Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Постинг
10.06.2007 11:48 - ПРЕДАНИЈА ЗА СТАРИОТ ТИКВЕШ
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 3139 Коментари: 4 Гласове:
0



ЈОРДАН АТАНАСОВ              

12 февруари 1974 година

Град или село со име Тиквеш нема. Со тоа име се нарекуваат Кавадаречка и Неготинска околија, сместени по двата брега на реката Вардар, Црна и Бошава. Пред војните населението се состоеше од Бугари и Помаци. Помаците, Бугари потурчени пред повеќе од триста, зборуваа бугарски не само во чаршијата туку и во државните институции. Други народности немаше. Населението се занимаваше со земјоделство, лозарство и со одгледување афион. Печалбарството тука беше непознато. Во Преродбата Тиквешани земаа активно учество. Во с. Ваташа, предградие на Кавадарци, даскалот Камче, потпомогнат од дојранчанецот архимандрит Теодосиј, ја отвори првата бугарска печатница. Од Неготино беше очекуваниот заменик на Гоце Делчев, Александар Станоев. Во Кавадарци Даме Груев ја основа првата револуционерна организација, а Гоце Делчев дење ја обиколи чаршијата со каца на грбот. Меѓу првите другари на Сандански и Чернопеев беа тиквешките војводи Добри Даскалов, Пешо Самарџиев и Мишо Шкартов. Ваташкиот учител Тодор Поп Антов на Рилскиот конгрес беше избран за член на ЦК на ВМОРО заедно со Даме Груев и Пере Тошев.

Уште од детски години ме интересираше прашањето за потеклото на името на мојот роден крај Тивеш. Одговорот го  најдов во едно предание, кое во разговорот со група момчиња ни го раскажа стариот учител Пане Иванов. Чичко Пане беше слаткоречив, почитуван од сите нас како истакнат патриот, учесник во револуционерното движење, осудуван и заедно со други Тиквешани испраќан на заточение во Мала Азија. Еве го преданието кое, иако го слушнав пред повеќе од 60 години, се уште добро го паметам :

Градот Тиквеш постоел уште пред Турците да ја завладеат Бугарија. Тој се наоѓал на десниот брег на реката Црна, помеѓу селата Брушани, Ресава, Добротино и Шешково. По неговото освојување од страна на Турците, градот бил разурнат и опустошен. Името Тиквеш им го оставил на сегашните две околии - Кавадаречка и Неготинска.

Западно од стариот Тиквеш и јужно од с. Брушани, на самиот десен брег на реката Црна, се издигала една тврдина која служела за заштита на градот од надворешните напаѓачи. Тврдината била поврзана со канал за вода, кој минувал под коритото на реката и излегувал на спротивниот брег, каде на една височинка, наречена Спирови ореви, извирала вода. Таа вода преку каналот одела до тврдината и на жителите на стариот Тиквеш им служела за пиење.

При напаѓање на Тврдината турските освојувачи наишле на голем отпор. Нивните напади еден по еден биле одбивани со невиден хероизам и самопожртвување. Не се знае како, дали преку предавство или случајно, Турците го откриле местото од каде што извираводата за каналот и ја сопреле. Жедта почнала да ги истоштува бранителите на тврдината. Некои од нив загинали во борбата, а другите изумреле од истоштеност. Последните преживеани борци, пред да умрат, закачиле високо еден тапан, кој го наместиле така што напаѓачите не можеле да го видат, а при ветер тој испуштал гласни звуци. Тој звук долго време ги плашел Турците, тие мислеле дека внатре нешто се случува. Дури откако биле сигурни дека одбраната е сосема скршена, тие решиле да се искачат не едно повисико место, кое се наоѓа во насока кон с. Бегништа. Тоа место сега се вика ’’Преземица’’ т.е. место од каде што се освојувало. Кога напаѓачите навлегле во тврдината, биле дочекани од страшна слика на трупови на луѓе и оружје расфрлано покрај нив. Звукот што го испуштал високо закачениот тапан сега подсетувал на глуво офкање, кое ја огласува трагедијата на херојски паднатиот Тиквеш.

