Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Юни, 2017  
ПВСЧПСН
1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930
Постинг
07.01.2008 15:20 - Програма на ОМО “Илинден” - ПИРИН
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 3210 Коментари: 5 Гласове:
0



Обединета македонска организација “Илинден” - ПИРИН
Партија за економски развој и интеграција на населението
во Република Бугарија
 
ОМО “Илинден” - ПИРИН е национална политичка партија во Република Бугарија со либерални и демократски принципи и политика изградена врз основа на Бугарскиот Устав и законодавство, Рамковната Конвенција за Заштита на Националните Малцинства и сите други меѓунардони документи, чии потписник е Република Бугарија.

Партијата ОМО “Илинден” - Пирин е наследник на очигледно најпостојаните и најконструктивните традиции на упорните организации во Пиринска Македонија - на ВМРО од период на нејзиното формирање до смртта на Јане Сандански во 1915 година, а е обновена во 1990 година под името ОМО “Илинден”. Таа јасно и дистинктивно се разликува од историјата на ВМРО од периодот од 1915 година до 1934 година под раководството на Тодор Александров и Ванчо Михајлов - која како организација се обнови како ВМРО-СМД во 1991 година, а и од определени екстремни и сепаратистички девијации во ОМО “Илинден”.

Целокупната политика на нашата партија е заснована на универзални и непроменливи вредности, дефинирани во Повелбата за Човекови Права. Правдата, слободата и правото за само-определба се водечки принципи на нашата општествена активност.

Ние работиме на конечната демократизација на општествениот живот во Република Бугарија. Ние, вистински и трезвено, ги препознаваме позитивните промени во минатите години кои доведоа до нашата регистрација; но мораме да напоменеме дека во однос на малцинствата, бугарската влада и законодавство се далеку од воспоставените европски норми. Показатели за ова се однесувањето на бугарските пратеници, бугарското судство, државните безбедносни органи, локалните власти итн.

