Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Постинг
04.09.2007 12:46 - Бугарскиот суд пак не ја регистрира ОМО
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 2475 Коментари: 5 Гласове:
0

Последна промяна: 10.09.2007 11:38


И ПОКРАЈ ПРЕПОРАКИТЕ ОД СТРАЗБУР

Анонимни извори велат дека софискиот суд овој пат негативната одлука ја донесол зошто не бил уверен оти на основачкото собрание на партијата навистина имало 600 присутни

image

Софискиот суд повторно не ја регистрирала политичката партија ОМО „Илинден“-ПИРИН, дознава „Дневник“ од неофицијални извори во Софија и во Скопје. Одлуката на Судот се" уште не е јавно соопштена, но за неа веќе дознале челниците на партијата. Дознаваме дека Судот овој пат донесол негативно решение затоа што не бил уверен оти навистина на основачкото собрание на партијата се собрале 600 луѓе, како што е предвидено со законот.

Случајот со ОМО „Илинден“-ПИРИН, партијата на Македонците во Бугарија, според дипломати во Стразбур, почна да се движи во позитивна насока по специјалниот состанок на Комитетот на министрите на 5 и на 6 јуни годинава. На тој состанок се вршеше супервизија на спроведувањето на одлуките на Судот за човекови права. Еден од случаите беше и тој со нерегистрирањето на партијата ОМО „Илинден“-ПИРИН. Советот на Европа тогаш зазеде став да ја следи ситуацијата со процесот на регистрација на ОМО и затоа Секретаријатот на СЕ и бугарската влада почнаа заеднички да бараат решение за проблемите. Дипломати за „Дневник“ повеќепати истакнуваа дека Судот сигурно ќе донесе позитивно решение велејќи дека ОМО има цврсти аргументи за успешно да го заокружи целиот процес. Од друга страна, со таквото судско решение Бугарија ќе го решеше и проблемот со мониторингот што го воспостави Стразбур во врска со овој повеќегодишен горлив проблем.

- Се собраа повеќе од 6.000 потписи, на основачкото собрание присуствуваа повеќе од 600 луѓе, но судот повторно реши да не издаде регистрација. Ова е намерно направено за да се спречат „омовци“ да учествуваат на локалните избори закажани за 28 октомври, зашто рокот за регистрација е 12 септември - истакнуваат нашите извори, кои бараа анонимност.

ОМО „Илинден“-ПИРИН беше регистрирана како партија во 1999 година, но потоа бугарските власти ја укинаа. Пропаднаа неколку обиди за повторна регистрација, а Стразбур од 2001 година во неколку пресуди истакна дека на членовите на ОМО и на Македонците им се прекршени правата на слобода на здружување. Откако на 14 февруари годинава бугарскиот Касационен суд донесе конечна пресуда партијата ОМО да не ја регистрира, Стразбур реши да го следи случајот. Пораката е дека со паричната казна одредена од Судот за човекови права целиот случај не е завршен.

Политички посматрачи во Скопје проценуваат дека по жалбената постапка бугарскиот суд ќе донесе позитивна одлука, односно ќе издаде регистрација за ОМО „Илинден“-ПИРИН, но тоа ќе биде во октомври, што значи дека тие нема да се кандидираат на локалните избори, за на кои очекуваа да освојат неколку градоначалнички места.

Христо Ивановски

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=61B9569829C0EC45905F7202E8BE8807

Бугарија повторно не ја регистрира ОМО Илинден Пирин
   
image
image
04.09.2007
image
 
 
 

Бугарските власти го прекршија договорот постигнат во јуни меѓу Судот за човекови права во Стразбур и претставници на Владата во Софија, да се регистрира ОМО Илинден Пирин.

Со образложение дека партијата немала 600 членови на основачкото собрание, Софискиот градски суд повторно го одби барањето на ОМО да се регистрира партијата којашто формално беше укината во 2000 година поради антидржавни активности.

Иако по сесијата на Комитетот на министри одржана на 5 и 6 јуни, Секретаријатот на Судот за човекови права практично и наложи на Софија да ја регистрира партијата, судот во Софија го отфрли барањето за регистрација и ја исфрли од трката за градоначалници на октомвриските локални избори.

„Пресудата можам да ја окарактеризирам како најголемиот правен апсурд што се случил досега за овие 17 години. Судот не истакнал никакви правни аргументи, практично нема ниту еден доказ“, рече Стојко Стојков, ОМО Илинден Пирин.

„Се што е внатре наведено се шпекулации, директни лаги и работи што на судот не му се работа. На пример, еден од аргументите е дека во Бугарија немало македонски етнос. И тоа е аргумент за да биде одбиена регистрацијата“, додаде Стојков.

image
Стојко Стојков
 
 

Според извори во Стразбур, официјални бугарски претставници веќе изразиле жалење до Судот за човекови права за одлуката на бугарските судови, изразувајќи надеж дека Врховниот суд ќе одговори позитивно по жалбата на ОМО Илинден Пирин.

