Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Ноември, 2017  
ПВСЧПСН
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930
Постинг
05.01.2008 11:33 - Христо Татарчев
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 1656 Коментари: 1 Гласове:
0



image

Од Википедија, слободна енциклопедија



Д-р Христо Татарчев (16 декември 1869, Ресен – 5 јануари 1952, Торино, Италија) е основоположник и претседател на Македонската револуционерна организација во Солун.
Основно образование завршил во родниот град. Шести клас на гимназијата завршува во Пловдив. Поради конфликтот со школските власти како претседател на друштвото на учениците во гимназијата не му било допуштено да го полага својот годишен испит и со тоа прекинало неговото натамошно школување.
Студирал медицина во Цирих- Швајцарија и Берлин. Студиите ги завршил 1892 година. По враќањето во Македонија бил поставен за школски лекар во машката и женската гимназија во Солун.
Д-р Христо Татарчев е еден од учесниците на основачкото образование на 23 октомври 1893 година во Солун на ВМОРО, заедно со уште Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов, Даме Груев, Антон Димитров и Христо Батанџиев. На основачкото собрание бил избран за прв претседател на Централниот Комитет. Учесник е во работата на Солунскиот конгрес на Организацијата од 1896 година. На таа функција останува до 1901 година. Тогаш заедно со другите членови на Централниот комитет е уапсен од турската власт. Осуден е на пет години затвор. Бил осуден во Подрум Кале. Овде останува до 19 август 1902 година кога по силата на една амнестија е ослободен од натамошно издржување на казната.
На враќање од Подрум Кале на 30 август 1902 година, во Грција бил уапсен под обвинување дека соучествувал во убуството на некој грчки лекар во Гуменџе. Под притисок на јавноста во Бугарија е ослободен. При крајот на 1902 година е именуван за член на Задграничното претставништво на Организацијата во Софија.
Во востанието непосредно не учествува. Својата работа во ВМОРО ја продолжил и по Илинденското востание. Не бил избран за делегат а според тоа и не зел учество на Рилскиот конгрес во октомври 1905 година. По конгресот повеќе не е член на Задграничното претставништво на ВМОРО. Блиско соработувал со десната струја во Организацијата, за кое бил остро критикуван од Ѓорче Петров и исфрлен од раководството на ВМРО.
Во текот на јануари 1919 година ги споделува мислењата на групата од „Бившата ВРО од Западна Македонија“. Не го потпишал нејзиниот Апел од 9 март 1919 година само затоа што според него не било доволно интонирано националното прашање. Во периодот помеѓу двете светски војни се оддава на публицистиката. Работи на своите спомени. Извесно време по војната живеел во Италија. Во времето на окупацијата живеел во Ресен. По војната заминал во Бугарија од каде во 1949 година оди повторно во Италија каде умира на 5 јануари 1952 година.
Во своите дела Христо Татарчев не еднаш се изјаснува како македонски бугарин и зборува за обединета Бугарија.

ПУБЛИЦИСТИКА НА Д-Р ХРИСТО ТАТАРЧЕВ



Гласувай:
0
0



1. georgiev - Поклон пред светлата памет на ве...
05.01.2008 19:13
Поклон пред светлата памет на великия българин д-р Христо Татарчев!
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 1382952
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1972
Архив