Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Август, 2017  
ПВСЧПСН
123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
Постинг
13.09.2007 19:08 - Македонија Швајцарија на Балканот
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 3241 Коментари: 1 Гласове:
0



Иван Михајлов


ВТОРА ГЛАВА

МАКЕДОНИЈА - ВАЖНОСТ НА НЕЈЗИНАТА МЕСТОПОЛОЖБА. СТОПАНСКИ ПОТЕНЦИЈАЛИ. НАСЕЛЕНИЕ

Македонија е географски центар на Балканот. Околу неа се наоѓаат Србија, Грција, Бугарија и Албанија.

Реката Вардар ја пресекува Македонија од север кон југ на две еднакви половини. Оној што ќе ја има долината на оваа река, од изворот до утоката и кај градот Солун, тој фактички ќе го поседува најважниот дел од Балканот.

Јужната македонска граница е Егејското море и реката Бистрица; западната поминува покрај Охридското Езеро и по врвовите на граничните со Албанија планини Кораб и Пинд; на север Македонија граничи со планините Шар, Осогово и Рила, а на исток со Родопските планини и со реката Места (Кара-Су).

Доволно е само да се погледне картата за да се сфати зошто сите најбитни балкански проблеми се поврзани со Македонија.

Уште од најдлабока древност низ Македонија поминуваат патишта, што биле од големо значење за соседните и за подалечните земји; тие патишта водат кон Дунав, Цариград, Егејското море и кон Јадранот.

Најблиската врска на целиот Балкан со земјите околу источното Средоземно море е преку Македонија и нејзиното големо пристаниште Солун.

Во последно време сe поголемо значење добиваат, за земјите од источна и за дел од земјите од централна Енропа, двата патни правци што излегуваат кај Солун и Кавала, по долините на македонските реки Вардар и Струма. За Романија, Полонија (Полска), Западна Украина, Бугарија и Србија овие патни правци имаат такво значење какво што, на пример, има Сент-Готарскиот пат преку Швајцарија за германските области и за Италија или пак какво што има Трст за Австрија, Унгарија, Словенија, Чехија (Чешка), Словакија (Словачка) и Кроација (Хрватска). Солун и Кавала ќе ја вршат својата, важна за многу земји, трговско-економска улога најдобро, се разбира, само тогаш кога нивниот голем хинтерланд - Македонија, чиј неотуѓив дел се тие, стане спокојна земја, во којашто ќе владее просперитет во услови на слобода и правда. Сент-Готарската линија й служи на големата трговска размена помеѓу Германија и Италија, поткрепена од политичката ситуација во Швајцарија. По 1913 година Солун и Кавала се откинати од својот хинтерланд и се притиснати како со клешти.

Значењето на Македонија, со нејзините пристаништа, уште повеќе ќе порасне кога ќе се оствари одамна споменуваниот план за претворање на Морава и Вардар во пловидбени реки за мали пловни објекти, како и изградбата на потребните мостови на реката Дунав.

Во таков случај, размената на стоки помеѓу централна и источна Европа од една страна, и балканските земји и земјите на Блискиот Исток од друга страна, ќе се олесни до максимум; за голем дел од европскиот континент ќе се обезбедат најкратки трговски патишта кон Суецкиот канал.

Јасно е дека Македонија претставува извонредна трговска база за голем дел од Европа, североисточна Африка и предна Азија Солун, најважното пристаниште во југоисточна Европа, може да ги стигне, па дури и да ги надмине големите трговски пристаништа во западното Средоземноморје - Ѓенова и Марсеј.

Најморската земја на Балканот е Грција. Но за неа морето, од трговска гледна точка, има само ограничено, еднострано значење. Од морето, како рибари, морнари и трговци обезбедуваат егзистенција ограничен број Грци. Сосем спротивен е случајот со Македонија. Нејзиниот морски брег, како што веќе посочивме, е од особена важност за десетици милиони луѓе, голем дел од коишто се од други нации.