Според дипломатски извори, Бугарија ќе мора да ја регистрира партијата, но намерата била во оваа фаза со одлуката на Софискиот суд да се купи време и да се оневозможи ОМО Илинден Пирин да учествува на локални избори закажани за 28 октомври.

Рокот за пријавување на партиите на изборите истекува на 12 септември, до кога сигурно Врховниот суд на Бугарија нема да расправа за ОМО Илинден Пирин.

http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=83478

ОМО ИЛИНДЕН НЕ Е РЕГИСТРИРАН
За софискиот суд во Бугарија нема македонски етнос

Окружниот софиски суд повторно го одби барањето за регистрација на политичката партија ОМО Илинден Пирин, со што партијата го губи правото да учествува на локалните избори во Бугарија закажани за октомври. Лидерот на партијата Стојко Стојков вели дека одлуката официјално се уште не ја добил, меѓутоа е информиран за неа. Тој смета дека решението не е стигнато до него бидејќи се тактизира со време, иако одлуката е експресно донесена на 23 август, само два дена по нејзиното поднесување. - Во образложението се наведени аргументи што не соодветствуваат со Уставот и законите. Во него се вели дека Судот не верува или се сомнева дека на основачкото собрание присуствувале 685 лица, како и тоа дека во Бугарија не постои македонски етнос - вели Стојков, кој за ова ги информирал надлежните во Стразбур. Тој објаснува дека во образложението стои дека нивните цели не се политички и дека ОМО Илинден може да се регистрира само како здружение. - По оваа негативна одлука на Окружниот суд во Софија, кој е единствено надлежен за регистрација на политички партии, не можеме да стигнеме да влеземе во трката за советници и градоначалници на октомвриските локални избори во Бугарија - вели Стојков. Во 1999 година ОМО Илинден Пирин беше регистрирана како политичка партија и во октомври истата година на локалните избори победи во две селски општини во Гоце Делчев. Подоцна, со одлука на Уставниот суд на Бугарија, партијата беше прогласена за противуставна и &“38; беше забрането учество на избори. Во јуни 2006 година партијата повторно е обновена, но судот во Софија одбива да ја регистрира, иако од организацијата ги собраа потребните 5.000 потписи. Бугарскиот суд подолго време ги игнорираше препораките на Комитетот на министрите на Советот на Европа за регистрација на партијата. На 15 јули годинава во областа Папаз Чаир во близината на бугарскиот град Гоце Делчев беше одржано основачко собрание на партијата ОМО Илинден Пирин на кое присуствуваа 685 лица. Партијата има пет претседатели со еднакви ингеренции - Иван Сингартијски, Стојко Стојков, Стојан Георгиев, Ангел Безев и Ботјо Тиков, и Централен совет од 27 члена, во кој влегуваат и петте претседатели.

Е. С. И.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=1&EditionID=1195&ArticleID=76933

СТОЈКО СТОЈКОВ ЗА НЕРЕГИСТРИРАЊЕТО НАОМО

Бугарскиот суд не признава Македонци

Првиот аргумент на Судот за одбивање на барањето е скандалозно - иако е ненадлежен, се изјасни дека не постои македонски етнос, вели Стојко Стојков

image

Софискиот Касационен суд го одби барањето на ОМО „Илинден“-ПИРИН да ја регистрира како политичка партија, потврди вчера за „Дневник“, Стојко Стојков, еден од копретседателите на организацијата. - Точна е веста дека софискиот суд го одбил нашето барање за регистрација како политичка партија. Судот дури не ни го испрати решението, туку ние по наши канали дознавме дека одлуката била донесена - ијави Стојков.

Претставник на организација го подигнал решението, кое било донесено по само два дена откако била одржана расправата. Стојков вели дека Судот истакнува неколку аргументи зошто го одбил барањето за регистрација.

- Првиот аргумент на Судот е дека во Бугарија не постои македонски етнос и македонско национално малцинство. Ова е скандалозно тврдење бидејќи Судот се впушта во просудување на тоа дали има или нема национално малцинство, а познато е дека тоа е интимно право на секој граѓанин. Впрочем, и пописните резултати покажаа дека во Бугарија има луѓе што се изјаснуваат како Македонци. Тоа е очигледна дискриминација, која ја прави од Судот - истакнува Стојков. Софискиот суд го прифатил и тврдењето на Обвинителството дека целите на партијата ОМО „Илинден“-ПИРИН повеќе и" прилегаат на невладина организација отколку на партија.

Тој за „скандалозен“ го оцени ставот на Судот дека не верува оти во рок од 15 дена било можно да се одржи основачко собрание на партијата, на кое се собрале 685 луѓе.

