Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Август, 2017  
ПВСЧПСН
123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
Постинг
11.05.2007 14:15 - Михаил Сматракалев
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 1802 Коментари: 3 Гласове:
0



 Реагирање:  Михаил Сматракалев ги сакаше само комунистите...

 Пишува: Владимир ПЕРЕВ

(Повод: Фељтонот низ документациjата на Михаил Сматракалев)

 Во годините непосредно по распаѓањето на болшевичкиот систем во Еврпоа, како и на Советскиот соjуз и СФР Jугославиjа, одненадеж и некако невообичаено нагло, во македонската jавност и новата македонска реалност почна да се поjавува личноста и делото на Михаил Сматракалев или Ангел Жаров, псевдоним што го користел како еден од основачите и активистите на познатиот Македонски литературен кружок во Софиjа, во годините непосредно пред и за време на Втората светска воjна. Како единствен преживеан од учесниците на Македонскиот литературен кружок, тоj во Македониjа по осамостоjувањето беше пречекуван и опсипуван со почести и признаниjа како ретко коjа друга личност од овоj период. Конечно, беше примен и во Друштвото на писателите на Македониjа, а броjните телевизиски емисии во кои учествуваше обjаснуваjќи jа своjата личност и дело, како и енормниот броj написи во печатот, беа само логична последица на се она што се случуваше врзано со неговата личност.

 За што всушност се работи?

 Пред се, треба да се знае дека се работи за еден автор со скромни, да не речеме никакви книжевни вредности. Неговото творештво, така опширно претставувано во Макеодниjа,ни оддалеку jа нема силата на Вапцаровото дело, набиено со страст, енергиjа и саможртва. Во случаjот на Сматракалев - Жаров, се работи за стерилно творештво, програмско и провидно. Капиталното дело на Михаил Сматракалев, барем она наjинтересното за македонската jавност е неговата книга Македонскиот литературен кружок во издание на Мисла во 1993 г. Во таа книга се изнесени сите релевантни факти околу основањето и деjноста на Кружокот во Софиjа, како и наводно, могуброjните активности на македонските деjци во овоj период. Во книгата се содржани и сеќавањата на Сматракалев за неговите соборци од Кружокот, како и карактеристиките за психофизичките способности и особености на повеќето од луѓето со кои се дружел и среќавал. Оваа книга и неговите размисли и ставови изнесени во неа се наjдоброто сведоштво за оваа опскурна и неталентирана личност. Но, да почнеме по ред.

 Говореjќи за поривите за основањето на Македонскиот литературен кружок и даваjќи си jа себе си заслугата за неговото формирање, Сматракалев ќе напише: Тие (Никола Вапцаров и Антон Попов - м.з.) беа убедени македонски патриоти и интернационалисти и за идеjните прашања немавме никакви разминувања. Ние се сметавме себе си за Македонци по националност. Македонската нациjа беше призната од Коминтерната, КПСС, БКП и од другите балкански комунистички партии. Воопшто, за тоа прашање никоj од нашиот идеен кружок не покажа какво и да е противеење.

 Во книгата на Жаров никаде не станува збор за тоа дали македонска нациjа воопшто постои, како се чувствува македонскиот народ и дали воопшто некоj од Македониjа или од тогашното македонско раководство во земjата бил консултиран за оваа работа. За него наjважно било мислењето на Коминтерната и КПСС. Овоj став, ова мнение е каменот меѓник на целокупната негова деjност, алфа и омега на неговото постоење и битисување. Насекаде низ творештвото на Сматракалев - само Советскиот соjуз, Коминтерната и КПСС. Само повремено ќе се поjават термините БКП и македонските комунисти. Така, пишуваjќи за деjноста на Крстана (Тања) Jанева (агент на советската разузнавачка служба, испратена на задача во Берлин, каде што е откриена и стрелана), тоj ќе напише дека таа се напоjуваше со идеалите на кои им служевме... за совршено општество, за верност на комунистичкото дело, за љубов кон Советскиот соjуз, за силна омраза кон неприаjтелите на светлината, на слободата и мирот, за убавина и независност на духот.