Но важноста на македонското крајбрежје е не помала од таа на грчкото и од стратегиска гледна точка, особено ако се има предвид модернизацијата на морското војување и близината на Македонија до Дарданелите и Суецкиот канал. Една флота од подморници која би тргнала од македонските води, би можела да га блокира Цариград од југ и истовремено да го загрози пристапот кон Суецкиот канал. За инвазиа, пак, од Средоземното море кон Дунав, Македонија има поголемо стратегиско значење, бидејќи нејзините брегови се наоѓаат поблизу до Дунав отколку грчките. Првата светска војна, со познатиот Солунски фронт, го докажа тоа за последен пат.

Сосем јасно е зошто во Македоиија се конфронтираат аспирациите на четирите балкански држави - Бугарија, Грција, Србија и Албанија. Таму одамна се крстосуваат сенките од мечовите на Англија и Русија. Познати се аспирациите и на други големи сили, пак поради истата причина. Во наше време светската јавност е сведок на отворен судир меѓу руската и англо-саксонската политика во врска со Македонија.

Македонија како комуникациски крстопат, како мошне битна за трговската размена земја и како стратегиски објект, се јавува на Балканот со поистакната по значење улога, отколку Швајцарија во Западна Европа; со еден збор, таа претставува поопасно "јаболко на раздорот".

Споровите околу поврзаните со неа прашања имаат голема сличност со интересите и недоразбирањата што во минатото постоеле во врска со Швајцарија. За нивното најправилно разрешување мора да се прибегне кон мерката што била применета во Западна Европа - создавање независна македонска држава по образец на Швајцарија.

***

Во наведените погоре граници, Македонија не се разликува многу по територија од државата на Филип Втори, таткото на Александар Велики. И самото месно население, и соседните народи ја означуваат оваа област со името Македонија, знаејќи, притоа, точно кои региони спаѓаат во географските и во традиционалните нејзини граници. Тоа ни го посочуваат и голем број странски научници[3].

Уште од најстаро време Македонија стопански е ориентирана кон југ, кон морето, на каде што течат сите македонски реки и се свртени погледите на сите нејзини жители. Особено лошо е што таа земја е принудена трговски да се ориентира кон север, кон Србија, па преку Дунав да добива стоки од Европа и да ги извезува своите производи. Границите што произволно ги нацртаа врз нејзината снага во 1913 година и кои беа одново потврдени вр 1918 година, од економска гледна точка претставуваат огромна несреќа за македонското население. Покрај другите зла, овие граници доведоа до пропаѓањето и на Солун.

Стопанскиот живот на Македонија ги носи трагите што се присутни и во соседните балкански земји. Се разбира, во некои области дел од тие земји, во текот на последните педесет години, постигнаа значаен напредок и ја испреварија Македонија со својот економски развој, затоа што тие живееја на спобода, а Македонија стенка под ропство. Но други соседи, како што е, на пример, Албанија, останаа далеку зад неа со развојот на своето стопанство и со целата своја материјална култура.

По својата претприемчивост, меѓутоа, и воопшто по своите способности, според сведочењето и на бројни странски истражувачи, македонското население ги надминува соседните народи. Како работници Македонците се извонредни; како трговци тие се енергични, чесни и внимателни. Селското население е мошне работливо. Во слобода. будните и надарени со иницијатива жители на Македонија ќе постигнат големи успеси. За жал, поради неслободата нивната татковина се уште е необновена, без современа патна мрежа, без удобни и чисти домови, без машини.

Што се однесува до комуникациите, тие не се сосем лоши, така што ниту едно подрачје во земјата не е тотално изолирано поради отсуство на пат. Сите градови се поврзани со патишта кои, за балкански услови, можат да се сметаат за сосем пристојни. Ако се изгради уште две-три илјади километри патна мрежа, потребите на земјата ќе бидат скоро задоволени. Што се однесува, пак, до железницата, потребно е да се изградат барем уште четири до пет железнички пруги кои ќе ја крстосуваат земјата од едниот до другиот крај. Сево ова, се разбира, може лесно да се постигне, ако политичката ситуација не го попречува тоа, и ако досегашната несигурна атмосфера престане да постои. Авто-сообраќајот и во вакви услови добро функционира, макар што и тој трпи поради вештачките граници. Нема сомнение дека евентуалната независна македонска држааа ќе има сопствена трговска флота, со шго ќе бидат олеснети трговските врски на целиот Балкан со останатиот свет.

