Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Май, 2017  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Постинг
11.08.2007 10:17 - Љубчо Георгиевски бугарски амбасадор во Македонија ?
Автор: bugarash Категория: Новини   
Прочетен: 3611 Коментари: 7 Гласове:
1

Последна промяна: 11.08.2007 11:39


 Љубчо Георгиевски бугарски амбасадор во Македонија

Скопје /10/08/ 17:08

Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски најави дека во септември ќе биде назначен за амбасадор на Република Бугарија во Македонија.

Ниту една надлежна државна институција во Софија ова тврдење кое наликува на првоаприлска шега, денеска не сакаше ниту да го потврди, ниту да го демантира.

Георгиевски ова го изнесе во соопштение до медиумите во Македонија во реакција на големиот публицитет на неговото активирање во кампањата за локалните избори во Бугарија.

„Ако за ова во македонските медиуми се напишаа толку многу коментари, што ли се може да очекувам да напишат на 1 септември, кога ќе чујат дека сум назначен за амбасадор на Република Бугарија во Македонија“, наведе екс премиерот Георгевски.

http://www.makfax.com.mk/look/novina/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=2&NrArticle=79046&NrIssue=421&NrSection=10

Љубчо ќе се врати како амбасадор на Бугарија!?

Што ли ќе напишат на 1 септември кога ќе чујат дека сум назначен за амбасадор на Бугарија во Македонија, ги коментира Љубчо Георгиевски написите во македонските медиуми за неговото политичко активирање во Бугарија.

Поранешниот македонски премиер ја поддржа кандидатурата на Кирил Пендев за градоначалник на Благоевград и смета дека медиумите кренале прав за нешто што е, како што вели, вообичаено и во Македонија и во европските демократии.

„Кога во некоја држава ќе се распишат парламентарни или локални избори, политичките партии се растрчуваат во своите кампањи да внесат што е можно повеќе реномирани странски политичари. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ носеле познати странски политички имиња за да ги пофалат во нивните кампањи и да го повикаат народот да гласа за нив. Во останатите европски држави таа практика е поголема, па дури и актуелни премиери се јавуваат во кампањи на други држави. Само во тој контекст може да се коментира и моето застанување и поддршка на господинот Кирил Пендев во неговата кандидатура за градоначалник на Благоевград“, се вели во соопштението со потпис на Љубчо Георгиевски.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2250ABA905F0DF469C4758B62C2DBD61


ЕКС-ПРЕМИЕРОТ ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ЗА МЕДИУМСКИТЕ ТЕКСТОВИ НИ ПОРАЧА:


Што кога ќе чуете дека сум амбасадор на Бугарија во Македонија?!


Откако медиумите го посочија дека застанал зад кандидатурата на Кирил Пендев за градоначалник на Благоевград, екс премиерот Љубчо Георгиевски испрати допис до сите редакции, во кој вели дека сите партии носат странци за време на изборни кампањи.

- Кога во некоја држава ќе се распишат парламентарни или локални избори, политичките партии се растрчуваат во своите кампањи да внесат што е можно повеќе реномирани странски политичари. Така и во Македонија, и во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ носеле познати странски политички имиња за да ги пофалат во нивните кампањи и да го повикаат народот да гласа за нив. Во останатите евроспки држави таа пракса е и поголема, па дури и актуелни премиери се јавуваат во кампањи на други држави, пишува Георгиевски и порачува дека само во тој контекст може да се коментира неговото застанување и поддршка на Пендев за градоначалник на Благоевград.

- Навистина не знам зошто македонските медиуми креваат прашина за нешто што е вообичаено и во Македонија и во европските демократии. Ако за ова се напишаа толку многу коментари, што ли се може да очекувам да напишат на 1 септември кога ќе чујат дека сум назначен за амбасадор на Република Бугарија во Македонија, пишува екс-премиерот во дописот до медиумите.

Кирил Пендев, кандидат за градоначалник на Благоевград е поранешен директор на Балканска банка, Скопје.




http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DCFA70867411F44A97F3778905438337

 

Љупчо Георгиевски се чуди на вревата околу него

ВМРО-Народна партија до медиумите вчера го препрати писмото потпишано од почесниот претседател на партијата, Љупчо Георгиевски, во кое тој реагира, како што вели, за кревањето прашина што го направија македонските медиуми во врска со неговото вклучување во кампањата на Кирил Пендев, кој се кандидира за градоначалник на Благоевград.

„Ако за ова се напишаа толку многу коментари, што ли може да очекувам да напишат на 1 септември, кога ќе чујат дека сум назначен за амбасадор на Република Бугарија во Македонија“, прашува Љупчо Георгиевски во писменото обраќање.