 Убаво речено, но премногу провидно. Во оваа книга на Жаров постои само љубов кон Советскиот соjуз и Коминтерната, а омраза кон сите други. Бело и црно, комунисти и сите други останати. Оваа и каква книга со вакви болшевички ставови, во Македониjа, а и во Jугославиjа не се поjавила дури ни во времето пред Информбирото, а не пак во времето на распаѓањето на цел еден систем и идеологиjа. Во 1993 г. во времето на подемот на независната македонска држава и борбата за неjзино признавање и опстоjување, во Скопjе се обjавува книга на еден стерилен, шпиртосан дух, поjавен од мрачните дупки на веќе распаднатиот коминтерновски систем. Тогаш, зошто се навредуваме кога некоj ќе ни каже дека сме коминтерновска нациjа? Некако и не сакаjќи, мислите се свртуваат кон Младена Србиновски и неговата последна книга Обеди ништожност - Скопjе 1999.: Првиот Илинден е со бугарски карактер, а вториот антибугарски, србомански. Првиот е македонски, вториот jугословенско-коминтерновски, македонистички.

 Впрочем, Сматракалев самиот себе си наjдобро се обjаснува. Пишуваjќи за себе си и своето дело, во книгата Македонскиот литературен кружок, тоj ќе напише: Веднаш по Деветти септември 1944 год. организирав боева група и со кола заминав за град Серес, каде што помогнав во формирањето на народната власт, зборував на митинзи, jа обjаснував суштината на нашата власт, зборував за бугаросоветската дружба, за братството меѓу балканските народи и сите други народи. Цело време непрестаjно ги проучував делата на Маркс, Енгелс, Ленин, Плеханов, Карл Кауцки, Димитар Благоев и други наши и странски автори и благодарjеќи на таа солидна марксистичко-ленинистичка подготовка сум придобил многу приврзаници. Постоjано сум бил пропагатор на нашето големо учење. Нема да пишувам за моjата работа по Деветти септември, коjа беше многустрана, и како правник, и како пропагатор и партиски работник, и како пубицист, и како популаризатор и обjаснувач на делото на Вапцаров и Антон Попов и на многу други комунисти загинати во борбата. Читателот сам нека ги спореди биографиите на Вапцаров и Антон Попов и моjата, и тогаш самиот ќе одговори зошто токму jас бев идеолошки раководител на Македонскиот литературен кружок.

 Каква суета, какво големо лажење! Сматракалев никаде не споменува дека го читал и неговиот омилен коминтерновец Сталин. Не го споменува, ни по добро ни полошо. Во Македониjа, особено денес, Сталин не е на некоjа голема цена и треба да биде премолчен. Каква опортуност! Да се наречеш себе си идеолошки раководител на група од коjа наjзначаjните членови умираат со хероjска смрт, во наjмала рака е невкусно. Барем од почит кон мртвите херои. А тоа што Жаров не сака да пишува за неговата работа по Деветти септември е нешто сосема друго. За таа работа ќе пишуваме ние, за неговата насилничка, одродничка и антимакедонска деjност.

 (Продолжува)


Реагирање (2): И Сматракалев издаваше смртни пресуди!

(Повод: Фељтонот Низ документациjата на Михаил Сматракалев)

Пишува: Владимир ПЕРЕВ

 Неодминлива личност на Македонскиот литературен кружок е адвокатот Кирил Николов, по потекло од Крушево. На некоj начин биле добри приjатели и соработници со Сматракалев, иако Николов потекнува од семеjство со проблематичен идентитет, барем што се однесува до комунистичките сфаќања за тоj поим. Имено, неговиот брат Гео Николов е припадник на михаjловистичката струjа во македонското ослободително движење, приjател на Ванчо Михаjлов и подоцна свештеник во Македоно-бугарската црква во Детроит, САД. Оженет е со Вера Бунова, сестрата на хероината Мара Бунева и беше една од наjпочитуваните личности во македонската МПО-вска емиграциjа по светот. Пишуваjќи за Кирил Николов, Сматракалев на едно место ќе наведе дека во процесот на Централниот комитет Кирил Николов беше осуден на дванаесет години затвор и половината главно ги одлежа во скопскиот затвор. Неточно! Во спомените на маjката на Кирил Николов, баба Фроса Николова обjавени како Аз см двоjна маjка (Баба Фроса разказва) - Софиjа 1997 г. jасно се гледа дека Кирил Николов бил уапсен на 22 март 1942 г. и осуден на 15 години строг затвор на процесот одржан на 23 jули 1942 г. Од издржување казна ослободен е на 9. септември 1944 година. Значи, во затвор останува околу две и пол години. Од тоа време, една година поминал како политички затвореник во Идризово, се до краjот на 1943 г., кога е префрлен во затворот во Ќустендил, каде на 9 септември 1944 г. го дочекува ослободувањето. Конечно, тоа не бил судски процес на некаков Централен комитет, туку судење на диверзантско терористичка група организирана од агентот на Коминтерната и коjзнае уште чиj агент, познатиот во Бугариjа, Цвjатко Радоjнов. На тоj процес се изречени и извршени шест смртни пресуди, меѓу кои и на поетот Вапцаров и на Антон Попов. Михаил Сматракалев не е ниту споменат на процесот.