Денес, нашата земја се соочува со проблеми кои не можат да бидат брзо или лесно решени. Наближува еден тежок период на поднесување на амандмани на националните закони и националната политика, особено во полето на националните малцинства и етничкото население, социјалната политика, зачувување на духовните вредности и многу други. Процесот за се-европска интеграција денес создава нови реалности и можности за сите луѓе и затоа, ОМО-ПИРИН ќе работи на забрзување на ваквите неизбежни процеси во државата. ОМО-ПИРИН е современа демократска партија ориентирана кон Европа и отворена за сите граѓани на Република Бугарија кои ги прифаќаат нејзините правни документи и нејзината програма. Ние се залагаме за интеграција на Бугарија во Европското демократско и хумано семејство, за Балкан и Европа без граници, за еднакви права на сите граѓани без оглед на нивното етничко потекло, религија и општествен статус. Ние работиме на зачувување на духовните вредности, традиции и култура на населението од областа на Пиринските планини и бегалците од Вардарска и Егејска Македонија кои се населени низ целата територија на Бугарија. Ние осудуваме каква било форма на насилство, екстремизам и национализам врз поединците или нивните принципи, без оглед на тоа дали тоа е спроведена од државата, партијата, групи или поединци или не. Во својата работа, ОМО - ПИРИН се води според следните принципи: Демократија; Политички, економски и духовен плурализам; Општествена Правда; Почит кон личноста и Слободата на волја за секој поединец; Ненасилство; Соработка со сите конструктивни политички и други организации врз основа на еднаквост на правата и заедничка заштита на интересите; Комплетна консолидација на општеството во врска со хуманите вредности. ГЛАВНИ ЗАЛОЖБИ I. ЧОВЕКОВИ И ГРАЃАНСКИ ПРАВА И ДЕМОКРАТСКИ УСТАВ 1. ОМО - ПИРИН ќе работи на забрзување на реформите во Република Бугарија, кои треба да се засновуваат на обновен и модерен устав кој е во согласност со концептите за слобода и еднаквост на сите граѓани без оглед на нивните етнички, верски, политички и други разлики; устав кој ја зачувува етничката самоопределба и традициите на населението кое живее во областа на Пиринските планини. 2. Ние сметаме дека од посебна важност е зачувувањето и проширувањето на правото на граѓаните да формираат независни и слободни јавни организации и асоцијации, вклучувајќи ги тука и политичките партии, преку кои тие можат да се изразуваат себеси во општествениот и политичкиот живот во земјата што е во согласност со Европската Конвенцијата (Чл. 11 и 14), ратификувана и од Република Бугарија во 1992 година. 3. Неопходно е, со законодавни средства, да се ограничат правата на извршната власт во однос на граѓаните и малцинствата. Законодавството, до максимум, мора да биде во согласност со регулативите на Повелбата за Човекови права. Ние стоиме пред една радикална реформа на Кривичниот Закон и пред поништување на рестриктивните регулативи за етничките малцинства. 4. Пристапот кон сеопфатни информации и можноста за јавно изразување на различни гледишта е основно право на секој граѓанин. Затоа, ние ќе работиме кон поништување на цензурата и националистичкиот монопол на медиумите - ТВ, радио и весници. 5. Ние веруваме дека со сегашното бугарско законодавство, непримањето на ОМО-ПИРИН во општествениот и политичкиот живот на државата, како и постојаниот притисок врз неа и нејзините членови претставува дискриминација кон едно етничко малцинство, кое е заштитено преку партијата. 6. ОМО - ПИРИН инсистира на реставрацијата и заштитата на националното и културното богатство на македонците како бугарски државјани, а особено на заштитата на етничката, културната и јазичната оригиналност на сите национални малцинства во Република Бугарија. 7. Ние го почитуваме слободното изразување на религиите, вклучувајќи го и правото на секој поединец да даде или да одбие верска наобразба според негов избор; ние ја признаваме улогата на различните религии во областа на Пиринските планини во опоравувањето на општеството и заштитата на човековите вредности. 8. ОМО - Пирин остро ја осудува толеранцијата на Република Бугарија кон разните националистички организации и асоцијации како што е на пример ВМРО-СМД итн., кои пренесуваат националистичка омраза и нетолеранција што е во спротивност на принципите кои се содржат во Рамковната Конвенција. 