Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Юли, 2017  
ПВСЧПСН
12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Постинг
15.12.2007 13:39 - „Да прифатиме Северна Македонија“
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 1133 Коментари: 0 Гласове:
0



ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ПРЕДЛАГА
„Да прифатиме Северна Македонија“ 

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ПРЕДЛАГА
Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, во колумна објавена во неделникот „Фокус“, предлага Македонија да го земе името „Северна Македонија“. - Години по ред ги слушаме истите тези дека името е проблем на Грција (а ние се викаме БЈРМ), дека нема да преговараме за името затоа што тоа е света работа (а 15 години преговараме). Ако се точни информациите дека Грците биле подготвени да прифатат име „Северна Македонија“, договорот би значел дека Македонија го задржува уставното име во билатералните договори, а промената на името би се однесувала само при општење со меѓународните организации тоа име да е „Северна Македонија“. Лично сметам дека ова е најповолната можност што досега ја имаме добиено - оценува Георгиевски. Тој го посочува поранешното државно раководство од Киро Глигоров, Бранко Црвенковски, Стојан Андов, Стево Црвенковски и Љубомир Фрчкоски, како и македонските медиуми, за промената на името во БЈРМ, за кое вели дека ќе ни остане и во следните 15 години. Според Георгиевски, одлуката за преименување на аеродромот во Скопје во „Александар Велики“ била „неверојатно глупава“ и им овозможила на Грците да обвинат дека први сме ја прекршиле привремената спогодба за името. Георгиевски оценува дека Македонците бегале од својата етничка припадност, од Миладинови, Прличев, Крчовски, Делчев и Груев, поради што било прифатено културното наследство на античка Македонија, што сега претставува проблем за Грција. Според поранешниот премиер, влезот во НАТО не зависи од спорот за името или од реформите што ги прави Македонија, туку од политичка одлука „директно поврзана со националната кауза на голема Албанија“.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1279&ArticleID=82199




Гласувай:
0
0



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 1329867
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1972
Архив