 Сепак, по 9. септември 1944 г. Сматракалев е именуван за претседател на судот во Неврокоп, а Кирил Николов за jавен обвинител. Сматракалев не се согласува со драконските закони и односот на претседателите на судските совети кон обвинетите и судени напредни личности, меѓу кои Вапцаров и Антон Попов, во периодот пред и за време на Втората светска воjна во Бугариjа. Но, подоцна, во отечествено-фронтовска Бугариjа и тоj самиот ќе учествува во инсценирани судски процеси и во изречување на исти такви драконски казни. Во тоj контекст треба внимателно да се разгледа периодот по 9. септември 1944 г. кога тандемот од Македонскиот литературен кружок, Сматракалев - Кирил Николов е во Неврокоп, едниот како претседател на судскиот совет, а вториот како jавен обвинител. Тогашната нивна деjност во целост е насочена против активностите на македонските патриоти од овоj краj и против нивната борба за слободна и независна Македониjа. Следнава пресуда е jасна илустрациjа за нивната деjност, но и за нивните македонски убедувања:

 ПРЕСУДА бр. 297, гр. Неврокоп, 9 октомври 1948г. Во името на народот и Народна Република Бугариjа, Неврокопскиот обласен суд, кривично одделение, на jавната судска расправа одржана од 5 до 9 октомври илjада деветстотини четириесет и осмата година, во состав: Претседател: Михаил Сматракалев, членови: Петар Попов, Стефан Радучев, доп. член, со секретарот Ил. Устаилиев и jавниот обвинител Кир. Николов, откако го разгледа извештаjот на Петар Попов НХОД бр. 210 по описот за 1948 г., пресуди: ги прогласува обвинетите ПАНДО ИВАНОВ МЛАДЕНО (во текстот на пресудата се наведени и другите обвинети - м.з.), 24-годишен, Бугарин, православен, неженет, писмен, роден во с. Трлис, Грциjа, жител на с. Мосомиште, Неврокопско, моментално во бегство, слободен, неосудуван; за ВИНОВНИ за тоа што во 1948 г. Пандо МЛАДЕНО организирал ... организациjа, коjа има за цел соборување на востановената власт во државата преку терористички деjства, заради што, врз основа на чл. 98 ал 1. за ПАНДО МЛАДЕНОВ (и другите обвинети - м.з.)... ги осудува: ПАНДО МЛАДЕНОВ на СМРТ... и ги лишува од правата по чл. 30 од НЗ, првиот засекогаш... и (другите осудени - м.з.) да платат глоба на државата секоj од нив по 500.000/пет стотини илjади/лева, коjа при неможност да се наплати се заменува со по уште една година строг затвор, како и конфискациjа на имотите во висина од 1/3/една третина/од имотот на секоj од нив.

 Обвинетите се прогласуваат за ВИНОВНИ, затоа што истовремено го напуштиле местожителството и се зачлениле во група, составена и вооружена со цел да изврши преврат во државата, заради што, а врз основа на чл. 99-А и чл. 60 од НЗ ги осудува на смрт... и засекогаш им го конфискува целокупниот имот (се однесува на осудените на смрт - м.з.).

 Обвинетите се прогласуваат за ВИНОВНИ и затоа што во истото време jа минале границата на земjата без одобрение од надлежната власт, заради што и врз основа на чл. 155-а и чл. 60 од Кривичниот закон ги осудува на 15г. строг затвор, на парична казна од 500.000/пет стотини илjади/лева коjа при неможност да се наплати се заменува со една година строг затвор, ги лишува од граѓанските права за време од 20 години и им се конфискува целокупниот имот (се однесува на осудените на временски казни - м.з.).