Ако се направи бегла споредба со Швајцарија, потребно е да се истакне дека изградбата на патиштата и железница во Македонија ќе биди поедноставна и поевтина, бидејќи нема да бидат потребни толку мостови, кривини и тунели, кои, притоа да се пробиваат низ карпи, како што е тоа случај со Швајцарија.

Најверојатно ќе се покаже дека Македонија е најбогата на Балканот со руда. Нејзините подземни богатства до ден-денес остануваат скоро неоткриени. Меѓутоа, при една поволна ситуација за спокојна истражувачка дејност, со привлекување на странски капитал при поволни услови, многу богатства ќе се извадат од утробата на македонската земја и ќе помогнат за нејзиното целосно економско преуредување, ќе создадат индустрија, ќе го променат сиромашкиот живот на народот.

Меѓу повеќето руди, постојат наоѓалишта на бакар, хром, олово, цинк, никел, магнезиум и железо. Сребро и злато досега е откриено во мали количини. Постојат изгледи во иднина да се добива во поголеми количини јаглен. На некои локалитети ќе се копа и убав мермер.

Значајно богатство претставува и водната енергија која штедро ќе ја помогне индустријализацијата. Се разбира, дека Македонија нема да мечтае за тешка индустрија, туку ќе се задоволи со таква, којашто е во непосредна врска со производите на нејзината земја, какво што е, на пример, производството на тутун, памук, волна, опиум, маслодајни растенија и др. Би можело, без посебни напори, да се развие лесната текстилна индустрија, чиишто основи се поставени уште во времето на турското владеење; и за други индустриски гранки суровини ќе се обезбедуваат на самото место. Електрификацијата ќе се реализира без посебни тешкотии.

***

Климата и почвата на Македонија се мошне поволни. Специјалистите потврдуваат дека нема друга земја во јужниот дел на Европа, почнувајќи од Франција па се до Кавказ, која да нуди толку разнообразни производи, колку Македонија. Таму земјата раѓа висококвалитетни житарици; разни индустриски растенија -тутун којшто е најквалитетен на Балканот и познат во светот; опиум, анасон, сусам, памук; се раѓаат во изобилство разни плодови; компири, пченка, се одгледува свилена буба, ориз.

На некои места двапати се жние во текот на годината. При современо обработување на земјата, нејзината плодност минимум двојно ќе се зголеми. Особено ако се применува пообилно наводнување и употреба на вештачки ѓубрива. Во производството на тутун, ориз и памук, коешто може значително да се зголеми, мора да се спроведат соодветни реформи. Овоштарството може да има блескава иднина.

Постои уште многу необработена земја којашто при модернизација на земјоделството, треба да биде вклучена во основниот план. Можат да се создадат повеќе гори од овие со коишто сега земјата располага. Досега обработувањето на земјата се правеше на многу примитивни начини. Во Македонија луѓето доскоро не знаеја што е тоа плуг и ораа со старото дрвено рало коешто, најверојатно, било во употреба илјада години. Ако разумно се обработува, македонската земја може да исхрани шест до седум милиони луѓе, наместо досегашните помалку од три милиони.

Сточарството ги има сите услови за побрз развој. Засега најразвиено е овчарството; но и тоа може да се зголеми и модернизира така што да се изнесува во странство многу повеќе сирење, но и масло. Би требало да се оствари и значаен извоз на конзервирано месо.

Во македонските езера и денес има доволни количини риба, каква што има, се разбира, многу повеќе во крајбрежните води на Егејското море. Значи, Македонија може да има и развиено рибарство.

Македонија е богата и со минерални води околу коишто може, како за потребите на месното население, така и за странски гости, да се изградат летувалишта и центри за одмор и рекреација. Покрај Далмација, Македонија е другата балканска земја, којашто може да им понуди на туристите вистински убавини, пред сe планински. Пирин, Рила, Шар, Кораб, Кожув, Беласица и други планини обилуваат со прекрасни места, но засега сe уште им недостасуваат добри патишта и планинарски домови. Кај источната граница на Македонија, во Доспатските планини, постојат услови, на вештачки начин и без многу средства, на некои места да се направат езера, за коишто се заинтересирани и странски инвеститори. Покрај морскиот брег на земјата можат да се изградат автопаташта. Во Македонија се наоѓаат најубааите езера на Балканот; притоа, две од нив се големи приближно колку што е големо Женевското езеро. Кога би била слободна, Македонија, секако, ќе привлече голем број љубители на природата - или во своите планини, или покрај своите езера и медитеранскиот брег, кај Солун и Света Гора.

