Македонскиот национален идентитет, смета Ќулафкова, денес е пред сериозно искушение.
„Македонскиот национален идентитет не е приоритет на оваа држава. Релативно доцна е конституиран и не е интегриран во свеста на народот. Самите сме во дилема кои сме и што сме“, рече Ќулафкова, порачувајќи дека интерпретацијата на историјата треба да интегрира, а не да произведува ексклузивност. „Не постои историски дисконтинуитет. Тоа се произведува во свеста на луѓето“, оцени академик Ќулафкова.
Констатирајќи дека на Македонија и" недостасуваат институции што би се занимавале со идентитетот, Владимир Милчин од Институтот Отворено општество Македонија се осврна на односите меѓу нацијата и црквата. „Погубна е тенденцијата да личиме на нашиот оспорувач - Грција. Концептот дека една црква прави една нација е застарен и е штетен. Крајно ретроградно е нацијата да се изедначува со црквата“, рече Милчин. Според него, идентитетот во голема мера зависи од самопрепознавањето и е повеќедимензионален. „Ако двајца луѓе кажат дека се Македонци, не значи и дека припаѓаат на иста вера“, рече Милчин.
Професорот од Правниот факултет, Љубомир Фрчкоски, порача дека не треба да се гледа во минатото и да се плаче по она што не е направено. „Мора да се постави концепт, да се стори она што е нужно. Македонската нација треба да се конструира од македонските граѓани“, рече Фрчкоски.
Вчерашната дебата не даде одговор на зададеното прашање дали на Македонија и" претстои опасност од „претопување“ и губење на идентитетот со влегувањето во ЕУ. Таква дебата се водеше во Словенија која имаше слични дилеми и стравувања. Во Македонија, пак, впечаток е од вчерашната дебата дека експертската јавност и пошироко се" уште сака да се занимава со меѓуетничките односи и со разликите меѓу Македонија пред 2001 година и потоа. (С.К.)
http://www.utrinskivesnik.com.mk/?ItemID=91D966F2AF0A1442B80BDA4C82F635DE
Македонија Швајцарија на Балканот
Македонија Швајцарија на Балканот
16.04.2007 14:21
Някои го чакат да се роди,а то вече е умряло! Що е то?
Македонската идентичност!!!
2. karavelov
3. meto76
4. комитата
5. makedonskatribuna
6. radko
7. sekirata
8. tribune
9. georgiev
10. За българските работи
11. makedonska diskusiona grupa
12. teodordetchev
13. bugarash - blogspot
14. bugarash-wordpress
15. oblakoff
16. МЪГЛЕНСКА ПРАВОСЛАВНА АРХИЕПИСКОПИЯ
17. МАКЕДОНСКИЯТ НАУЧЕН ИНСТИТУТ
18. Български народни песни
19. Съюз на Македонските Организации
20. БУГАРАШ
21. МАКЕДОНСКО ДВИЖЕНИЕ ПРЕОБРАЖЕНИЕ