 Се конфискуваат судските докази за стореното дело, а тоа се пет ранци и еден пиштол кал. 7,65 со три куршуми.

 Судот констатира дека ПАНДО МЛАДЕНОВ вооружен со четири бомби и еден пиштол...основал и раководел со организациjа чиjашто цел била соборување на отечествено-фронтовската власт во Бугариjа преку терористички деjства... се ставил на располагање на неприjателската агентура во Грциjа... се оддал доброволно на служба на неприjателите на НАРОДНА РЕПУБЛИКА БУГАРИJА И НА СОЦИJАЛИЗМОТ И ПРОГРЕСОТ (потцртано во оригиналот - м.з.) итн.

 За да му биде поjасно на македонскиот читател треба да се напомене дека се работи за голем политички процес, со многу обвинети и осудени на смрт и на разни временски казни затвор. Пропуштените места се имињата на другите судени и нивните казни. Во овоj процес, заедно со Пандо Младенов на смрт се осудени уште троjца негови другари, сите офицери на бугарската армиjа: Борислав Иванов, Ангел Пандев и Борис Парасков. Составен дел на образложението на пресудата е и обвинителниот акт на jавниот обвинител Кирил Николов насловен како:

 МОТИВИ: По разгромот на опозициjата водена од Никола Петков и по спроведувањето редица револуционерни мерки од страна на Народната власт /национализациjа на индустриjата и сл./ реакционерните капиталистички елементи во земjата започнаа да деjствуваат со голема настрвеност против власта и Отечествениот фронт, но jа пренесоа своjата деjност во областа на длабоката конспирациjа. Сакаjќи да го вратат старото буржоаско минато тие започнаа да организираат нелегални организации и терористички групи, откако се сврзаа уште посилно со меѓународната реакциjа, коjа им стана непосреден раководител. Бореjќи се против, за нив омразениот социjализам, тие станаа агенти на меѓународните потпалувачи на нови воjни, ги пропагираа идеите на западната демократиjа и фрлаа хули и клевети против Советскиот Соjуз и источните демократски земjи.

 Особено се засили нелегалната деjност на реакционерните елементи во Пиринскиот краj на Македониjа. Во гр. Неврокоп и околиjата, на самата граница каде што михаjловистичките гнезда се уште не згаснале и меѓународната империjалистичка агентура е особено настоjчива во своjата деjност, враговите на нашиот народ го сврзуваат своето пеколно дело со Македонскиот вопрос. Македонското прашање, кое е многу сложено и невралгично национално прашање се ползува вешто од меѓународните реакционери во нивната пакосна агитациjа и пропаганда против народните демократии и специjално против Народна Република Бугариjа...

 (продолжува)


Реагирање (3): Болшевикот и судеше на самостоjна и независна Македониjа

(повод: фељтонот Низ документациjата на Михаил Сматракалев)

пишува: Владимир ПЕРЕВ

 Во продолжението на обвинителниот акт против Пандо Младенов и другите обвинети за антидржавна деjност насочена против Народна Република Бугариjа и социjалистичкиот систем, на кои во 1948 г. во Неврокоп им судеше Михаил Сматракалев во соработка со обвинителот Кирил Николов, може да се прочита следното:

 Агентите на меѓународната реакциjа го издигаат лозунгот За независна Македониjа под протекторат на Англиjа и Америка. Тоj лозунг е многу примамлив за михаjловистичките средини, за младината вдахната со врховистичка идеологиjа и за политички неориентираните Македонци. Освен искористувањето на македонското прашање, во овоj момент, jасно се гледа и една друга пропаганда на неприjателот: Високо издигање на престижот на Америка како богата и моќна земjа во коjа тече рогот на изобилието и коjа наводно сака да ги помогне европските народи пострадани во воjната ...Со таа бесна и беспримерна пропаганда, како и со лозунгот За независна Македониjа неприjателот сака да ги одвои масите од социjализмот, од демократските режими и од Советскиот Соjуз и да ги насочи кон богатата и демократска Америка....

 За што, всушност, се работи?

 И Бугарите, како и ние, си имаат свое Кале и свои божикни стрелања. Меѓутоа, овоj процес каj нив трае подолго, без нагли резови и со многу повеќе жртви. Имено, во градот Неврокоп, Пиринска Македониjа, веднаш по воjната е стациониран 39. солунски полк, една од елитните единици на бугарската армиjа. Оваа единица е составена од млади офицери, патриотски ориентирани и задоени со идеите за самостоjна и обединета Македониjа. Незадоволни од тогашната политика на болшевичка Бугариjа, тие се самоорганизираат со намера да се борат за своjот идеал самостоjна македонска држава.

