Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Постинг
02.05.2007 11:11 - Од Патеписот на Евлија Челеби
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 2748 Коментари: 1 Гласове:
0



Евлија Челебија

        … ОПИС НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

    
        Некои тоа име го пишуваат Охри* (*заб.: Во прашање се финесите на арапската абецеда и фонетика). Тоа е така наречено од слените причини: …Езерото е долго од еден до друг крај 15 милји. Тоа е со облик на малку издолжен триаголник и потребни се полни 24 часа да се обиколи. Езерото е прекрасно како еликсир на животот. Еднаш за облог го заобиколил шатор-башата на Фаик-паша од Трикала. Но, не дошол во тек на истиот ден, туку, со напор стигнал дури по зајдисонце. Тој го заобиколил езерото за еден ден со брзо одење. Околу езерото се наоѓаат четири држави. Првин е овој град Струга, потоа Подградец** (заб.: Во ориг. Погрешно е запишано Невградас; треба Подградец.), а најголем од сите е Охрид, кој што лежи на брегот од езерото, на една стена која се издига кон небото, а се наоѓа на северната страна од езерото.
image        Околината на езерото е украсена со многу богати и добро населени чифлизи. Ниедно друго езеро нема толку различни видови риби како ова. Особено рибата јагула која тука се наоѓа, и има пријатен мирис како мошус и амбра. Таа е многу мрсна, и кога е потполно свежа, од неа се прави ќевап… На оној што ја јаде таа риба му дава голема сила и толку го зајакнува што тој на својот врсник, ако се зборат, пет-шест пати ќе го надвладее, ќе го собори под себе и ќе го надјача како атлет. Таа се јаде и кога човекот боледува од главоболки. Ако човекот ја насоли својата глава и главата од рибата ја стави на својата, тој со божја помош ќе се ослободи од главоболките. Вкусни се и рибите: штука, пастрмка, крап и белвица. Тука има илјадници видови риби, но овие пет наведени врсти, воошто немаат мирис на риба.
        Емин-агата на ова ловиште, во еден залив, точно на средината на оваа касаба Струга, подигнал голем дрвен мост на дванаесет лаци, долг 150 чекори. На тој мост е изграден врз големи диреци голем дворец на Емин-агата. Тоа е голем сарај. На средината од тој дворец се наоѓа дрвена капија. Секоја вечер шпасванџиите и чуварите ја затвгораат капијата на тој мост, така што ниеден човек не може да премине од една на друга страна, бидејќи секоја вечер на мостот 40-50 вооружени редари држат стража и истовремено го чуваат дворецот си до зората за да не побегнат робовите, арамиите, убијците или рибокрадците. За таа намена е изградена оваа капија на мостот. Ракавците кои истекуваат од ова езеро се влеваат во морето кај пристаништето Сан Џован кое се наоѓа во морскиот imageзалив дури кај градот Леш во скадарскиот санџак во Албанија, десет конаци далеку. Охридското Езеро е толку големо што не се преоѓа ни од една страна, па станало вистински бедем во средината на овој вилает на охридскиот санџак. Кај неговите истеци на две места се наоѓаат мостови. И таму, еминовите луѓе чуваат стража пазаришни такси (bāз-I bazar) од патниците и намерниците и десеттина од риболовот (цşr-I māhī). Тие влезовите така ги чуваат што ни птица не може да прелета; главниот премин, меѓутоа, и е мост во Струга. Од долната страна на тој мост се наоѓаат стотина ловишта на риба (dalyan), кои што не можат да се опишат, туку треба да се видат. Водата што истекува од езерото под тој мост е толку брза што не може со око да се следи. Таа и на зима и на лето тече во четири ракавци, како реката Драва, така што никогаш не се сече. Чудно е тоа дека во ова езеро не се влеваат големи реки; и иако е така, водата од ова езеро и на лето и на зима тече како реката Амударија (Džeyhun). Течејќи кон запад таа влегува во касабата …, потоа …, влегува во … и на крај во пристаништето Сен Џован, кај споменатиот град Леш, се влева во Јадранското Море (Bundukānī imagekцrfesi). Тоа езеро е вистински еликсир на животот; само, на лето е многу топло и матно, но, ако малку се чува во чаша на провев, станува студено како мраз; кога ова езеро ќе се измати, тогаш најмногу се лови риба.
      
