Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Постинг
27.08.2007 11:45 - Мартовска спогодба
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 1394 Коментари: 0 Гласове:
0




НОВ на Југославија во поинакво светло image

27.08.2007

На 29 март 1943 година секретарот на ПК на КПЈ Исо Јовановиќ добил напатствие, потпишано од Тито, Ранковиќ и Сретен Жујовиќ, коешто гласи: “Драги Исо… не судирајте се со Германците и не превземајте никакви акции на железничките пруги. Најважна наша задача е да се уништат четниците на Дража Михајловиќ и да се разбие неговиот управен апарат, којшто претставува најголема опасност за натамошниот тек на Народно-ослободителната борба”

Владимир Дедиер и издавачкото претпријатие “Либурнија” од Риека, во соработка со “Младост” од Загреб, ги издадоа “Новите прилози за биографијата на Ј.Б.Тито” во 1981 година. Луксузно и се разбира, скапо издание.
Овие здодевни пензионерски денови ги минував разгледувајќи ги “Прилозите”. На 801 страница, наидов на интересно подзаглавие, “Мартовска спогодба”, коешто ми го задржа вниманието: “Во началото на септември 1942 година, Врховниот штаб на НОВ извршил размена на една група заробени германски офицери за затвореници-комунисти и заробени партизани, па така е воспоставен редовен контакт со германските претставители за размена и на други фронтови”. Но, веќе следната година, “… во Врховниот штаб е создадено уверување дека четниците ќе бидат главен фактор по претстојното истоварување на Сојузниците на Балканите, со цел да се сочува капиталистичкиот поредок и монархијата”.
Според една верзија, на 5 март 1943 година заробениот мајор Стрекер упатил писмо до ополномоштениот германски генерал во Хрватска Хорстенана, во коешто му предложил да продолжат разговорите меѓу Врховниот штаб и германските окупациони сили. Германците многу бргу одговориле на ова писмо и го упатиле до Врховниот штаб, којшто за преговарачи ги одредил Ѓилас, Владимир Велебит и Коча Поповиќ. Овие веднаш заминале во Загреб, каде што се одржале преговорите. Околу овие, наречени М а р т о в с к и п р е г о в о р и, суштествуваат крупни разногласија за мотивите, содржината и заклучоците. Но, Владимир Дедиер не дава објаснување за какви “разногласија” станува збор.
Има и друга верзија, таа на Велимир Терзиќ, генерал-полковник на ЈНА и воен историчар. Тој тврди: “Не Германците, туку самиот Тито ја дал иницијативата за преговори, кога добил извештај дека е заобиколен од германско-усташки и италијанско-четнички трупи”.
По војната, во Националниот архив во Вашингтон, Дедиер ги разгледувал запленетите германски архиви од Втората световна војна. Тогаш е најдена и една писмена забелешка од 11 март 1943 година, упатена до германската команда, во којашто стои дека освен размена на заробениците, командата на НОВ на Југославија смета дека:
a. “Во дадената состојба нема причина германската армија да води воени акции против НОВ на Југославија. Затоа, во интерес на двете страни би било непријателствата да престанат”.
б. “НОВ на Југославија ги смета четниците за главни непријатели”.
На 29 март 1943 година секретарот на ПК на КПЈ Исо Јовановиќ добил напатствие, потпишано од Тито, Ранковиќ и Сретен Жујовиќ, коешто гласи: “Драги Исо… не судирајте се со Германците и не превземајте никакви акции на железничките пруги.
Најважна наша задача е да се уништат четниците на Дража Михајловиќ и да се разбие неговиот управен апарат, којшто претставува најголема опасност за натамошниот тек на Народно-ослободителната борба.
С# друго ќе дознаете кога ќе се состанеме”.
И уште нешто. На 4 април 1943 година, Тито му кажал на Угљеша Даниловиќ: “Црногорските четници на Павле Ѓуришиќ се разоружени од Германците пред петтата непријателска офанзива”!!
Владимир Дедиер изнесувајќи ги на виделина овие настани наречени од него “Мартовска спогодба”, забележал:
“Необјавувањето на овој или оној документ не е ниту многу интелигентно, бидејќи сите германски документи од војната се на располагање на сите архиви во светот. И ако денес еден документ се забрани, што ќе правиме кога нас нема да н# има, кога не ќе можеме да забраниме одделни документи? Ќе излеземе смешни пред историјата... Здравиот разум наложува предност на историската вистина пред политичката… Нема историја без историски данни”.
И за крај, благодарение на Владимир Дедиер дознавме и друга вистина за НОБ на Југославија, за разлика од онаа што ни беше сервирана 40 години. Но ова сознание и не сакајќи отвора дилема:
Што е НОБ-
- Братоубиствена војна и борба за власт;
- Борба против Хитлеровата коалиција?

Мишко Синадинов

http://www.tribune.eu.com/articles/3653.html



Тагове:   Мартовска,


Гласувай:
0



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 2194827
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1975
Архив