- Не ми е јасно како Судот може да даде ваква аргументација кога информацијата за одржаното собрание била објавена во повеќе медиуми и кога постојат телевизиски снимки од кои јасно се гледа колку луѓе присуствувале на Собранието - вели тој.

Раководството на ОМО веќе упатило жалба до бугарскиот Врховен суд, а за сево ова е информиран и Советот на Европа.

Првата последица од одлуката на Судот е што партијата нема да може да учествува на локалните избори, бидејќи сега треба да се чека одлуката по жалба поради што ќе ги загубат роковите за кандидирање на изборните листи.

Се очекува Врховниот суд на Бугарија да се изјасни во почетокот на наредниот месец.

Христо Ивановски

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=26E7BFA8D684394892F772B1233220E5

Македонците надвор од трката за градоначалници во Бугарија

Софискиот градски суд повторно одби да ја регистрира партијата на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Целта на одлуката, според претседателот на партијата Стојко Стојков, е да се оневозможи учество на партијата околу која гравитира непризнатото македонското малцинство во Бугарија на октомвриските локални избори.

Образложението на софискиот суд и овој пат било дека оваа партија нема услови да биде регистрирана како политички субјект, бидејќи на основачкото собрание немала 600 члена. Со тоа, бугарските власти одново го „заобиколија“ договорот што беше постигнат во јуни во Стразбур помеѓу Судот за човекови права и претставници на Владата во Софија. Комитетот на министри на Советот на Европа во јуни и" препорача на Бугарија во најкус рок да ја регистрира партијата која беше укината во 2000 година поради наводни антидржавни активности

Сосема јасно е дека целта била ОМО „Илинден“ – ПИРИН да биде исфрлена од локалните избори за кои рокот за пријавување е 12 септември. Со оглед на тајмингот на произнесувањето на судот, јасно е дека локалните припадниците на македонското малцинство ќе останат без можност да гласаат за свои кандидати. „Пресудата можам да ја окарактеризирам како најголем правен апсурд што се случил досега за изминатите 17 години. Судот не истакнал никакви правни аргументи, практично нема ниту еден доказ“, изјави за македонските медиуми Стојко Стојков, прв човек на ОМО „Илинден“ - ПИРИН. „Се" што е внатре наведено се шпекулации, директни лаги и работи што не му се работа на судот. Еден од аргументите е дека во Бугарија немало македонски етнос. И тоа е аргумент за да биде одбиена регистрацијата“, додаде Стојков. (Н.Р.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8973A9A9D146E849A2FEF24F70CA13A5

Софиска Јустиција

image

Софискиот суд повторно го одби барањето на ОМО „Илинден“-ПИРИН да ја регистрира како политичка партија. Тоа значи дека партијата, која ја сметаат за партија барем во Европската Унија, а е и членка на Европската слободна алијанса (ЕФА), нема да може да учествува во политичката борба за власт во Бугарија. Нема да учествува барем на следните локални избори закажани за 28 октомври.

Софискиот суд и" ги одврза очите на Јустиција, па таа донесе пристрасно решение за барањето на ОМО. Најчудно е што токму Судот како аргумент го зел „фактот“ што во Бугарија нема македонски етнос или некакво македонско малцинство. Во случајов не станува збор за попис, туку за регистрација на партија, која ги поминала сите законски процедури, кои дури се и драстични. На пример, за да се регистрира партија во Бугарија сега се потребни 5.000 верификувани потписи. Омовци собраа повеќе од 6.000, но тоа беше само повод државата да преземе полициска акција и да ги повика на распит сите тие потписници на партијата која, меѓу другите, ќе ги претставува и Македонците во Бугарија.

Белата книга за овој полициски терор веќе се чита во Советот на Европа во Стразбур. Токму од тие причини, Комитетот на министрите на СЕ во почетокот на летото реши да го засили мониторингот во Бугарија и со софиските власти да најде решение за случајот со регистрацијата на ОМО „Илинден“-ПИРИН. Но, како да се коментира аргументот што го истакнува Софискиот суд дека не е уверен оти на новото основачко собрание на партијата немало повеќе од 600 лица?! Ова не само што е краен цинизам и лицемерство (биле 599?!) туку е перверзно поигрување со демократските принципи на Стразбур, на она што е темел на европската куќа. А, Бугарија одамна не е „балкански пациент“, туку е рамноправна членка на ЕУ.

Веруваме дека Стразбур нема да го бендиса овој софиски рецепт за играње со законите, а самата Европа ќе се стави во стапицата на употреба на двојни стандарди. ОМО нема да има можност да учествува на овие избори, но уверени сме дека наскоро ќе биде регистрирана како партија, а не како невладина организација, како што милуваат некои центри во Софија.

