Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Постинг
07.11.2007 14:58 - Голема полициска акција на Шар планина против вооружените групи
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 1393 Коментари: 0 Гласове:
0



Голема полициска акција на Шар планина против вооружените групи


Бројни полициски сили утринава тргнале во офанзива против вооружените криминални групи, кои се кријат на Шар планина, потврди МВР.

Акцијата е насочена против бегалците од косовскиот затвор Дубрава, Рамадан Шити и Лирим Јакупи - Нацист. Првичните неофицијални информации велат дека меѓу терористите има и загинатите, додека сеуште нема официјални информации за повредени полицајци. Во акцијата, која почнала во тетовското село Бродец, учествувале и хеликоптери.

Вооружените групите од селото Бродец биле разбиени за кратко време, а во моментов акцијата сеуште трае. Полицијата ги гони албанските вооружени групи низ Шар планина.

Патот од Тетово кон шарпланинските села е затворен.

Жестоки борби на Шар планина, неофицијално 8 загинати


Жестоки борби на Шар планина се водат во моментов меѓу македонската полиција и вооружени групи на Албанци уфрлени од Косово. Најинтензивни судири има во атарот на селото Бродец, каде изминативе денови имаше информации дека се стационирани бегалците од затворот “Дубрава“, Лирим Јакупи - Нацист и Рамадан Шити.

Првичните неофицијални информации се дека има загинати терористи. Засега се шпекулира со бројката од осум лица. Од МВР информираат дека нема повредени ниту настрадани полицајци.

Во Тетово повремено се слушаат пукотници и детонации, кои доаѓаат од правец на Шар планина, јави екипата на Нетпрес која е на лице место.

Големата полицска акција почна рано утринава, а во неа биле вклучени и хеликоптери на МВР. Полициските специјални единици извршиле упад во селата Бродец и Вешала и според МВР вооружените групи биле разбиени за кратко време. По ова тие се разбегале кон шумите на Шар планина, а полицијата тргнала да ги гони. Борбите сеуште траат. Патот од Тетово до Попова Шапка е затворен кај населбата Жичара, каде се и бројните новинарски екипи.

http://netpress.com.mk

8 загинати, 6 уапсени во акција против Јакупи и Шити
     

Осуммина од криминалната група во Бродец загинаа во полициската акција што од 5 часот наутро се одвива во реонот на Бродец, Вешала и Вејце, велат за А1 извори од полицијата. Лицата не се идентификувани. Од страната на полицијата нема жртви.

Специјалните единици на полицијата со помош на хеликоптери се во акција за апсење на криминалните групи на Лирим Јакупи - Нацист и Рамадан Шити, кои пред неколку месеци избегаа од косовскиот затвор Дубрава, потврди портпаролот на МВР.

Извори од полицијата за А1 велат дека е запленето поголемо количество на оружје. Полицијата успеа да го уапси Хабит Амети, еден од водачите на криминалната група и уште петмина други.

Според МВР, криминалните групи се разбиени и дел се кријат во планината, а дел во куќите на селаните.

Жителите од овој крај за А1 велат дека се слушаат истрели од огнено оружје и дека теренот го надлетуваат хеликоптери.
 
Блокирани се сите приоди на Шар Планина кон подрачјето на коешто се одвива акцијата. Полицијата постави пунктови и на излезите од Тетово кон Шар Планина и не е дозволено движење на новинари и цивили во двата правца.

Акцијата се уште е во тек.


Пред неколку дена кај селото Одри, во пресметка на криминални групи беше убиен Џавид Морина.

Морина беше еден од избеганите од затворот Дубрава, а се смета дека сакал да и се придружи на групата на Јакупи.

КФОР ја затвори границата со Македонија - МИА      

КФОР ја затвори границата меѓу Србија и Македонија од косовска страна, поради акцијата на македонската полиција против вооружените криминални групи во селата на Шар Планина во околина на Тетово, јави Танјуг, повикувајќи се на извори во меѓународните сили на Косово.

Војниците на КФОР имаат тешко вооружување и се подготвени да пукаат во случај на „прелевање на судирот на косовска територија“, додаваат истите извори.

Специјалните единици на македонската полиција утрово презедоа акција против вооружени криминални групи кои се кријат на Шар Планина, предводени од Рамадан Шити и Лирим Јакупи - Нацист, кои неколку месеци побегна од затворот Дубрава на Косово.

www.a1.com.mk


Тагове:   планина,


Гласувай:
0



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 2194477
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1975
Архив