Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Септември, 2017  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930
Постинг
12.01.2008 11:50 - Мара Бунева и нејзината порака
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 1480 Коментари: 1 Гласове:
0

Последна промяна: 12.01.2008 11:52


 image

Историјата нема  само светли страници“ - Мара Бунева. 

Деновиве, веќе традиционално, повторно врева и разногласие по повод годишнината од атентатот на српскиот “државен чиновник”, правниот советник во Скопската жупанија Велимир Прелиќ, врз кого, како потсетување за оние кои не се во тек на серијалот “Атентат на кејот на Вардар”, пукаше Мара Бунева.

И за да биде појасно, би предочил на одделни факти, битни за согледување во каков општествено-политички контекст се случил настанот.

Во време на извршувањето на атентатот, Македонија била под српска окупација. Големосрпската државна политика како приоритет го имала посрбувањето на македонскиот народ, промена на структурата на населението, преку колонизирање на определени територии со луѓе лојални на српскиот двор, во делот кој тие го имаат окупирано, вршење перманентна репресија и насилство врз се она што не размислува српски, а во часовите на одмор, наместо рекреација, во скопските затвори им помагале на македонските студенти да се ослободат од тешката живејачка со бесплатна храна и ќотек.

Токму измачувањето на македонските студенти ќе биде непосреден повод за истрелите на улица Војвода Путник, на местото спроти тогашната печатница Стара Србија. И кога некој со своето дело, во случајот Мара Бунева, јасно го покажува својот став, испраќајќи порака колку големосрбијанците биле добродојдени овде, во Македонија, одделни структури и ден-денес, сакајќи да продадат магла, кажуваат приказни за нејзиниот морал, пробугарска настроеност, идеолошка матрица, што е далеку од суштината на нештата.

Впрочем, кога некој од “пристојна оддалеченост”, во името на Македонија и македонскиот народ, пука во еден од главните протагонисти на измачувањето на македонските студенти во 1927 г., внимавајќи притоа да нема колатерална штета во лицето на телохранителот на Прелиќ (Албанец, кој признал дека можел да биде застрелан до моментот на доаѓање на жандарите) и добивајќи симпатии за својата храброст од оние од кои најмалку се очекува, заслужува почит. Ако не ние, тогаш оваа храброст и патриотизам ја потенцираше дел од печатот со слободарска провиниенција, како што е парискиот весник Л,ивр, кој пишувајќи за убиствата на Македонците извршени од страна на српските власти, за извршениот атентат Мара Бунева ја споредува со Шарлота Корде.

На нас останува, на кој начин и дали ќе ја обновиме меморијата за Бунева, Кралев, Лилинков, Развигоров и многу други кои стрелаа во претставниците на тогашната српска власт во Македонија. Нашето одрекување други го користат не само за нивно присвојување, туку и за присвојување на нашата историја која, како и кај сите истории, нема само светли страници.     

А за тоа како нашата, македонска историографија ќе се произнесе за ликот и делото на многумина Македонци кои без разлика на нивната национална определба имаат придонес во изодувањето на патот до нејзината самостојност и независност,треба “најпрво да се ослободиме од предрасудите”, што на некој просрпски и пробугарски структури во Македонија и по петнаесетгодишна самостојност на Македонија тешко им оди.

Најпрво треба да се ослободиме од предрасудите, Декарт. 

prezemeno od МАРКО КРАС



Тагове:   Мара,


Гласувай:
0
0



1. georgiev - Поклон пред светлата памет на ве...
13.01.2008 15:58
Поклон пред светлата памет на великата българка Мара Бунева! Бог да я прости!
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 1356858
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1972
Архив