 Главни организатори на оваа борба се Борислав Иванов и Пандо Младенов, тогаш офицери на 39. солунски полк. Jа имаат и наклоноста на западните земjи, посебно на САД, кои уште тогаш сметаат дека за остварување на американските интереси на Балканот е потребна самостоjна македонска држава.

 Суровоста на тандемот Сматракалев Николов, едниот претседател на судот во Неврокоп, а другиот jавен обвинител, обаjцата членови на Македонскиот литературен кружок, е невидена. Четворица млади луѓе, офицери на бугарската армиjа, се осудени на смрт само затоа што сакале да се борат за самостоjна и независна Македониjа. Всушност, овие драконски казни се изречени не заради нивната борба за независна Македониjа, туку само и единствено поради тоа што таа Македониjа не е во нивниот коминтерновски концепт. Впрочем, се знае каков е коминтерновскиот концепт за Македониjа да се признае нациjата, но да не и се дадат атрибути на државност. Смешно, но и трагично звучи обjаснувањето од пресудата против Пандо Младенов и другите дека сакале да го срушат системот во НР Бугариjа, користеjќи ги притоа средствата од пет раници и един пистолет 7,65 кои се конфискувани.

 Резолуциjата на Информбирото носи промени и во Бугариjа. Сматракалев повторно останува незасегнат. Целиот своj вулгарен македонизам/антимакедонизам го брише со една покаjничка самокритика, зачувана во архивите на Благоевградската партиска организациjа. Jа продолжува своjата македонска деjност пишуваjќи и допишуваjќи се и сешто за секого. Меѓутоа, работите се jасни. Експонентот на официjалната бугарска политика по македонскиот вопрос во периодот по 1948 г. Дино Ќосев и неговиот пандан, македонскиот професор Данчо Зографски, водат полемика на страниците на Нова Македониjа во тоj постинформбировски период. Бугариjа нема да допушти развоj на македонско национално чувство на неjзина териториjа. Коjзнае како и коjзнае зошто, од овие промени Сматракалев повторно останува незасегнат. До краjот на своjот долг живот никогаш нема да проговори што работел за време на Втората светска воjна во Серес. Официjално, тоj се занимавал со адвокатура и имал адвокатска канцелариjа, но во бугарските полициски архиви се уште се длабоко закопани документите за деjноста на Друштвото за бугарско германско приjателство во Серес во годините 1941 1944. Во некои од нив се споменува и Сматракалев. Останува неjасен и престоjот на Константин Караманлис во истиот период во Серес, каде што тоj, исто како Сматракалев, има адвокатска канцелариjа, но наjмалку се занимава со адвокатура. Исто така, Сматракалев никаде нема напишано дека Венко Марковски и Коле Неделковски, за време на своjот престоj во Софиjа во годините пред и за време на воjната, извесен период живееле во куќата на Кирил Дрангов, наjдоверливата личност на Ванчо Михаjлов и човек директно инволвиран во атентатот на кралот Александар Караѓорѓевиќ во Марсеj. Тоа вероjатно ќе бидат теми на некое идно време.

 Судбината на вториот член од тандемот, обвинителот Кирил Николов е поинаква, многу потрагична. Во процесот против Траjчо Костов, Кирил Николов е уапсен на 3.12.1949 г. и обвинет како титоист за да одлежи повторно неколку години затвор. Помилуван е и ослободен од затвор на 1 ноември 1952 г. По ослободувањето работи во бугарските синдикати и не се меша активно во политиката. Животот го губи под сомнителни околности, во сообраќаjна несреќа во Унгариjа на 22.11.1964 г.

 Братот на Кирил Николов, свештеникот Гео Николов почина во длабока старост, на деведесет години, на 19 април 1997 г., во Детроит, оставаjќи зад себе многуброjно потомство. Беше една од наjугледните и наjпочитувани личности на македонската МПОвска емиграциjа. Органот на МПО, весникот Македонска трибуна, по тоj повод издаде специjално издание, како последна почит кон своjот омилен свештеник. Тоj е вероjатно единствениот свештеник коj со свое активно учество има изградено две цркви: Св. Климент и Св. Павле, во Детроит. Неговата сопруга Вера, наjмалата сестра на Мара Бунева, се уште е активен член на МПО.

