Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Февруари, 2018  
ПВСЧПСН
1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728
Постинг
18.10.2007 11:53 - Србо македонистички нацисти бараат смрт за Бугарите
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 2135 Коментари: 3 Гласове:
0



Продолжува антибугарската хистерија во Република Македонија



На странскиот фактор којшто ја контролира ситуацијата во Република Македонија, му се појавува нужда многу внимателно да ги следи појавите на медиумски и политички убедливо најраспространетиот шовинизам, антибугарскиот, поради фактот што официјална Бугарија, особено со сегашниот амбасадор во Скопје, не се снаоѓа во македонистичкото ежедневие и досега не покажала интерес, желба и знаење да се спротивстави на бруталниот прогон на своите сонародници

“Умрете Бугари” два пати со рака напишаа србомакедонистички нацисти на ѕидот спроти Бугарскиот културен центар во Скопје. Шовинистичкиот графит првиот пат беше напишан ноќта меѓу 16 и 17 септември, а по премачкувањето истиот текст на истото место одново беше напишан ноќта меѓу 23 и 24 септември.
Првиот пат до нацистичкиот графит стоеше и отпечатено сонце од Кутлеш, коешто од 1992 - 1995 година се наоѓаше на официјалното знаме на Република Македонија, а беше и е дел од спорот на новата формално самостојна држава со Република Грција. Вториот пат до рачно напишаниот графит србомакедонистичките нацисти со малечки букви отпечатиле уште една парола – “Македонија на Македонците”, без да ја знаат суштината на тие зборови, кажани пред повеќе од еден век, од секогаш високо уважуваниот во Бугарија Американец Вилијам Гледстоун, не во македонистичко значење, а во смисла – Македонија на сите македонски жители и народности.
Втората верзија на графитот уште стои напишана на ѕидот спроти Бугарскиот културен центар во Скопје. Во организација на бугарската амбасада на 19 септември беше премачкана со боја првата верзија на нацистичкиот поздрав упатен кон бугарската држава и бугарскиот народ. Македонското министерство за внатрешни работи е информирано за смртната закана и подрачната единица на МВР за општина Центар “ги бара виновниците”.
Најновата и како што се покажа на “пријателскиот” фудбалски натпревар Вардар – ЦСКА, не и последна смртна закана на србомакедонистичките нацисти, не може вистински да биде разобличена ако се откријат само непосредните драскачи на паролата а не се посочи општествената клима во Република Македонија и официјалната политика, коишто го стимулираат негувањето шовинистички антибугарски чувства.
Тие коишто ја напишале паролата се инструментализирани од антибугарската политика на македонскиот премиер Никола Груевски и претседателот Бранко Црвенковски. Тие двајцата и нивните партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ континуирано шират омраза против бугарската држава и бугарскиот народ.
Поткрепа на овие зборови се случаите од поблиското минато. Организатор на тепањето на месните Бугари собрани да ја чествуваат годишнината од смртта на Мара Бунева на 13 јануари оваа година беше Борис Нешовски, член на ВМРО-ДПМНЕ. За извикувањето на паролите “Смрт на Бугарите”, “Умрете Бугари” и “Бугари Татари”, слушнати од повеќе десетици свидетели, со коишто беше гарнирано тепањето од страна на хулиганите, Нешовски с# уште не е исклучен или другарски искритикуван од ВМРО-ДПМНЕ.
Содружник на Нешовски во тепањето е Тоше Трајковски, познат на скопската полиција и како крадец на мотори. Двајцата, Нешовски и Трајковски заедно со уште едно лице фрлија чадни бомби на основачкото собрание на бугарското здружение “Радко” во октомври 2000 година во скопскиот хотел “Холидеј Ин”. Македонските власти не дозволија здружението “Радко” да биде регистрирано, тројцата хулигани минаа без казна, а од медиумите беа прогласени за херои и гемиџии, иако гемиџиите сите до еден се чувствуваа како етнички Бугари. Бидејќи Нешовски и Трајковски според нивните постапки не делуваат на луѓе кои знаат да разликуваат дека едно нешто е неотуѓивото интимно право на секој човек на нашата планета да се чувствува така како што милува и да има став за историјата таков како што мисли дека е најправилен, а друго нешто е да се негува омраза и да му се посакува смрт на инакумислечкиот, тешко е да се верува дека тие двајцата не дејствуваат без инструкции од делови на македонските разузнавачки служби. А голем вапрос е и дали тие што им даваат инструкции ги разликуваат овие две работи.
Тоше Трајковски на 3 март оваа година беше забележан како со група бугарофобични нацисти, скриени зад билбордите на главната скопска улица “Македонија” набљудуваат кои луѓе одат на концертот во Домот на АРМ, организиран од бугарската амбасада по повод националниот празник на земјата. Крадецот на мотори и заштитна брана на македонизмот, Тоше Трајковски пред свидетели се фалел дека со другите нацисти сакаат да видат кои луѓе одат на концертот за да ги истепаат после тоа.
Потврда за фашизоидноста и за суштествување на духот на омраза во јавниот живот на Република Македонија е судскиот процес против граѓанинот на Скопје и деклариран етнички Бугарин Иван Стојанов – на 18-годишна возраст прекрстен од “тогашната” југословенска држава во Јове Стојановски. Тој беше осуден на шестмесечна казна, од којашто одлежа пет месеци, со обвинување дека го удрил пензионираниот новинар, сега покоен Спасе Шуплиновски на основачкото собрание на здружението на етнички Бугари “Радко”.
