Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Постинг
15.11.2007 10:19 - Ацо од Драчево* - Македонска национална митологија
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 1669 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 15.11.2007 12:16


Ајдете, мерете премерувајте, на кој му е поголем – националниот му идентитет, која е избраната нација единствена спомената во Библијата, кои се храбрите синови на Ацо, непокорни и силни, чиниш тукушто од фалангата излегле. Кои? Тоа се Трпе и Митре од Драчево, кои се родија на Клиника, во градинка најмногу од сите деца се тепаа, се до 12 години немаа слушнато за Ацо, а и тогаш кога слушнаа најмалку знаеа за него, затоа што беа зафатени со клик-клакот, што беше ужасно популарен во тоа време. Потоа мама и тато им ставија Интернет, па видоа дека Ацо е главна манга таму меѓу белиот свет. Да се биде Ацов, значеше да се осеќаш доминантно, значеше дека си подобар, посилен, поблагороден од другите, значеше да се има најголем пенис, да се ебат најдобрите женски, и така Трпе и Митре решија да станат Ацеви. Арно ама, бидејќи немаа извод од матично дека се Ацеви, мораше Ацо да стане по крв Драчевец, Македонец, а тоа значеше да прави ајвар секоја есен, да крка туршија, пие ж’та, да слави Велигден, да му се дига исклучиво на жени, да биде патриот, да има рунтави нозе и црна коса, да говори чист Драчевски и да ги мрази Грците, а особено да ги мрази Бугарите. Имаше само еден мал проблем – Ацо беше повеќе од два милениума мртов и појма немаше дека еден ден на територијата на неговата некогашна земја во далечната иднина ќе се изродат 2-3 кутри државички, кои беа до толку кутри што возовите секогаш им каснеа, и дека овие државички еден ден очи ќе си вадат да докажат во која државичка завршиле повеќе литри Ацова крв и ДНК. Да знаеше Ацо за ова, веројатно во име на светскиот мир никогаш немаше да има деца и ќе си живееше со „другар„ му Хефајстион до крајот на животот. Така, Трпе и Митре се зафатија со деноноќно сурфање на Интернет и почнаа да линкаат сајтови, кои тие самите не ги разбираа, но по чие читање Ацо приличуваше на Драчевец, го декодираа каменот од Розета, од каде се гледа дека Ацо говорел чист словенско-Драчевски, а сето останато што не се совпаѓаше со нивната замисла едноставно не го забележуваа. Така започна историјата да работи наназад, да ги оформува идентитетите во ретроспектива и се создаде Македонската национална митологија.

image

Ова е само еден сликовит пример како сегашноста кај нас го креира минатото, и како историјата е тотален заложник на идеологијата на етно-национализмот. И кога велам кај нас, не мислам само на Македонија, туку и на целиот Балкан, па и пошироко, во случаите на некои анахрони Западни историчари. Но бидејќи живеам во оваа земја и ја познавам пред се нашата историја, имам право само за да го исчистам мојот двор пред да почнам да се мешам во оној од комшиите. Можеби ќе биде новост за многумина овде – Македонската официјална историја е една крајно идеологизирана комунистичко-националистичка догма, која има малку врска со науката и научните принципи, за каква таа сака да се смета. Не дека нема македонски историчари кои имаат сосема поинаков пристап ослободен од идеолошките хипотеки, но официјалната верзија која се предава во училиштата и факултетите е ништо помалку од митологизирана идеологија.


Не може да се говори за национал-митологизмот без да се познава потеклото и теоријата на нацијата. За подлабок увид, проверете го постот на Бошко. Јас само би сублимирал, дека (етно)нацијата во својата суштина е замислена, субјективна, неприродна творба на доцниот XVIII и XIX век, производ на своевремените историски сили, односно на буржоаските економски и политички интереси и дегенерацијата на монархистичко-феудалниот поредок, но чие наследство и устроение денес е и тоа како се актуелни. Митологизмот на етно-национализмот се состои во тоа што сите атрибути преку кои тој се доживува себе си се имагинарни, поткрепени врз база на митови, кои се стремат да ја докажат неговата вонвременост и суштественост. Затоа се говори за „национално освестување„ - откривање на долго скриената есенција на нацијата, а не за „национално идеологизирање„, што многу пореално ја одразува нејзината природа (поточно „вештачкост„) како релативно понов социјално-историски конструкт. Сите тие дефинирачки атрибути на етно-нацијата: заедничкото име, јазикот, потеклото и предците, обичаите, религијата, заедничката историја, ако се проследат историски и географски се изразито флуидни, недефинирани, неразграничени, несводливи под еден заеднички идентитет и не се нужно поврзани меѓу себе. Оттука, етницитетот, а со него и нацијата, настанува единствено како случајна моментална историска гешталт-терапија составена од тие елементи: дека сета таа хаотична форма приличува на нешто постоечко е психолошка заебанција, само во умот на националистот. Наместо континуитетот на народите да се бара географски, а дисконтинуитетот повеќе историски, националниот митологизам го прави токму обратното.