 Четворицата офицери, активни деjци на оваа минидрама, го одбегнаа извршувањето на смртната пресуда. Борислав Иванов стана секретар на Ванчо Михаjлов, а подоцна, како пензионер се пресели од Рим и сега живее во Торонто. Ангел Пандев почина во Бразил, а Борис Паракеов е закопан на гробиштата во Торонто. Главниот актер, Пандо Младенов, се уште е активен и живее, како постар и доброситуиран господин, во Торонто. Со него е и неговиот помлад брат, фармацевтот Горги Младенов. Во годините кога Сматракалев беше приман со наjвисоки почести во самостоjна и суверена Македониjа, против коjа тоj толку се бореше, браќата Младенови, жртвите на неговиот правен терор, беа напаѓани како бугарски врховисти и одродени Македонци. Нивниот единствен грев бил во тоа што како Бугари сакале да живеат во Македониjа во коjа се родиле, но, самостоjна, слободна и демократска, а не болшевички обезличена, поделена и потисната.

 Промената на системот во Бугариjа по 10 септември 1989 г. овоj конвертит и превеан политички лисец jа дочекува подготвен. Тоj се поjави во телевизиската емисиjа на Бугарската телевизиjа Секоjа недела на 3 февруари 1991 г. и без да мигне го измами бугарскиот народ одговараjќи на прашањето за антибугарската деjност на Македонскиот литературен кружок. Ние вели тоj бевме далечни (маргинални, странични м.з.) приврзаници на македонската нациjа. (цитирано според: Т. Балкански Никола Вапцаров, Бугариjа и Бугарите Велико Трново 1996 г.) Подоцна, некаде во 1993 г., во Нова Македониjа Жаров ќе ги искаже своите познати тези за македонската нациjа призната од Коминтерната.

 Не знам зошто, но повторно ми паѓа на памет Младен Србиновски и неговата Обеди ништожност, стр. 6162: ..но создадената атмосфера им годи на интелектуалните остапбендеровци во Македониjа да идат и зборуваат во наш прилог, а во Бугариjа во нивни прилог. Штефан Требс е типичен таков пример... Интелектуалната досетливост оди дотаму што Острогорски во Историjата на Византиjа во германското издание пишува за Самуил како за бугарски цар, а во jугословенското издание, како македонски. Ем научниот авторитет си го држи пред светот, ем дома политички да е в ред.

 Сматракалев не е ниту Требс, ниту Острогорски. Од него сите се откажале и тоj останува само наш и ничиj друг. Иднината допрва ќе ни се одмазди.

 (краj)

 http://knigite.abv.bg/ms2/nv0307_9.htm



Тагове:   Михаил,


Гласувай:
0
0



1. bugarash - Михаил Сматракалев
11.05.2007 14:15

Од Википедија, слободна енциклопедија

Михаил Сматракалев (Ангел Жаров) е македонски национален деец, поет, раскажувач и публицист.

Роден е во Серес, Егејскиот дел на Македонија, но уште како дете бил принуден да емигрира во Бугарија, каде го помина животот. По образование бил правник и долги години работел како адвокат, а бил и судија. Неговата адвокатска канцеларија во Софија брзо станала собиралиште на други македонски емигранти. Заедно со уште неколкумина Македонци го формира „Македонскиот литературен кружок“.

Сматракалев бил особено близок со Никола Вапцаров и неговото семејство. Кога овој ја објавил својата стихозбирка „Моторни песни“, Сматракалев бил единствениот што објавил критички осврт на новоиздаденото дело.

Михаил Сматракалев во 1993 година доби македонско државјанство, врачено директно од рацете на тогашниот македонски претседател Киро Глигоров. Бил прогласен и за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.

Почина на 16 април 1998 во Софија.
цитирай
2. bugarash - оште по темата
11.05.2007 14:16
Спартак - ’’МИХАИЛ СМАТРАКАЛЕВ (АНГЕЛ ЖАРОВ) ЗА ОСНОВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН КРУЖОК ВО СОФИЈА* 1938 г.’’

http://spartak.blog.com.mk/node/83034
цитирай
3. bugarash - и
11.05.2007 14:18
http://pela.blog.bg/viewpost.php?id=66655
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 1344180
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1972
Архив