    
        [ОПИС НА КАСАБАТА СТРУГА]
      
        Оваа касаба е нијабет на охридскиот кадилук. Тоа е мала касаба на песоклива почва покрај езерото. Изградена е на четири места во долините обраснати со зеленило. Вкупно има околу триста со ѓерамиди покриени, тврдо ѕидани еднокатни и двокатни куќи, со градини и лозја.
        Климата е пријатна. Има само три [муслимански] маала, но има многу бугарски и грчки неверници. Постојат само четири муслимански светилишта. Прва е џамијата Ohrūzāde*** (***заб.: тука Челебија најверојатно мисли на Ohrūzāde Sinanuddin Jusuf -Čelebija кој починал 1493 година.) во чаршијата.Покриена е со олово, а има и висока купола и тенко минаре. Тука се наоѓа и еден ан, еден имарет (јавна кујна), една медреса и еден амам. Сите тие се завештанија на Ohrūzāde. Постојат уште три месџиди и пет мали дворови-коначишта, потоа само четириесет дуќани, но без безистен, зашто овие дуќани се сосема доволни.
image        Низ чаршијата тече еден ракав од езерото и на него има дрвен мост. Прозорите на имретот и на медресата гледаат во таа вода, и тие што се хранат во имаретот седат до прозорите и уживаат во воздухот. Сите кајакчии ги врзуваат своите кајаци на пристаништето на водата што тече низ касабата.
        Во ова гратче се одржува голем годишен панаѓур, т.е. Пазар, кој го посетуваат околу четириесет до педесет илјади луѓе; десет дена и десет ноќи, така што си врие од пазаришниот жагор. Тоа е голем саем кој што не може да се опише. Надвор од гратчето се наоѓаат триста панаѓурски дуќани (заб.: Глиша Елезовиќ пишува дека му кажувале дека во непосредна близина на Струга постои место кое се вика Панаѓуриште /Glasnik Jugosl. Profesorskog društva, knj. XVI, 1936, str. 507, nap. 22/). Освен тоа, на местото каде што се одржува овој саем, се подигнуваат и илјадници провизорни дуќани и тезги на кои се купува и се продава.
        Од месните првенци и господа се истакнува Халил-ага, Омер-ага и Имам-ефендија**** (****заб.: Елезовиќ во 1936 година пишувал дека и тогаш во Струга живееле потомци на ова семејство /Glasnik Jugoslovenskog profesorskog društva, XVI, str. 507, nap. 23/), и држат конаци за гости и им даваат храна.
        Овде, патем, се простив од своите пријатели, зедов imageвредни придружници и тргнав од Струга кон југоисточната страна по брегот на езерото, низ лозјата и градините. Потоа го поминав далјанот на Ohrūzāde, кој се наоѓа на местото каде што една вода која е како еликсир на животот и која се спушта од висоравнината Исток***** (*****заб.: Во ориг.: овде и на сите останати места Sejāhatnāme пишува Усток; треба Исток, планина помеѓу Охрид и Ресен. (Сп. Бабингер, н.м., стр. 40, и нап 3. и Гл. Елезовиќ, н.д., 507, нап. 25) влева во Охридското Езеро****** (******заб.: Тоа е Крива Река. Таа се спушта од ограноците на планините Петринска и Плаќанска.). Од тоа место па си до Охрид по брегот на езерото води околу осум илјади чекори дол и широк калдрмисан со бел камен пат. Го поминавме и тој пат и за три часа стигнавме [во Охрид].
        .........
      
      
        Евлија Челебија, Патепис, Исечоци за југословенските земји, ИРО „Веселин Маслеша“ (Библиотека: Културно наследство), Сараево 1979, 556-558.
        (Ор.: Evliya Зelebi Seyahatnamesi, Istanbul 1314/1896-1318/1900.)

http://www.kultura-struga.com.mk/tekst.asp?lang=mac&tekst=118



Тагове:   ОД,


Гласувай:
0



1. анонимен - Hi
24.11.2011 23:25
Hello. <a href=http://kaleostra.info/>kaleostra</a>
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 2195623
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1975
Архив