Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Постинг
08.11.2007 10:21 - Предавање на Влахов Мицов за Илинденскиот период
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 1453 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 20.11.2007 12:14


Денешното предавање на универзитетот „ФОН“ професорот Стефан Влахов Мицов го посвети на Илинденскиот период. „Ставот на Мисирков за Илинденското востание - во својата книга „За македонцките работи“ велел дека македонското револуционерно движење мора потполно да се еманципира од бугарското влијание. Во спротивен случај овие контакти можат да се користат злонамерно во Бугарија и други странски земји“, рече проф. Стефан Влахов Мицов. Професорот Влахов Мицов говореше и за одгласите на историјата во некои актуелни политички случувања, како што беше предлогот на бугарскиот премиер Прванов за заедничка прослава на Илинден. „Овој предлог беше обид за официјално признавање на бугарските државни фалсификувања на историјата“, вели Влахов Мицов. Овој циклус предавања се одржува како дел од манифестацијата Месец на Мисирков, во организација на фондацијата „Рамковски“, а на денешното предавање присуствуваше и ректорот на универзитетот „ФОН“, Александар Николовски, кој и се заблагодари на фондацијата „Рамковски“ што овозможи врвни познавачи и професори да им предаваат на студентите на „ФОН“. Денеска гостуваше и Доне Донев, професор по книжевност од Кочани. Тој говореше делови од својата монодрама „Меѓникот“, во која главен лик е самиот Крсте Мисирков. „Време е и останатиот свет да разбере дека во Македонија живее македонски народ, не српски, не бугарски, ниту пак, грчки и дека тој народ си има своја историја, свои национални достоинства, свои културни заслуги во културната историја“, изјави проф. Доне Донев. Во Месецот на Мисирков предавања на „ФОН“ ќе одржат истакнати познавачи на делото на Крсте Мисирков од Македонија и од странство. http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=85897



Тагове:   Мицов,   период,


Гласувай:
0



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 2194936
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1975
Архив