И на друго место загатнавме, дека при политичка слобода во Македонија ќе се развие голема трговија по копно и по море. Таа би можела да експортира во други земји: разни житарици, кожа, волна, сирење, масло, месо, плодови, зеленчуци, памук, кожурци од свилена буба, афион, тутун, ориз. Голем дел од овие производи Македонија експортирала уште во времето на турското владеење. Уште одамна се одржуваат трговски врски со прекуморски земји, со Виена, Лајпциг, Венеција, Рагуза, Цариград, Смирна. Се разбира, дека старата македонска трговија ќе биде сосем безначајна во однос на трговијата во слободната македонска држава.

***

И тука да направиме споредба со Швајцарија.

Збор не може да стане за споредба во областа на индустријата, бидејќи во Швајцарија таа е силно развиена, а во Македонија е на својот почеток. Притоа, мора да се истакне дека Македонија никогаш нема да има потреба од силно развиена индустрија, бидејќи народот ќе го заработува својот леб не преку неа, туку, пред сe, преку обработувањето на земјата. Надвор од областа на индустријата, Швајцарија во многу работи е посиромашна од Македонија. Нејзината клима е посурова, а македонската - поумерена. Швајцарија е затворена во планините, а Македонија е отворена кон Средоземното море. Швајцарија е целосно зависна за својата индустрија од камениот јаглен што самата го нема, туку го набавува од други земји, додека Македонија за ништо не е така економски зависна од странство. Тоа што Швајцарија го заработува поради тоа што низ неа поминуваат трговските патишта за соседните земји, Македонија ќе го заработи во поголем обем преку своите сувоземни, речни и морски патишта. Во моментот Швајцарија има поразвиено сточарство, но и Македонија ги има сите услови да дојде до тоа ниво на развој, па дури и да го надмине. Швајцарија има повеќе гори, но во иднина Македонија може да ја стигне. Швајцарија не само што има помалку земја, туку таа е могу понеплодородна. Обработливите површини во Македонија се многу повеќе и во неа се добиваат поголеми количини прехранбени продукти и други производи. Швајцарија, како и други земји од типот на Белгија и Австрија, имаат полоши услови за самостојна исхрана - произведуваат помалку храна, а треба да исхранат побројно население. Тие имаат многубројно градско работничко население, додека во Македонија жителите на градовите се значително помалку на број, при што голем број од нив се занимаваат и со земјоделство, ако не повеќе, барем да обезбедат храна за сопственото семејство. Македонија е побогата, исто така, и со минерални богатства. Додека Швајцарија, и во иднина, ќе експортира, пред сe, индустриски производи, машини и сл., Македонија ќе изнесува надвор од својата земја првенствено земјоделски производи; се разбира, ќе дојде време кога и таа ќе експортира индустриска стока.

За Швајцарија не може да се каже, дека претставува географска и економска целина до таа мера, како што е тоа случај со Македонија.

Оваа бегла споредба покажува до каква степен се неаргументирани и произволни тврдењата на заинтересираните средини, кои настојуваат да ги доведат во заблуда неинформираните, дека. божем Македонија како независна држава не ќе може екокомски да опстане, не би можела сама да се исхрани... Такво нешто би можело да се каже за други земји во Европа, но никако за Македонија. Ако една затворена Србија, ако една каменлива Грција можела да се исхрани и да егзистира како независна држава, повеќе од јасно е дека Македонија како самостојна земја би можела да блаженствува, па дури и да им помага на спомнатите нејзини соседи.

***

Македонија има 66 илјади квадратни километри, а тоа значи дека таа е поголема од следниве европски земји: Швајцарија, која има 41,000 км2, Белгија - 30.000 км2. Холандија 34.000 км2, Данија (Данска) - 43.000 км2, Естонија - 47.000 км2, Литва - 53.000 км2, Албанија - 28.000 км2, Словакија (Словачка) - 37.000 км2, Луксембург - 2.600 квадратни километри[4].