Тој посочува дека политичките партии на секои парламентарни или локални избори се растрчуваат во своите кампањи да внесат колку што е можно повеќе реномирани странски политичари. Така, смета експремиерот, во Македонија и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ носеле познати странски политички имиња за да ги пофалат во нивните кампањи и да го повикаат народот да гласа за нив. Според Георгиевски, во другите европски држави таа практика е и поголема и, порачува, дека само во тој контекст може да се коментира неговото учество и поддршката во изборната кампања на кандидатот за градоначалник на Благоевград. (П.Р.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4C0595D0A27E0A4C8AC6F3B39D17F1C7


Георгиевски бара разбирање за ангажманот во Бугарија

10.08.2007
Љубчо Георгиевски
 
 

Почесниот претседател на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски се јави, ама со допис. Од медиумите, јавноста и експертите бара толеранција и разбирање за неговиот политички ангажман во Бугарија.

Како што наведува, не му било јасно зошто само кај нас се крева прашина за нешто што е вообичаено и во Македонија и во европските демократии.

„Кога во некоја држава ќе се распишат парламентарни и локални избори, политичките партии се растрчуваат во своите кампањи да внесат што е можно повеќе реномирани странски политичари“, смета Георгиевски.

Опозицијата, Георгиевски како политичар најчесто го обвинуваше за неговиот пробугарски ангажман. Предизвика контроверзии со идејата за поделба на Македонија и преселба и размена на територии меѓу Македонците и Албанците.

По последниот политички излет во Бугарија, од каде веќе доби и државјанство, реагираа и политиколозите - морално е Георгиевски да го врати пратеничкиот мандат, со оглед на тоа што не си ја работи работата.

Тој, пак, одговори во свој циничен стил: „Ако за ова се напишаа толку многу коментари, што ли се може да очекувам да напишат на 1 септември, кога ќе чујат дека сум назначен за амбасадор на Република Бугарија во Македонија“.

Од неговата партија во Македонија ВМРО-НП и денеска без коментар дали ќе се оградат од дејствувањето од нивниот неформален лидер.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=82515



Тагове:   Македони,


Гласувай:
1
0



1. karavelov - OMO-то хептен ще я закъса финанс...
11.08.2007 13:35
OMO-то хептен ще я закъса финансово!:)))))))
цитирай
2. анонимен - Od Persey
11.08.2007 14:02
Јебига...
Ме банираа Бугарашче !!!
Ипак фала за Блогролот
Ме изненадуваш !!!
Ајт Поздрав !!!
цитирай
3. bugarash - persej
11.08.2007 14:06
da be vidov te istrile, jebi ga toa e
цитирай
4. bugarash - prijatele
11.08.2007 14:08
karavelov HOMO odamna go zakasale za pari, neli znaes srbite nemat veke koj znaj kakov interes da gi finansirat
цитирай
5. анонимен - ilija
11.02.2008 22:33
uste malku i rabotite ke ispadnat na videlina-nemoze istoricari so tapija-policiski kodosi-da ni prodavaat basni-treba da se otvori celata makedonska istorija mislam za onaa zabranetata i narodot da osoznae za se sto preziveal ovoj napaten narod-a ne nekojsi blaze ristevskikodosko ime(folkloris)da ni ja tumaci istorijata kako ke mu naredat od vodno-tie luge mislat deka zivejat vo 5000 godina pred nasata era-se zaglavile vo vremeto iprostorot
цитирай
6. анонимен - ilija
11.02.2008 22:38
ne mi se jasni ovie sto baraat od ljupco i od lugeto na vmro-np da se ogradat od bugarija-ocigledno nekoi luge zivejat vo nekosi niven prostor i mislat deka sto kazat oni i treba site da go prifatime-treba site da i pogledneme na vistinata vo oci-da se otvorat site dokumenti-i da se vidi zosto site nasi predci se izjasnuvale kako bugari-a ne pred vreme nekogo da osuduvame
цитирай
7. анонимен - ilija
11.02.2008 22:43
na tie sto ja napagaat bugarija ne im e jasen i zboro bugarija sto znaci-a komentiraat na dolgo i siroko-onoj persej misli deka bil pogolem makedonec od vanco mihajlov-detevo ispileno ama nedopileno-da odis momce da se doskoluvas-si ucel srbsko skolo-od srbin i sto ke naucis koga kralot im e selanec-znaes li momce sto e MAKEDONSKE GRAGANSKA DESNICA-ne znaes i nema da naucis
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 1311323
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1972
Архив