9. Со нашата работа ние ќе придонесеме на создавање на средина која ќе се состои од доверба, взаемна толеранција, почит и автономност помеѓу сите етнички малцинства, верски заедници и здруженија на граѓани. Нашата работа нема да шири омраза и нема да поттикнува насилство и тероризам. II. НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА И ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА 1. ОМО - ПИРИН ја насочува својата надворешна политика кон комплетна демократизација и хуманизација на Република Бугарија во согласност со принципите кои се содржат во меѓународните документите, чиј потписник е и нашата земја. 2. Ние го земаме предвид и фактот кој вели дека, доколку Република Бугарија не е полноправен член на Европската Унија и нејзините структури, нема да се постигне посакуванта цел - отстранување на балканските и европските граници. Затоа, ние постојано и силно ќе ја подржуваме Република Бугарија во нејзиниот пат кон Европската Унија. 3. Ние остро и дефинитивно ги осудуваме кои било тоталитарни и анти-хуманистички режими на Балканот и насекаде низ светот кои наспроти меѓународните документи, договори и конвенции продолжуваат да ги нарушуваат човековите права и основните слободи. Ние ќе продолжиме да ги подржуваме сите репресирани народи и етнички малцинства во согласност со меѓународното право. 4. ОМО - ПИРИН се залага за избалансирана балканска политика насочена кон ширење на соработката со соседските земји и стабилизација на регионот со оглед на историската реалност на крајот од 20 век. 5. Ние постојано ќе работиме кон елиминирање на какво било нарушување на историјата, територијата, културата и јазикот на која било соседска земја со своето различно етничко население. 6. ОМО - Пирин се залага се постојано подобрување и конечно смирување на односите помеѓу соседските земји каде што живеат македонци врз основа на взаемни концесии и взаемно добитни односи со целосна почит на територијалниот интегритет и суверенитет на секоја одделна држава. 7. Партијата ОМО - ПИРИН и организациите од соседските земји Грција, Македонија и Албанија кои се блиски до нејзината програма и дух ќе работат на создавање на мост за соработка и разбирање помеѓу овие земји. 8. Ние сме уверени дека патот за интегрирање на Република Бугарија во Европската Унија и отстранувањето на границите поминува низ Македонија и мислиме дека првиот чекор од овој пат е отстранување на бариерата помеѓу Бугарија, Грција и Македонија. 9. ОМО - ПИРИН верува дека главниот критериум за демократизмот на која било политичка партија во соседските земји и во Република Бугарија, со кои би можело да се одржуваат контактите, е признавањето на македонското етничко малцинство во согласност со Рамковната Конвенција и Повелбата за Човекови Права. III. ОПШТЕСТВЕНА И ЕКОНОМСКА ПОЛИТИКА 1. Во сферата на својата општествена политика, ОМО - ПИРИН ќе работи кон ефективно и пропорционално вработување на работна сила и против скриеното вработување, чие е што ниво е особено високо во Пиринска Македонија поради голем број на причини. Ние ќе се залагаме за правото секој поединец да добива фер компензација за неговиот/нејзиниот труд, без оглед на формата на работа или работното место. 2. Ние се залагаме за нов, еднаков систем на социјално осигурување кој ќе биде ефикасна подршка на луѓето на кои тоа им е потребно; кој ќе гарантира праведна подршка на хендикепираните луѓе; кој ќе ги подржува невработените; кој ќе обезбеди доволно покривање при затворањето или преструктуирање на непрофитните претпријатија. 3. Човечкото здравје е од големо значење за нас и ние се залагаме за нов систем за здравство кој ќе ја гарантира исплатата на медицинска помош од специјализираните фондови без директна партиципација од страна на пациентот. 4. Ние ги заштитуваме семејните интереси и македонските традиционални семејни вредности и ние ќе се стремиме кон создавање на услови, во кои раѓањето, воспитувањето и образованието на децата ќе претставува радост а не преголем товар за нивните родители. Репродукцијата на нашата нација е еден од нашите најзначајни социјални приоритети. 