Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Август, 2017  
ПВСЧПСН
123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
Постинг
29.04.2007 00:20 - Кое е најстрашното место во Европа?
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 1373 Коментари: 1 Гласове:
0

Последна промяна: 29.04.2007 00:23


Бугарија, се разбира!
Убиваат богаташи, та и не само нив ... и тоа веќе петнаесет години без прекин.
Какви богаташи?! - мафијаши, комунистички и “преодни”, ама - најважното е дека се бугарски - значи, најстрашни престапниици! Сто дваесет и пет убиени за само петнаесет години...Плус седумстотините илјади Бугари коишто емигрираа низ Европа, се разбира, со цел и неа да ја криминализираат! Всушност, Бугарите се тие коишто сега ќе го урнат и Европскиот сојуз и неговиот вредносен систем, убивајќи, крадејќи и проституирајќи се по улиците низ европските престолнини. Пред години се обидоа да го убијат Папата, ама не им успеа. Но затоа, сега се на пат мајката да и ја расплачат на цела Европа. Дури и нам, коишто сме смирени и мирољубиви, секогаш мачени, никогаш неразбрани, ама сепак најдостојни! Затоа што сме Титови и Тито е наш! Затоа што сме Самуилови и Самуил е наш! И Скендербег е наш! Значи, ние сме и Скендербегови! А, пред се и над се, сме Кирило-Методиеви, Свети Климентови и Свети Наумови, и најмногу, Александрови и Филипови! А штом сите тие се наши, тогаш и Европа е наша. Ама кој го брига...сега несакале нас, ами Бугарија да ја примаат во своето семејство.
Какви се тие будалаштини? Каква држава е тоа? Комунистички тајни служби, коишто прво ја продале, па потоа пак ја купиле, па сега ја управуваат. Ете тоа е Бугарија. Тоа не е место за живеење. Море не е дури ни за споменување, а не, пак, за живеење. Е, за несреќа, тоа е нашиот источен сосед. Други народи какви соседи имаат, а ние ја имаме - Бугарија. Ебати судбината!
На сето згора, уште тргнале и многу наши бугарски пасоши да бараат. Па, уште и ги добиваат. А, што ќе им се? И тие ли решиле да стануваат мафијаши?
А колку ни е убаво овде - во Титова Македонија (Грците ја викаат Бивша Југословенска, а не сфаќаат дека сме просто само - Титова). Вистина има четириесет одсто безработица, ама скопските кафеани се полни. Е, тоа е стандарт...и шема. Дури и Белград може да ни позавиди. Немало инвестиции. Имало само сиромаштија, полиција и бирократија. Па, што дека, и онака, пара на пара оди. Ете, во Бугарија по една ипол малјарди евра инвестиции секоја од последниве пет-шест години влегуваат, и уште толку од туризмот, но што ќар, кога беа фашисти, па комунисти, а сега мафијаши си остануваат. Да се чудиш кој таму инвестира, и кој туристи им одат и на морето и по планините. Дури и во Банско им одат. А, Банско е на Пирин, а Пирин е наш. За Солун ич муабет да не правиме. Па, и наши будали им одат. И тоа повеќе од половина милион годишно (а, колку сме ние без Албанците!?). Пари им оставаат на Бугарите. А, тоа, нели, значи на мафијашите. Дали не разбираат или сакаат и тие како мафијаши да влезат во Европа? Ах, и таа Европа - стара курва, кого ли се не прима, само нас не не сака. А, и како да не прими кога ние сме и поголеми и постари од неа! Александар, Самуил, па се до Тито...
Тито е наш, и ние сме Титови! Инаку, кои и што ќе бевме?
Е сега, кога знаеме кои сме, таму сме, кај што сме... А, Тута Бугарите - мафијаши, нека одат во Европа да ја расипуваат. И, некои наши будали заедно со нив.

http://www.tribune.eu.com/articles/1152.html


Тагове:   место,


Гласувай:
0
0



1. karavelov - Нека да пишат каквото си искат съ...
30.04.2007 11:54
Нека да пишат каквото си искат сърбоманите!!!
Дните им са преброени!!!
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 1344118
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1972
Архив