До 1912 година т.е. до денот кога се зголеми приграбувајќи македонски територии, Србија, со своите 47.000 км2, беше помала од Македонија. Грццја имаше 65.000 км2, колку што има и Македонија, Црна Гора, како самостојна држава, имаше само 9.000 км2.

Некои од наведените државички имале население незначително побројно од тоа на Македонија, додека кај други населението било помалобројно. Како по територија, така и по население, Македонија е скоро еднаква со Ирландија (Ирска). Во 1912 година Македонија имаше околу 2,5 милиони население.

Повеќето од наведените земји воопшто ги немаат економските можности што ги има Македонија. Притоа, ниту една од нив ја нема нејзината важна географска положба. И покрај тоа, сите тие се самостојни, независни држави, иако скоро за сите нив се тврдело, дека не би можеле да опстанат како самостојни. До неодамна и за Ирландија (Ирска) се тврдеше дека не би можела да биде самостојна држава. Неколку векови на ред беше самостојна и Црна Гора, којашто по територија е седумпати помала од Македонија и осумпати по население, додека земјата и претставува обичен каменарник, што побудува очај. Албанмја е двапата помала по население и по територија и многу посиромашна од Македонија. Очигледно е дека со оглед на големината на својата територија и бројноста на своето население, Македонија има одлични услови да биде самостојна држава.

***

Во Македонија уште од старо време живеат следниве пет народности: Грци, Бугари, Турци, Албанци, Власи. Малку подоцна во неа се населиле и Евреи. Не постои никаква трага од древните Македонци, сонародниците на Александар Велики, кои ја населувале Македонија пред 2-3 илјади години.

Грците живееле првенствено во крајморските градови, а по 1922 година се населија и во некои места северно од крајбрежните региони. Нивните населби покрај морето се доста стари; постоеле уште во древногрчката епоха, како и во времето на Византија.

Албанците, исто така, се стари жители на Балканот. Во некои од западните делови на Македонија тие се населиле во текот на турското ропство, користејќи ја својата привилегирана положба како муслимани.

Бугарските словени масовно се населиле во Македонија по петтиот век од Новата ера и тоа низ целата земја; помалубројни тие биле само во некои крајморски градови.

Власите, исто така, се древни жители на Полуостровот. Во Македсни|а тие живеат уште од епохата на римското владеење. Населени се првенствено западно од реката Вардар.

Турците, пак, дошле во Македонија во XIV век по Христа како освојувачи, живееле по села и градови низ сите региони на Македонија.

Евреите се сконцентрирани главно во градот Солун, но ги има и во други македонски градови во помал број.

По занимање, Грците се првенствено трговци и занаетчии; Албанците и Власите - сточари; Бугарите и Турците - земјоделци. Се разбира, дека ова професионално разграничување не е апсолутно. Меѓу занаетчиите и трговците има, исто така, Бугари, Турци, Власи и Албанци; во некои места и Грците се занимавале со земјоделство. Евреите биле, пред сe, трговци, додека Турците работеле како службеници и воени лица.

Дури во последните години на турското владеење селското население започна да станува сопственик на земјата, којашто со векови ја обработуваше. Во времето на турското ропство со земјата располагаа таканаречените бегови - крупни земјопоседници (феудалци). Тие беа принудени да го распродаваат својот имот на селаните поради мерките што Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) ги презеде против нив.

***

Повеќе автори[5] се принудени да се служат со статистики за Македонија што се појавиле пред 1912 година. Од една страна, затоа што по таа година веќе нема веродостојни нови статистики и од друга страна, затоа што по спомнатата година започнаа. и се уште траат, присилни раселувања во некои македонски региони.

Бројот на националностите до 1912 година (во заокружени бројки) бил следниот:

Бугари околу 1200000
Грци околу 240000
Турци околу 500000
Албанци околу 160000
Власи околу 80000
Евреи околу 90000
Разни околу 40 000

Според статистичките податоци на г-н Леон Доминијан, објавени од Американското географско друштво во Њујорк, бројот на Грците во Македонија во 1912 година (а тоа значи и до 1922 година) 6ил 190.000.