5. Посветуваме особено внимание на луѓето осамени поради миграцијата или други причини, инвалидитите, запоставените, несреќните и сиромашните луѓе. Мислам дека бугарската влада им должи многу на сите нив. 6. Една од главните цели на ОМО - Пирин во полето на економската и бизнис политиката е да се зголеми животниот стандард на населението и да ги заштити интересите на секој поединец, кое што може да се постигне преку: а. Широко и ефикасно учество во прифаќањето на резолуциите од страна на Република Бугарија, а кои се од витално значење за Пиринска Македонија б. Хармонизација на бугарското законодавство од областа на економијата со она од европските закони, што ќе значи отворање на вратите за странски инвестиции и нови технологии, а без кои земјата нема да може да излезе од економската криза. ц. Градење на систем на производство кој е во согласност со барањата и стандардите кои се однесуваат на околината. д. Градење на раководствен систем на локален персонал со учество на малцинствата, кои се непосредно заинтересирани за економскиот просперитет на населението од Пиринска Македонија. 7. ОМО - ПИРИН се залага за создавање на релативно само-вредна и само-раководена пазарна економија врз основа на кантонска поделба со своите барани компоненти: комодитет, акции, лизинг, работна сила, парични кредити и берзи на странски валути; вклучувајќи го тука и нивното взаемно дејствување и прилагодување. 8. Ние се залагаме за комплетна еднаквост на правата на сите видови на сопственост што претставува предуслов за нормализација на економијата на комодитет-парични средства, на нашите економски традиции и новите пазарни закони и барања од страна на Европската Унија. 9. Ние дефинитивно инсистираме земјиштето да се врати на сопствениците во природни граници што ќе претставува гаранција за реставрацијата и развојот на сточарството и земјоделството кои се карактеристични за Пиринска Македонија. 10. ОМО - ПИРИН верува дека балканските земји им одземаа земјиште на илјадници македонски мигранти за време на војните и поради разни договори. Денес, правата на сопственост и државјанство на овие граѓани треба да бидат вратени со законска регулатива. А Владата на Република Бугарија треба да гледа на оваа иницијатива како на приоритет. 11. Ние сме уверени дека вистинскиот сопственик не треба да биде државата, туку општините на чија што територија тие се наоѓаат. 12. Ние мислиме дека улогата на бугарската држава во економијата во Пиринска Македонија треба да се гледа во создавањето на услови за слободна активност на сите производители, без оглед на формата на сопственост, за активна подршка на производителите при извозот на нивните производи на светскиот пазар; даночни олеснувања за стоката извезена на балканските пазари. 13. Ние се залагаме за напреден систем на оданочување, кој нема да ги попречува, туку ќе ги поттикнува и стимулира претпријатијата на граѓаните особено во традиционалните сфери: тутун, сточарство, лесна индустрија, производство на храна, одгледување на грозје и производства кои се поврзани со тоа. 14. Во сферата на транспортот кој е од особена важност за Пиринска Македонија, ние се залагаме за доминантен развој на оваа економска гранка за отворање на нови главни сообраќајници кои ќе не поврзат со Република Грција и Република Македонија. 15. Ние веруваме дека развојот на туризмот и балнеотерапијата се од посебен интерес за животниот стандард на населението од областа на Пиринските Планини, а затоа треба да се развие посебна програма за оваа економска гранка која особено ќе се однесува на потребите на локалното население кое живее во долините на реките Струма и Места. 16. ОМО - ПИРИН верува дека некои помалку заборавени видови на производство: одгледување на свилени буби, одгледување на ориз итн. можат да се обноват со долгорочна инвестициона програма за користење на водите на реките Струма и Места. IV. ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА И ОКОЛИНАТА 1. Пиринска Македонија е регион кој поседува фантастични природни ресурси, неспоредливи и уникатни природни и архитектонски места; некои од нив се единствени во Европа и се од значење за светското природно наследство. Според нас, ним им е упатени сериозна закана поради безскрупулозната политика на бугарската влада на полето на заштитата на околината. 