Христо Ивановски

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D8C112FEA6E0B54C8B0A29BD38292EC7

image
ОМО Илинден ја обжали одлуката за нерегистрирање на партијата



Скопје, 6 септември МИМ - Откако во петокот партијата на Македонците се жалеше против одлуката со која беше одбиено барањето за регистрација, софискиот градски суд веќе шести ден ја чува жалбата на „ОМО Илинден Пирин” во фиока и не ја доставува на бугарскиот Врховен суд, кој треба да одлучува по неа.
Бугарските судови под притисок на Судот за човекови права во Стразбур, кој и наложи на Бугарија да ја регистрира партијата, имаат нова тактика. Одлуките ги донесуваат со голем брзина, но доцнат со доставувањето.



„Единствената причина е политичко влијание, за да не можеме ние да учествуваме на локалните избори, очигледно некој многу се плаши од нашето учество и се прави маневра за да може регистрацијата да се случи после изборите, но ние сме сигурни дека ќе се регистрираме порано или подоцна, бидејќи согласно последната одлука на Комитетот на министри, Секретаријатот на комитетот во Стразбур е задолжен да ги истражи сите патишта кои ни стојат на располагање за што побрза регистрација на партијата”, изјави Стојко Стојков
Со ваквата политика на Бугарските судови, според кои аргумент за одбивање на регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин”, е тврдењето дека во оваа земја нема македонски етнос, се поизвесно е дека партијата нема да учествува на локалните избори, на кои партијата се надеваше на неколку градоначалнички места.
За разлика од сите претходни избори кога голем број бугарски партии нуделе соработка на локално ниво, под услов таа да остане тајна, пред овие избори „ОМО Илинден Пирин” се уште нема добиено понуди за неформални коалиции пред се поради стравот дека било каква соработка со промакедонската пратија може да наштети на имиџот на бугарските партии. 
http://www.maticanaiselenici.com/?page=read_news&id=2113&PHPSESSID=83f243efbc6726cfb33318da3949973e

 
ЕФА ја критикува Бугарија за ОМО Илинден Пирин
 
 

image
 
 
 

Европските институции да го осудат угнетувањето на македонското малцинство во Бугарија. Ова е барањето на Европската слободна алијанса, влијателна партија во Европскиот парламент, упатено до Советот на Европа, Европската комисија, но и до бугарскиот Претседател.

Угнетувањето на македонското малцинство е спонзорирано од државата и со поддршка од сите нејзини институции, констатира партијата.

Најнов акт на антидемократијата кон Македонците во Бугарија е неодамнешната одлука на Бугарскиот суд, повторно да не ја регистрира партијата „ОМО Илинден Пирин“, што е спротивно на одлуката на Европскиот суд во Стразбур.

Поради ова, Европската слободна алијанса во писмото потпишано од нејзиниот потпретседател и европратеник Гинтер Даун, бара од Советот на Европа да издејствува примена на одлуката на Европскиот суд за човекови права за итна регистрација на „ОМО Илинден Пирин“.

Меѓународната заедница да ја осуди поддршката од државата на актот на угнетување, а бугарските власти неодложно да го признаат бројното македонско малцинство.

И покрај договорот со Судот за човекови права постигнат во јуни, бугарските власти пред само неколку дена истиот го прекршија, со тоа што Софискиот суд ја одби регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“.

Образложението е дека на основачкото собрание немало 600 делегати, но и клучниот аргумент дека во Бугарија нема македонски етнос.

Со ваквата одлука пропаѓа обидот на партијата со свои кандидати да излезе на октомвриските локални избори.

http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=83624



Тагове:   ОМО,


Гласувай:
0



1. karavelov - Амиииии така е!:))) (х)ОМО няма да ...
04.09.2007 14:47
Амиииии така е!:))) (х)ОМО няма да бъде регистрирано!
цитирай
2. georgiev - Т. нар. ОМО-Илинден се състои от ...
04.09.2007 20:41
Т.нар. ОМО-Илинден се състои от няколко човека, които хулят и обиждат Родината си България, фалшифицират българската история и говорят за някаква "нация" и "малцинство", които никога не са съществували. И децата знаят, че България се състои от три географски области - Мизия, Тракия и Македония. На всички е известно, че българската нация се състои от мизийски, тракийски и македонски българи. Всичко останало са най-елементарни лъжи.
цитирай
3. анонимен - georgiev
06.09.2007 16:44
Бугарија се состои од татари, кумани и останата багра. Не мешај области со народи.
цитирай
4. анонимен - georgiev
06.09.2007 17:16
Бугарија се состои од татари, кумани и останата багра. Не мешај области со народи.
цитирай
5. georgiev - България се състои от три геогра...
08.09.2007 09:39
България се състои от три географски области - Мизия, Тракия и Македония. А българската нация се състои от мизийски, тракийски и македонски българи. Този факт е известен на абсолютно всички. Доколкото знам това се учи в началното училище.
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 2185419
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1975
Архив