Според податоците на хрватскиот истражувач Стеван Верковиќ, кој повеќе години ја проучувал Македонија, како и според авторитетното мислење на г-н проф. Вајганд и на бугарскиот географ Васил К'нчев, бугарското население во Македонија до наведената година, но и подоцна, претставувало 52 процента од бројот на целокупното население. И други специјалисти наведуваат дека тоа население претставувало 50 проценти од месното население; такви податоци дава и турската статистика. По драѓањето на Турците во Македонија голем број Бугари биле исламизирани. Овие исламизирани Бугари, познати под името "торбеши", не се вклучени во гореспоменатиот број на бугарското население. Еден дел од македонските Власи, исто така, биле исламизирами. Тие, се разбира, не се вклучени во горенаведениот број на влашкото население.

Во сите поавторитетни енцикпопедии се посочува, скоро без отстапување, овој број на население што ние тука го наведуваме. Најнеточни во однос на Македонија се српските и грчките статистики, коишто се демантирани и од турската статистика.

Националностите што ја населуваат Македонија се само делови од народите што со векови живеат на Балканот и веќе имаат, од стотина годинм наваму, свои национални држави. Во таа смисла положбата во Македонија е иста со таа во Швајцарија. Тука не постои одделна македонска нација, како што таму не постои швашарска нација во етничката смисла на овој збор. Тука одделните националности се служат со оној литературен јазик, којшто се употребува од соодветната матична нација - турски, албански, грчки, бугарски, романски, како што во Швајцарија одделните националности се служат со литературчиот германски, француски или италијански јазик.

Во Швајцарија целокупното население е христијанско, но е поделено на католици и протестанти. Во Македонија има муслимани и христи|ани (повеќето православни). Доколку помеѓу христијаните имало и има судири, тие се должат на националните разлики, а не на верските различности.

Малку пред Балканските војни, Турците се обидоа да ја колонизираат Македонија со Бошњаци, кои ја напуштиле Босна по нејзиното дефинитивно приклучување кон Австро-Унгарија. Таа колонизација не се покажа успешна. Сите населени Бошњаци избегаа во Турција по нејзиниот пораз во 1912 година. По Првата светска војна Србија, исто така, направи обид да доведе свои сонародници од областите преземени од Унгарија, но и овој обид не успеа. Грција, меѓутоа, донесе неколку стотини илјади свои сонародници од Мала Азија по изгубената војна против Турците во 1922 година. Овие луѓе таа ги насели на местото на иселеното од Јужна Македонија турско население и на местото на прогонетите од грчките власти десетици илјади Бугари.

Врз основа на тоа зголемување на бројот на Грците, некои сакаат да тврдат дека идејата за независна Македонија станала сосем невозможна. Таквото тврдење, се разбира, е сосем неосновано, Тие што го искажуваат, беа против независна Македонија и кога Грците беа сосем малобројни. Ако таков голем број причини го наложуваат создавањето на независна македонска држава, зголемениот број на Грците никако не го попречува ваквото решение. Бугарите во Македонија беа петпати повеќе од Грците и сепак не ја искористија ваквата состојба како аргумент против политичкото осамостојување на земјата. Како што знаеме, и во Швајцарија 71 процент од населението зборува германски, додека француски зборуваат 21 насто, а италијански 6 насто од нејзините жители; меѓутоа, никогаш Швајцарците што зборуваат германски не рекле дека Швајцарија не треба да постои и дека таа треба да и се приклучи на Германија, затоа што повеќето нејзини жители се Германци. Бројниот сооднос меѓу националностите во Македонија со ништо не ја намалува користа од разрешување ча македонското прашање преку создавање на независна македонска држава.

Се слушаат приговори дека пречка за формирањето на независна држава Македонија, особено ако таа е федеративно уредена, би бил фактот што населението живее измешано; во секое подрачје имало жители од две или повеќе националности. Но и тоа сосем не може да биде аргумент за откажување од идејата за независност на земјата. Пред сe, нема ниту еден округ, во којшто населението од една националност да не преовладува. Тоа, секако, ја олеснува примената на кантоналната система при уредувањето на државата. Потполната рамноправност меѓу петте месни јазици конечно ќе ги регулира односите помеѓу народностите. Но Македонија може одлично да се уреди и без примена на кантоналната система, којашто таму нема апсолутно никаква традиција. Доволна основа може да биде рамнопрааноста и слободата за сите нејзини граѓани и националности.