2. ОМО - ПИРИН инсистира на јасни и специфични закони кои треба да се донесат од страна на бугарските власти во врска со ограничувањето на загадувањето на воздухот, водата и почвата покрај реките Струма и Места, заради зачувување на необновените природни ресурси. Вакви случаи се: изградбата на деривацијата Дјерма - Скакавица и Договорот за изворот на реката Места, изведени зад грбот на локалното население. 3. На заштитените природни места во Пиринска Македонија потребни им се посебни програми за зачувување и развој, а интересите на локалното население треба да бидат најважни при нивната избработка. Ова е единствениот начин да се обезбеди сегашната и идната хармонија помеѓу човекот и природата. 4. Проблемите поврзани со загадувањето на околината не можат да се решат без да се елиминираат причините. Затоа, ние веруваме дека е неопходно да се ја доведеме економија во нашиот регион во согласност со еколошките стандарди: идустријата, производството на електрична енергија, земјоделството и транспортот. Неопходно е да постојат современи и оперативни закони за заштите на околината, политика на оданочување, нови еколошки технолошки решенија . 5. Зачувувањето на нежната еколошка рамнотежа во Пиринска Македонија е едиствено возможна со активна работа на луѓето и финансирање на посебни програми преку специјални граѓански фондови, организации и меѓународни организации како на пример ФАРЕ. Доколку бугарската влада не помогне, тоа не треба да ни претставува пречка. V. ПОЛИТИКА ВО ДУХОВНАТА СФЕРА 1. ОМО - ПИРИН особено се залага за зачувување и обновување на етносот, обичаите, културата и историското наследство на македонското етничко население во Републлика Бугарија кое беше уништувано, дискредитирано и заменувано со постојаната политика на државните власти во последните неколку децении. 2. Ние веруваме дека нашиот духовен опстанок и обновувањете на културната етничка целина на македонското малцинство во Република Бугарија и во другите балкански земји, во Европа и во светот се постојано присутни во нашите цели и во нашата постојана работа и тоа во три главни сфери според Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства од 1994 година: - Реставрација на националните македонски симболи и традиционалните македонски празници, семејни традиции и обичаи; - Радикална духовна прествртница на Опстанокот и Осветлувањето на македонците во Република Бугарија; - Слободно изразување на главните религии во нашата област почитувајќи ја водечката улога на Светата православна црква. 3. ОМО - ПИРИН инсистира на изедначување на Календарот на празници на македонците од трите дела на Македонија кои во моментот ги слават верските празници на различни датуми. 4. Како регистрирана организација, која се грижи за заштитата на човековите права и слободи на македонското етничко население во Република Бугарија, ние инсистираме партија ОМО - ПИРИН да го добие правото и материјалната подршка од бугарската држава за слободно и непречено издавање на своите едукативни и пропагандни материјали - во регионите со македонско население. 5. Ние инсистираме на овозможување и поттикнување на слободна размена на ученици, студенти и наставници како и научна литература помеѓу училишта, институти и универзитети во сите балкански земји и други држави каде то живеат македонци. 6. Ние особено се залагаме за креативна размена на културни вредности помеѓу различни институции од областа на културата во различни држави во кои живеат македонци: изложби, изведби, читања, итн. 7. Ние се залагаме за слободна размена на црковна литература и свештени лица помеѓу сестринските Православни цркви на Балканот - Бугарската, Грчката и Македонската црква. 8. ОМО - ПИРИН остро го осудува спорот кој во моментот владее во Светата православна црква на Пиринска Македонија и веруваме дека не треба да се дозволи пристап до црквата на свештени лица кои ја политизираат вербата и кои служат на интерес кој не им е близок на верниците. 9. Веруваме дека е потребно да се направат законодавни измени на статутот на музеите во Пиринска Македонија, кои ќе им обезбедат зголемување на музејските фондови, враќање на архивските материјали и изложбените предмети одземени во текот на годините и слободен пристап до културните и историските вредности. 10. ОМО - ПИРИН се залага за даночни олеснувања и стимулирање на добротворни активности во полето на културата и уметностите.