На судските заседанија Спасе Шуплиновски се појавуваше со едната рака во гипс, и покрај фактот што на основачкото собрание на “Радко” падна на другата рака, нешто што се гледа на телевизиските снимки и на фотографиите во весниците. Тој факт и изјавите на други свидетели дека Јове Стојановски не го удрил Спасе Шуплиновски не беа примени од судот, а македонските медиуми постојано го држеа етничкиот Бугарин како виновен, бараа најстрога казна, без да земат изјава од него.
На 4 мај 2007 година во скопската црква Свети Спас немаше полиција во првите 15 минути од претходно пријавениот настан, кога делегација на бугарската амбасада поставуваше венци на гробот на револуционерот Гоце Делчев. За време на 15-минутното отсуство на полиција група од 15 – 20 хулигани стоеше пред влезот на црквата Свети Спас како реална закана за официјалната бугарска делегација и за месните етнички Бугари коишто присуствуваа на настанот.
На 9 септември оваа година на великосрпската проправителствена скопска телевизија Сител, Ванчо Шехтански, претседател на малата партија ТМРО (Трајно македонско радикално обединување), изјави дека Република Македонија треба поостро да реагира на бугарските тези дека во Република Албанија живеат 100.000 Бугари. Шехтански, којшто секогаш организира прес конференции кога треба да се заштитат српските интереси на Косово, пред камерите на телевизија Сител изјави дека “во Албанија, во Република Македонија и во денешна Република Бугарија никогаш не живееле Бугари” и дека “бугарската нација не суштествува, таа е измислена”. Античко-македонскиот обид за копија на Владимир Жириновски и Воислав Шешељ, немаше да биде многу интересен за нашиот текст, да не беше фактот дека Сител е единствената телевизија којашто редовно ги пушта егзибициите на Шехтански, а во таа шовинистичка антибугарска станица премиерот и претседател на србоманската ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски “гостува” секогаш кога има нужда да расчисти некакви расправи со опозицијата.
Шехтански беше адвокат на фудбалските хулигани, коишто учествуваа во тепањето на македонските Бугари на местото на скршената плоча на Мара Бунева. Тој тогаш во медиумите ја рашири одвратната лага дека Македонците коишто се чувствуваат како Бугари, им ја пцуеле мајката македонска и така ги провоцирале претходно подготвените со безбол палки и стапови хулигани “јуначки” да претепаат стари луѓе.
За антибугарската суштина на сегашното правителство најдобро свидетелство дава премиерот Никола Груевски. Тој во едно државно претпријатие не дозволи да биде унапреден граѓанин на Скопје, којшто покажал одлични резултати во работата. Според свидетелството на раководното лице во претпријатието, Груевски во фашизоиден стил кажал: “Тој е Бугарин и радикален (?! – з.м.), не може да биде унапреден!”.
Во март 2007 година во еден ист ден сите македонски дневни весници ја пуштија агенциската вест дека некакво здружение ќе дели големо количество кондоми (можеби беа 100.000) на македонските граѓани, како дел од борбата против СИДА-та. Веста беше една и иста во сите весници, освен во традиционално шовинистичкиот антибугарски проправителствен “Вечер”, каде што текстот продолжуваше со тоа дека весникот “од негови извори” дознал дека тие кондоми ќе им се делат на 100.000 Македонци кандидати за бугарско државјанство пред нивното влегување на територијата на Република Бугарија. Шовинистичкиот простотилак на весникот што ја крепи власта на Груевски, јасно ја означува алузијата дека во Бугарија живеат лесни жени, коишто го носат вирусот на СИДА и дека Бугарија е јавна куќа во којашто се влегува со кондоми.
Четири свидетели, меѓу кои и авторот на овој текст, на 16 септември оваа година слушнаа како братот на писателот Миле Неделкоски, Душан зборува во ресторан во центарот на Скопје: “Сите коишто се Бугари во Македонија треба да бидат заклани”.
Атмосферата во којашто се живее во Република Македонија дозволува претепување а можеби и убиство на човек што се чувствува како Бугарин, да биде примено позитивно од дел од јавноста. Дури и во таков екстремен случај на убиство, не е тешко да се претпостави дека македонските медиуми ќе го обвинат Бугаринот оти прв започнал.
Срамно е бездејствието на владеачката Бугарска социјалистичка партија кон шовинизмот што го шири Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Речиси секој ден СДСМ плука по Бугарија и бугарскиот народ, со фашизоидни генерализации и нескриена омраза, а досега за таа бугарофобија нема реакција од БСП во Социјалистичката Интернационала, каде што заедно членуваат двете, барем на хартија, сестрински по идеологија партии.
По сe" ова (и уште многу други нешта), ќе најде ли сила и морал Бугарија, да побара услови, ако сака Република Македонија да биде примена во Европската Унија и НАТО, да сопре со фашизоидната шовинистичка политика и со фалсификувањето на историјата во учебниците.


Виктор Канзуров

http://www.tribune.eu.com/articles/3789.html




Гласувай:
0
0



1. анонимен - FIROM
28.10.2007 18:28
Просто трябва да подкрепим гърците за тяхното становище за името на бившата югорепублика като им предложим за обща позиция която да наложим в ЕС. Това име може да бъде "Скопска Република".И да решим всички спорове със скопските сърбомани.
цитирай
2. bugarash - prelogot ne ti e vo red. ke bide gr...
29.10.2007 14:30
prelogot ne ti e vo red. ke bide greska ako bugarija se sojuzi so grcija po toa prasanje
цитирай
3. bugarash - javore so ti stava denes. mnogu si ...
08.11.2007 13:43
javore so ti stava denes. mnogu si raspolozen nesto
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 1412179
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1972
Архив