Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Постинг
27.01.2008 09:02 - Свест за национален интерес
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 3401 Коментари: 1 Гласове:
0



Преземено од Фокус бр. 656
Пишува: Никола Младенов

""Најпокорниот сојузник на СССР, денес е во НАТО и има американски бази на својата територија. Бугарија е и во ЕУ, па веќе срка мед и од европските фондови . Но, за жал на нашите бугарофоби, НАТО и ЕУ нема да се распаднат, затоа што гледаме дека дека со нив се ујдисал и нашиот источен сосед, кој "секогаш" е на погрешната страна. Како и секое мудро јагне, и Бугарите од две мајки цицаат. Минатата недела, со Путин потпишаа 10 милијарди евра вредни руски инвестиции во Бугарија. Што велите, сеуште се "затуцани" тоа "Бугариштата"? 

image Се сеќавате ли на времето, кога за Бугарите се говореше со нескриен презир? Eм нај­големи послушници на Советскиот сојуз, eм најглупави восите можни вицови. Наспроти нив - НИЕ, гордите ем умни креатори нa автентичниот пат вo социјализам со човечки лик. Ниту Исток, ниту Запад, а за Бугарите - Американци. Ако нe се сеќавате, тогаш бездруго сте читале или слушале нечии сеќавања за тие "златни времиња" . Bо наводници, нормално, оти, меѓу останатото, златото трае нешто подолго од три-четириесет години. Нејсе, тие времиња се далечно минато за сите оние што разбраа дека Берлинскиот ѕид е срушен, исто како и Варшавскиот договор, сосе СССР eм СФРЈ. На меѓународната сцена остана една голема сила. 3а милоста на Вашингтон и Западот воопшто, почнаа да се борат сите бивши комунистички земји. Bо таа трка, Софија се покажа неспоредливо поуспешна од нас. Разбира се, затоа што тие "си беа и останаа подлизурковци" кои без особена тешкотија го сменија стопанот, па, наместо Руси, многу песно почнаа да глумат Американци!

Демек, проблемот беше во нашата прочуена кичма, т.е. вековна навика да cи бидеме свои нa своето и никому да нe попуштаме, доколку нe нe’ есапи за рамноправен парт­нер. Тоа е, формално, аргументација од неврзан , ѓоа југословенски маштаб, а, всушност, станува збор за најобична бесмислица, заснована на шумадиските јуначки приказни, нa кои би им поза­видел и најкреативниот риболовец. Едноставно, нe им беше лесно на нашите просрпски ориентирани елити да ја признаат политичката вештина на нашиот источен сосед. Објективно гледано, нe пос­тои посткомунистичка земја со толку богата истори­ја нa коленичење и правење отстапки пред Западот, како што е нашава, но, ѓавол да го земе, признани­ето е особено тешко, доколку треба да се адресира нa Бугарија!

Имено, Софија веќе петта година е таму каде што ние сеуште Бога молиме да добиеме покана за прием. И, нe само што е вo НАТО, туку нa своја територија има и американски воени бази. Пустата, од нео­дамна има и свој генерал во Скопје, задолжен за помош нa нашите Северно-атлантски аспирации. Почнува втората година и од нејзиното членство во организацијата, која може вечно да cи игра дрндуп­ка со Македонија, а ние везден да тврдиме дека нејзиното потпикнување е ептен пријателски однос кон нос, нејзиниот најголем следбеник. Да, за Европската Унија станува збор, од чии фондови Бугарија веќе влече стотици милиони евра, а ние, премудрите, сеуште немаме ниту датум за прегов­ори. Ho, зар помисливте дека нашите бугарофоби ќе го спуштат надмениот тон? He, напротив, тие само остроумно констатираа, дека НАТО и ЕУ, баш и не се некое особено друштво, штом се ујдисале со држави како Бугарија. Оти, нели така, Софија отсекогаш била нa погрешната страна, која трпела историски порази и исчезнувала од политичката сцена?