http://www.omoilindenpirin.org/documents/program_m.asp


Тагове:   Пирин,   ОМО,


Гласувай:
0
0



1. bugarash - КОНСТИТУЦИЯ НА РЕПУБЛИКА БЪЛГАРИЯ
07.01.2008 15:24
Чл.11.
(4) Не могат да се образуват политически партии на етническа, расова или верска основа, както и партии, които си поставят за цел насилствено завземане на държавната власт.
Чл.44.
(2) Забраняват се организации, чиято дейност е насочена срещу суверенитета, териториалната цялост на страната и единството на нацията, към разпалване на расова, национална, етническа или религиозна вражда, към нарушаване на правата и свободите на гражданите, както и организации, които създават тайни или военизирани структури или се стремят да постигнат целите си чрез насилие.
цитирай
2. georgiev - Има няколко основни неща, които т. ...
07.01.2008 22:06
Има няколко основни неща, които т.нар. "македонисти" не искат и да чуят. Защото никой не може да заглуши истината. А истината за българския характер на географската област Македония е толкова очевадна, че се набива на очи.
1. Всички историци в света знаят, че Василий ІІ е набечен Българоубиец, защото е ослепил 14 хиляди български войни на българския цар Самуил.
2. Всички българи разбират езика на жителите на сегашната република Македония без никакъв преводач.
3. Големите български политици и общественици Андрей Ляпчев, братя Миладинови, Григор Пърличев и редица други българи са от географската област Македония и винаги са декларирали българския си произход.
4. Светите братя Кирил и Методий са чисти българи - създателите на българската азбука.
5. Гоце Делчев, д-р Христо Татарчев, Дамян Груев, Тодор Александров, Иван (Ванчо) Михайлов, Владо Черноземски, Пере Тошев, Васил Чекаларов, Кирил Дрангов и хилядите знайни и незнайни активисти на ВМРО винаги са декларирали, че са българи и че се борят за свободата на македонските българи.
6. България се състои от три географски области, в които живеят българи - Мизия, Тракия и Македония.
7. Учениците на св.св. Кирил и Методий - св.св. Климент, Наум и Ангеларий са послещнати от българския княз Борис І Покръстител, на който са предоставили българската азбука.
8. Винаги, когато посещавам сегашната република Македония говоря с местните хора без преводач, защото обратното означава да "превеждам" от български на български. Което е абсурдно и смешно.
9. Вардарска Македония до 1945 г. принадлежеше към Майка България.
10. Кръвта на вода не става. Това го знаят всички българи в Пиринска, Вардарска и Егейска Македония.
11. Т.нар. "активисти" на незаконната (Х)ОМО - Илинден са шепа родоотстъпници, които са се отрекли от българския корен на дедите си.
Това са само една малка част от всеизвестните факти, които са ясни и на децата.
България над всичко!
цитирай
3. karavelov - Абе бягай ги тия бе! Имат огромната ...
08.01.2008 21:19
Абе бягай ги тия бе! Имат огромната членска маса от няколко озверени алкохолизирани старчета!
цитирай
4. анонимен - какви такви
15.01.2008 00:43
а интимните сношения на канзуров и стаматовски и какви коли карат и колку станове са купили! од чи пари да не са ги спечалили!и двамата са от ниско класни фамилии кои са нашле утока в идеята за българска македония а друг е впроса кой ги финансира?
цитирай
5. анонимен - Дорде е мъничка змията...
09.02.2008 00:23
БЕЖАНЦИ:

ТРИ ЦРНИ МЕГУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ:

БЕРЛИНСКИ ДОГОВОР /1878/
БУКУРЕЩКИ МИРЕН ДОГОВОР /1913/
НЬОЙСКИ ДОГОВОР /1919/

както и три въстания:

КРЕСНЕНСКО-РАЗЛОЖКОТО / 1878-1879/
ГОРНДЖУМАЙСКТО / 1902/
ИЛИНДЕНСКО-ПРЕОБРАЖЕНСКОТО / 1903/

принуждават огромни маси бежанци
да потърсят спасение в отечеството - майка.
Историческите причини може и да са различни,
но мъката и страданието са едни.

През 1925 година броят на бежанците
от Македония и Одринско надхвърля 700 000 души...

Останали без дом, без земя, без средства за съществуване,
всички те разчитат на българската държава.
Правителството на Андрей Ляпчев / родом от Ресен /
приема "Закон за бежанците".
Под контрола на Обществото на народите,
в лицето на специалния министър Рене Шарон,
на България е отпуснат 2 247 202 лири стерлинги заем,
използван за оземляване, за жилища, за работен добитък,
за инвентар и семена.
От заема са се възползвали 40 000 бежански семейства...

Една огромна част от политическия , икономическия
и културен елит на България произхожда от Македония.
На какво се дължи това?
Поради исторически стеклите се обстоятелства,
македонските българи са с най-изострена чувствителност
спрямо всичко, което касае род и родина...

/ ОМО ,,Илинден" иска чрез международен съд да бьде осъдена днес
българската държава за заплащане на репарации
за страданията и мъките, причинени от действията на България." / !?

Фактите показват, че ОМО-"Илинден" има подкрепата
на по-малко от 0.5 %
от наследниците на македонски родове в България.
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 1319682
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1972
Архив