Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Февруари, 2018  
ПВСЧПСН
1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728
Постинг
09.10.2007 16:31 - Краставите магариња се чешаат меѓу себе
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 3440 Коментари: 2 Гласове:
0



Талев како парадигма за идеолошката инерција



Но, би сакал да споделам еден друг навидум парадоксален аспект на конфликтот што го предизвика Талев деновиве. Имено, имам силен впечаток дека наспроти навидум силната закрвеност помеѓу иницијаторите за поставувањето на Талев и запенавените противници на таквиот ерес, и едните и другите поаѓаат од истото идеолошко исходиште. Не јасно е само кој повеќе го проституира Талева. Дали оние што се доследни на Це-Ка-шката проскрибиција негова, или пак, оние коишто сакаат да го афирмираат, но сообразувајќи го во интерпретациите со доминантната идеолошко-национална коњуктура. Демек, оние што сакат да го помакедончуваат, како што милуваат самите да се изјаснат, со евидентно чувство на вина. А, всушност сакаат македонистички да го македонизираат.

Во услови на на комплетна индолентност и духовна девитализираност во креирањето на општествените теченија, неќни не заплиска нова далга на силна емотивна ерупција през медиумите македонски. Се разбира, поводот беше една заплаха за неприкосновеноста на канонизираните идеолошки стереотипи за нашето славно минато, поднослива сегашност и просперитетна иднина. Велам - се разбира, оти веќе години редум, апологијата на догматизираните историографски конструкции е единствената тема што може да предизвика, вака - импозантно количество на емотивна енергија во каталептичното ни јавно животарање. Та нека е и таа емоција - фрустрација, достојна е за одбележување, бидејќи да не е бугарофобијата, не би ни останал ниту еден елемент на витална емотивна идентификација.
Силна хистерија ги обзема керберите на вистинољубието македонистичко од информацијата дека Прилепскиот театар подготвува театарска постановка на Талевиот Железен светилник. Ни срам, ни рам сите телевизии со импресивна патриотска вознесеност ги преповторија старите југокомунистички анатеми за Талев. Та дури, и јавно се повикуваа на официјалната забрана за Талев во СФРЈ! И тоа, во време на лустрација! Истите тие што лустрацијата ја поддржуваат, во случајот на Талев беа бизмилосни.
Излишно е дума да се отвора за доминантната ни болшевистичка рецепција на светата институција на либералната демократија - слободата на мислата и творештвото! Но, би сакал да споделам еден друг навидум парадоксален аспект на конфликтот што го предизвика Талев деновиве. Имено, имам силен впечаток дека наспроти навидум силната закрвеност помеѓу иницијаторите за поставувањето на Талев и запенавените противници на таквиот ерес, и едните и другите поаѓаат од истото идеолошко исходиште. Не јасно е само кој повеќе го проституира Талева. Дали оние што се доследни на Це-Ка-шката проскрибиција негова, или пак, оние коишто сакаат да го афирмираат, но сообразувајќи го во интерпретациите со доминантната идеолошко-национална актуелност. Демек, оние што сакат да го помакедончуваат, како што милуваат самите да се изјаснат, со евидентно чувство на вина. А, всушност сакаат македонистички да го македонизираат.
Како и да е: краставите магариња се чешат меѓу себе! А, тоа е парадигма за македонската интелектуална дебата.

Влатко Спиров Стаматовски

http://www.tribune.eu.com/articles/3750.html



Тагове:   МЕ,   магари,


Гласувай:
0
0



1. анонимен - bAQxKUuB
03.07.2011 13:02
You really saved my skin with this inoframtion. Thanks!
цитирай
2. анонимен - BciVtiMrOoguOkXwRSQ
04.07.2011 10:43
XU46cf <a href="http://qexlwzrpjkuu.com/">qexlwzrpjkuu</a>
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 1412163
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1972
Архив