За објективните, пак, сево е очебиен доказ, дека источниот ни сосед беше повешт во светот што го контролираше семоќниот Вашингтон. Меѓутоа, шокот дојде минатата недела, кога стана јасно дека Бугарија ќе биде светлосни години пред нас и во ерата нa мултиполаризмот. Bo Софија е потпишан договор со Путин за 10 милијарди евра вредни руски инвес­тиции во Бугарија. Завршени се преговорите за нафтоводот Бургас-Александрополис; усогласени се интересите за магистралниот гасовод, кој треба да стигне до Италија и Западот; затворена е финан­сиската конструкција за нуклеарката во Белене, а Прванов нe пропушти да заблагодари за Путиновата помош и при влезот на бугарските градежни ком­пании во Москва и олимписко Сочи. Плус, во скора иднина може да се смета нa јакнење на соработката на воен, туристички, културен, образовен план. После американските школи, Бугарија многу брзо ќе добие и руски универзитет. Машала..!

Значи, некогаш најпокорниот сојузник на СССР, денес е вo НАТО, со американски бази вa својата територија; крка дебели средства од фондовите нa ЕУ, ама, и слепците белким веќе гледаат, сето тоа нe го исклучува терањето бизнис и со Русија. Мудро јагне од две мајки цица. Што ќе кажат на на ова нашите фрчкоидни геостратешки експерти? Што ќе кажат токмаците од божемната ни политичка елита, кои нe смееја ниту Р од Русија да спомнат сиве овие години на "пушење" кај Западот? He ги слушам нешто, сите тие лицемери, кои втора деценија пo староруски со Македонија владеат, а за големи западњаци сакаат да се прикажат? Мачката ли им го изеде јазикот на сите "геостратешки чистотници" кои нe дозволуваа ниту елементарнапопитичка критика кон стратешките ни сојузници" а нe, пак, економска соработка со "непријателската" Русија, на чии пазари, барем до скоро, можевме нешто и да извеземе? Смрдежите cега молчат, надевајќи се, веројатно, дека тишината може да им го прекрие смрадот ем срамот!

Како Бугарија успеа да го изведе сево ова? Несомнено, постојат повеќе причини за постигнатото, меѓутоа, за нас се клучни само две. Колку и да звучи непријатно, Бугарите докажаа дека имале две работи што нам ептен ни недостасуваат - демократија и свест за националниот интерес. He дека нивната јавност нe е поделена околу актуелнава состојба. He, прозападниот дел од бугарското општество е незадовопен денес, пo потпишаниот договор со Русија, како што своевремено беше незадоволен прорускиот блок, при бугарското пристапување во НАТО и ЕУ. Меѓутоа, суштинската разлика е во тоа што кај нас, природните разлики вo мислењата нe беа воопшто дозволувани во јавниот ни живот. Нашата божемна демократија познава само дисквалификувани проруси/ предавници и глорифи­цирани проамериканци/ патриоти. Bo атмосфера нa оневозможен дијалог, нема шанси за вистинско дефинирање и спроведување на националниот интерес. Тоа е идеален простор за измамници, кои нe гледаат подалеку од носот и сопствените џебови! Во Бугарија нема демократија, затоа што нe го признаваат нашето малцинство?! Па дa, нe се ни сомневав дека прдежите ќе смис­лат некој стопроцентно патриотски одгов­ор. Затоа, впрочем, нe ни спомнав дека Грција стокми 1,2 милијарди евра за руски возила во нејзината НАТО армија. Бездруго ќе и се изнасмееја в лице нa кутрата Атина, која очигледно заборавила дека демократијата со пари нe се купува!




Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

1. анонимен - За какво малцинство говори автора? ...
28.01.2008 21:54
За какво малцинство говори автора? Във Вардарска Македония живеят 1 милион българи. Когато политиците и историците в БЮРМ признаят българската идентичност на хората там, тогава ще дойде и успеха за ЕУ и НАТО
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 2195247
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1975
Архив