Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Октомври, 2018  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Постинг
24.10.2007 09:11 - ОМО „Илинден“ - ПИРИН ќе учествува на локалните избори во Бугарија
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 1246 Коментари: 0 Гласове:
0




Партијата на Македонците ќе поддржи независни или кандидати на други партии

image
Доколку учествувавме како партија во изборната трка, тогаш сигурно ќе постигневме прилично голем успех, нагласува Стојко Стојков: од прослава на ОМО Илинден Пирин пред споменикот на Јане Сандански во Мелник

КАТИЦА ЧАНГОВА

ОМО „Илинден“ - Пирин ќе учествува на локалните избори во Бугарија кои се одржуваат на 28 октомври. Не директно, туку со поддршка на независни градоначалнички и советнички кандидати во неколку населени места во Пиринска Македонија. Имено, пропаднаа последните обиди за формално регистрирање на партијата во Софискиот суд во август годинава кој и" понуди на ОМО „Илинден“ - Пирин да ја запише само како невладина организација. Жалбата на претставниците на ОМО вложена до Врховниот касационен суд како последна инстанција беше отфрлена. И покрај големото разочарување на Македонците во Бугарија за ваквите според нив апсурдни и неосновани одлуки, тие не се откажуваат. Ќе ја бараат правдата во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, поднесувајќи жалба уште во текот на овој месец поради кршење на правото за слободно собирање и здружување во Бугарија.

„Тоа што се случи е уште едно спречување од властите во Бугарија да постои партија која ќе ги брани интересите на Македонците во таа држава. Процедурата за регистрација беше договор меѓу Стразбур и Софија, но тоа не се испочитува. Софискиот суд, кој брзо ги решава споровите, цели три недели ја криеше жалбата и не решаваше по неа. Целта е јасна како ден, да поминат сите можни рокови. Сега во наредните четири години, односно до 2011 година, не ќе можеме да бидеме претставени во локалната власт како што посакувавме“, изјави вчера за „Утрински весник“ претседателот на ОМО „Илинден“ Стојко Стојков. Според него, тоа што не се регистрирани како партија ќе има негативен ефекти врз гласачите Македонци. Тие, нагласува Стојков, се многу разочарани. Оттаму во ОМО „Илинден“ претпоставуваат дека малкумина Македонци во Бугарија ќе излезат на избиралиштата.

„Во моментов се трудиме да ги информираме Македонците дека битката не е сосема изгубена и дека, сепак, не се откажуваме од локалните избори“, нагласува Стојков. „Во изборната трка индиректно ќе учествуваме со поддршка на независни кандидати за општински советници и за градоначалници кои ќе ги презентираат интересите на Македонците во Бугарија на локално ниво“, додаде Стојков. Тој објасни дека Страхил Главчев е независен кандидат за советник во Петрич, Емил Ефтимов ќе се натпреварува во Благоевград, Весна Николова и Владимир Лигов се номинирани за истата функција во Сандански, а Атанас Маџиров и Андреј Андреев ќе се борат за советници во Гоце Делчев. „ОМО ’Илинден‘ застана зад кандидатурата на независниот кандидат за градоначалник во Благоевград Антон Брчков, како и зад кандидатот за градоначалник на Разлог на Бугарскиот земјоделски народен сојуз“, вели Стојков и изразува надеж дека ќе бидат избрани. Тој не може точно да прецизира колку градоначалнички и советнички места би добила ОМО „Илинден“ доколку Бугарија дозволела да учествува како партија на локалните избори. „Бевме подготвени да излеземе со листа на 200 советнички кандидати. За градоначалници не знам колку места ќе освоевме кога би ги мереле силите на избори со партиите. Но, за советници сметаме дека би освоиле 20 места. Тоа би бил прилично голем успех“, коментира Стојков.

Македонците во Бугарија веруваат дека Бугарија ќе мора еднаш да отстапи. Комитетот на министри при Советот на Европа веќе јасно се искажа за тоа дека исполнувањето на пресудата значи регистрација на партијата на Македонците во Бугарија. Бугарските власти го прекршија договорот постигнат во јуни меѓу Судот за човекови права во Стразбур и претставници на владата во Софија да се регистрира ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Со образложение дека партијата немала 600 члена на основачкото собрание, Софискиот градски суд повторно го одби барањето на ОМО да се регистрира партијата која формално беше укината во 2000 година поради антидржавни активности. Иако по сесијата на Комитетот на министри одржана на 5 и на 6 јуни годинава, Секретаријатот на Судот за човекови права практично и" наложи на Софија да ја регистрира партијата, Судот во Софија го отфрли барањето за регистрација и ја исфрли од трката за градоначалници и за советници на октомвриските локални избори.

Македонците во Бугарија тврдат дека немало никакви аргументи за ваквиот исход и дека се" што било наведено за одбивањето биле шпекулации и директни лаги што не се работа за суд. Како пример се наведува тоа дека во Бугарија немало македонски етнос. Крајната цел, коментираат Македонците во Бугарија, било да се купи време и да се исфрли ОМО „Илинден“ - ПИРИН од изборната трка. Со години никој во Бугарија не ги штити интересите на Македонците и тие се изложени на секакви можни манипулации и нарушувања на правата. Со регистрација на ОМО „Илинден“, партијата ќе можеше да има свои претставници во власта и ќе можеше да се спротивстави на стремежите на централните власти, но и на разни националисти да ги дискриминираат Македонците.

http://217.16.95.25/?ItemID=9373A243C79C724793F7461CBEF6A7FD



Тагове:   Пирин,   избори,   ОМО,


Гласувай:
0
0



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 1487379
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1972
Архив