Преданието вели дека тиквешката тврдина паднала последна во рацете на турските освојувачи. Ако судиме според некои историски податоци, тоа се случило некаде околу 1371 година, или малку подоцна, кога Лала Шахин Паша со своите спахии тргнал да ја освојува Ќустендилската држава, во која бил вклучен и тиквешкиот крај. Константин не излегол да се бори против многубројната војска на пашата, туку за да ја сочува државата од уништување, клучевите од тврдината и градовите му ги предал на пашата. Старите Тиквешани не го направиле тоа. Со тапанот тие и по смртта го плашеле непријателот.

*  *  *

Другото предание се однесува на еден херојски чин на девојки од с. Галиште, Тиквешко.Ми го раскажаа едни селани од с. Шешково, каде што бев учител пред 25 години.

Јужно од с. Шешково и источно од с. Галиште се издига врвот Галичан. Горе на врвот е рамно, а источно од него наеднаш, како со нож исечена, се спушта надолу една вертикална карпа. Карпата е висока 80 или 100 метри.

Тука од таа карпа, подгонети од Турци, се фрлиле девојките од с. Галиште. Пред да го сторат тоа, за некоја од нив да не се пемисли, тие си ги врзале плетенките една за друга и заедно летнале во бездната.

Требало да ја спасат својата моминска чест и да дадат пример на едно возвишено херојство.

Долу под карпата овчарите се уште наоѓаат остатоци од ѓердани, обетки и прстени на необичните девојки.

И ова предание не кажува кога се слушило тоа.

Можеби се однесува на времето кога Тиквешките Бугари биле присилувани да го примат мухамеданството. За таа епоха во книгата ’’Бугари, Грци и Срби’’ Антон Страшимиров пишува :

’’ Од измачената и потурчувана Тиквешија во централна Македонија се одвојува голема група христијани, кои, веројатно, движејќи се по Морава... наоѓаат пустелии по Тимок и населуваат места што ги нарекуваат според имињата на своите напуштени огништа: Неготин, Раец, Тремник...’’

Тие две околности - девојки да се фрлаат од карпа за да ја зачуваат својата чест и голем дел од населението да бега за да го спаси својот живот, не само што ја сликаат ситуацијата во Тиквешко во тоа време, туку го објаснуваат и потурчувањето на тиквешките Помаци.

ЦДА, ф. 1887 к , оп.2 Необработен, оригинал. Ракопис;В. 1838-1938. Спомен лист по повод сто години од отварањето на првата бугарска печатница во Солун. Софија, 25 декември 1938, с.5.

Од книгата РЕВОЛУЦИОНЕРНИТЕ БОРБИ ВО ТИКВЕШИЈАТА - Спомени и материјали книга 2 издадена во Скопје 2001 година




Гласувай:
0



1. анонимен - МАКЕДОНЕЦ
12.08.2008 08:44
Мислам дека во приказната има многу невистини, зашто во Тиквешијата никогаш немало бугарчиња.
цитирай
2. анонимен - мамицето да ти го поебам бугарашко, ...
17.08.2008 05:01
мамицето да ти го поебам бугарашко, кога кавадарчани биле бугараши, знам само еден лазар чулев.
цитирай
3. анонимен - галиште
06.09.2009 16:42
Татароиду! што јадиш бурек, маме ти одродничко, кои "Бугари " од Тиквешијата ?!

...јас сум од Галиште и многу добро знам за што се бореле моите предци Македонци. од кого се се бранеле и кој се крвник ги јадел..

...особено бугарскиот крвник што недела има направено и во Галиште и низ Тиквешијата!

цитирай
4. bugarash - decki
18.10.2009 17:07
РЕВОЛУЦИОНЕРНИТЕ БОРБИ ВО ТИКВЕШИЈАТА - Спомени и материјали книга 2 издадена во Скопје 2001 година moze da se najde vo knizarnicite i vo skopje i vo sofija i e izdanie na drzavnite arhivi na makedonija i bugarija. toa sto na vas vi precat arhivite si e vas problem. a uste po zalno e sto knigi kako ovaa samo sobirat prasina po knizarnicite.

bugarash nl
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 2181960
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1975
Архив