3. Во врска со Македонија, како и околу прашањето за нејзиното ослободување е пишувано многу; создадена е обемна литература на бугарски, француски, германски, англиски, италијански и други јазици. Во сите големи нации има одлични познавачи на географската положба, стопанските капацитети, народниот бит и етнографската слика во таа земја. На руски јазик податоци можат да се најдат, на пример, во делата на проф. П Н. Милјуков, проф. Державин, проф. Селишчев, Флорински, Кондаков; на француски јазик - во трудовите на полк. Леон Ламуш, Ами Буе, Г. Лежан, Лавеле, Жорж Десбон, Ф. Пукевил; на германски: проф. Шулце - Јена, проф. Густав Вајганд, проф Карл Штруп: на чешки и други јазици важни податоци даваат трудовите на големите чешки научници: П.И. Шафарик, Л. Нидерле, Л. Куба, трудовите на познатиот славист Хрватот Ватрослав Јагич; на бугарски трудовите на проф. Л. Милетич, проф Јордан Иванов, Васил К'нчев: Тука ги спомнуваме имињата само на мал дел од авторите кои пишувале за Македонија и чиј број е мошне голем.
4. По бројноста на своето население Македонија е поголема од повеќе јужноамерикански и централноамерикански држави, како и од некои федерални единици на Соединетите Американски Држави. Парагвај, Уругвај, Панама, Коста Рика, Кондурас, Салвадор, Никарагва, Гватемала, Делацер, Конетикат, Мериленд, Јужна Каролина, Њу Хемпшир, Рад Ајланд, Вермонт, Мајн, Флорида, Орегон, Канзас, Западна Вирџинија, Невада, Небраска, Колорадо, Свеврна Дакота, Јужна Дакота, Монтана, Вашингтон, Ајдахо, Вајаминг, Јута, Оклахома, Њу Мексико, Аризона.
По територија Македонија е поголема од следните централноамерикански и северноамерикансхи држави и федерални единици на Соединетите Американски Држави: Коста Рика, Салвадор, Делацер, Њу Џерси, Констикат, Масачусетс, Мериленд, Њу Хемпшир, Рад Ајланд, Вермонт, Западна Вирџинија.
5. Околу дваесет статистички извори се наведени во книгата "Правната попожба на Македонците во Југославија" од проф. Карл Штруп, професор по државно право на Универзитетот во Франкфурт на Мајна, член на Институтот за меѓународно право и др.
Помеѓу специјалистите по ова прашање, коишто даваат статистички податоци за МакедониЈа, при што го наведуваат и брорт на нејзиното бугарско население, гослодинот Штруп ги посочува и имињата на следните истакнати личности: В. Теплов, Русин, чиишто податоци се од 1877 година; Стеван Берковиќ. босански Хрват, чиишто трудови се објавени, доколку се однесуваат на Македонија, од Српската академија на науките и содржат податоци, печатени во 1879 година; проф. Густав Вајганд, одличен познавач на македонските Бугари и Власи, кој објавува податоци за Македонија во 1698 година; Гастон Рутие, Французин, чиишто податоци се објавени во 1903 година во неговата книга "Ла Маседоан е ле пјуисанс", весник "Лјо Тан" број 15950; Проф. Т.Д Флорински, Русин, според податоци од 1907 година, во неговиот труд "Словенското население. Статистичко-етнографски преглед на словенското население до наши денови"; Роберт Пелтие, Французин, во книгата му "Вистината за Бугарија", Париз, 1913 година; Рихар Фон Мах, податоци во книгата му ''Дер Махтебе рајх дес булгаришен Екзархатс ин дер Тјуркај", Лајпциг - Њушатл, 1906 година; Леон Доминијан, податоци во неговата книга на англиски јазик „Граници на јазици и националности во Европа", издадена од Американското географско друштво во Њујорк во 1917 година.



Тагове:   Македони,


Гласувай:
0
0



1. bugarash - dete ne tuku drnkaj mnogu
14.09.2007 14:39
dete ne tuku drnkaj mnogu, sto razbiras ti od voena muzika
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 1344118
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1972
Архив