Во домашен контекст, тоа се митовите за Македонската етно-национална самосвест на Александар, Самоил и Делчев, митот за одделните обичаи на Македонците, митот за нашата генетска специфичност (еден убав реликт што ни го имаат оставено Германците за време на Втората светска војна), за природноста на постоењето на Бугарскиот, Македонскиот и Српско-хрватскиот јазик (последниов расцепкај го сега на четири), митот дека сме Македонци од чукун-дедо итн. Митовите како такви не се штетни и имаат своја функција, но трагичното е што кај нас официјалната историска „наука„ ги потхранува истите и постојано се обидува да им даде научен авторитет, иако митот по својата природа е нужно ненаучен и нерационален. Идеологиите секогаш работат против историјата, но задачата на вистионскиот историчар е да се спротивстави на нив. Во Македонија до ’91 немаше историчари, имаше само комунистичко-националистички идеолози кои ја пишуваа историјата. За жал тоа наследство ние се уште го живееме и учиме. Идеологизираната историја е секогаш тоталитарна, самоубедена, наметлива, изразито селективна кон фактите, лепи етикети за „предавништво и одроденост„ (како што впрочем и мене ќе ми бидат залепени после овој пост) кон неортодоксните мислења.


Зошто ние не ги третираме фактите (или на кој начин тоа ги третираме?) дека:

-немаме речиси никаков експликативен културен континуитет со древните Македонци, кој би не прикажал како нивни „наследници„, како што се доживуваме

- цар Самоил бил крунисан за цар на Бугарите и во сите Византиски извори се нарекува така, додека парадоксално, Василиј II Македонецот се наркува „Бугароубиец„

- Гоце Делчев и други револуционери никогаш не се изјасниле дека се осеќаат како етнички Македонци, туку на пати и како Бугари

- Браќата Миладиновци го имаат отпечатено Зборникот под името „Бугарски народни песни„

- Оние кои ги нарачувале атентатите за Македонските револуционери (Михајлов, Александров), биле исто така од Македонија, т.е. исто така Македонски револуционери

- И покрај тоа што официјално во македонската историја учиме „Македонскиот народ се формира во втората половина на X век„, ниту самите се нарекуваат така, ниту некој така ги нарекува се до крајот на XIX век


Дали овие табу теми се до толку погубни за Македонската нација и нашето постоење како држава, па што постојано се игнорираат или објаснуваат на смешен начин („Бугари значело Христијани тогаш.„), или пак се погубни само за етно-националистичката идеологија, чии заложници сме сите? Да очекувате кој било да се нарекува Македонец, Грк или Бугарин во X век, или уште полошо IV век п.н.е., со значењето на поимот кое тој го има денес, е смешно. Да им импутираме значења какви што посакуваме на овие имиња кои во сосема друг идеолошки контекст биле користени во историјата, е лудило. Да користиме национална реторика кога зборуваме за кој било настан пред XVIII век е испревртена историја, рамно на фалсификат. Токму тоа го прави балканската етно-национална посрана историска доктрина.


Со посебен осврт на нашето, имајќи го предвид специфичниот развој на Македонската државност и нација, во голема мера ослободен од агресивните балкански големо-државни идеологизми на XIX-от век и оправдувајќи ја нашата историска улога како жртва на балканските хиени, наместо со еден сосема поинаков, историски поверодостоен пристап да ги демаскираме нивните историски школи, ние ја прифаќаме нивната прљава игра, дебатираме со нивната терминологија, и притоа сосема очекувано испаѓаме заблудени исфрустрирани однародени Бугарчиња без своја кутлура и историја.


Како може една група луѓе да нема своја историја и култура, па макар и се декларирале некогаш како Бугари (а не се декларирале така.)? Чии предци создавале култура и историја на оваа територија, моите или на денешните Бугари? Чија е тогаш таа историја и култура – наша или нивна? Но дури и ние, нивните потомци, немаме за право да ги наречеме етнички Македонци, ако тие никогаш не се доживувале така. Македонија има своја култура и историја испреплетена со културите и историите на соседите, која нашите историчари треба да ја проучуваат. Македонската нација (но не сфатена и како етнос!), осмислена од идеолозите на ВМРО и реализирана до државност преку НОБ, има свој идентитет, самостојна борба и идеал, независен од етничките идеолошки калапи во кои самите се обидуваме да се заробиме.


Постојат радикални размислувања кои велат дека откако еднаш ја сфатиме суштината на национал-митологизмот, треба да работиме на негово поразување и рушење на националниот поредок воопшто. Но лично мислам дека во еден ваков свет кој функционира како една голема градина-парцела од нации-држави, тоа би било рамно на самоубиство и невозможно засега. Митот и е неопходен на нацијата-држава за да опстане, ги потврдува вредностите врз кои таа почива и има обединувачка улога за заедницата. Слободно поставувајте статуи на Александар Македонски, крстете ги така децата (и аеродромите), организирајте древно-македонски манифестации и свечености (како расчеречување куче на пример), ама и третирајте го сериозно тој период од историјата на Македонија. А сериозно за оној историчар кој се бави со периодот значи пред се да научи перфектно старогрчки и koine (хеленистички) грчки, а не со каменот од Розета под мишка да оди и да преведува. Сериозно е да ги проучи сите извори, без разлика што велат, а не само оние кои му одат во прилог на заклучокот кој однапред си го задал. Затоа ниту еден единствен историчар немаме кој во светски рамки има какво било влијание за оваа наводно „наша историја„. Во најголемата универзитетска библиотека во светот нема ниту една единствена книга од наше дете за која било тема, додека од Бугарски и Грчки историчари има стотици. Ама не, ќе речете, пак е тоа пропаганда Грчка, пак е завера. Што да правиме, клета судбина на Македонија - вечита жртва, вечита измеќарка.

* Драчево - квартал во Скопје

http://sataniel.blog.com.mk/node/91139




Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 2198095
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1975
Архив