Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Постинг
04.03.2007 21:41 - Меѓу балканските држави владее консензус - во Македониjа се складира човечки отпад
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 4284 Коментари: 4 Гласове:
0

Последна промяна: 04.03.2007 21:43


Македонско дело - Скопjе

 Автобуската станица на коjа слегувам за на работа е во папокот на македонизмот. На триста чекори едно до друго тука се институциите и рожбите на левата инквизациjа: Македонската академиjа на науките и уметностите, Институтот за национална историjа, Институтот за македонски jазик и Македонската радиотелевизиjа. Ако се додаде дека отаде улицата е и Филолошкиот факултет, фали уште новинската куќа Нова Македониjа за топтан урбо бастион. Овде работилниците на Вистината ги поземат приказните за да ткаам митови. Глуви и слепи за се околу нив, но подготвени во секоj момент научно да поддржат секаков миг. И тие од сабаjле се разбудени од турбо музика, и тие купуваат само турбо книги и весници, и тие слушаат околу себе во што се се претвора jазикот, но правоверството им е за пример. Можна ли е Русиjа без Гулази, а Македониjа без леви инквизитори.

 Итаат полни со енергиjа кон работилниците, докажуваjќи jа на дело вообразбата на полубогови секоj ден ако треба да создадат по еден народ. Платеното време за едносменските македонисти е од осум дотри, играњето криенка со вистината тогаш завршува, за попладне немаат наредба да македонствуваат, тогаш сеништата на мисирковиштината дисциплинирано слушат турбо песни. Немаат минато но иднината е нивна, значи и вечноста. Лагата не им е само цел, одамна jа чувствуваат како инспирациjа и творечка возбуда. Им се чита тоа кога излегуваат во два и пол за дома. Не се влечат килаво од издржаната здодевност, туку вцрвенети, со чантичињата под мишка и забрзан бурлескен од, само што не крикнала нивната хеуристичка возбуда. Да се гледаат и игнорираат во работниот век милиони документи што кажуваат друго, на тоа може да прави кариера само тапа и бескрупулозна природа коjа извртуваjќи го документот за еден настан, прави да создаде нов настан. Тоа можеби е познато и препорачливо во белетристиката, но во науката...

 Задолжението е да им биде чисто во царството од триста чекори, во царството на фалсификатите, за она што се случува со Македониjа не се платени. Фелини кога би ги студирал по надворешноста, би нашол многу ликови за кавер верзиjа на Амаркорд. Важноста, видлива врз лицата дека им е поверен ресорот за националните проблеми на селски учители, бивши полицаjци, младински доушници, партиски кадри, се чита од авион. Свесни дека кефалото многу не им фаќа; зашто социjализмот поумните ги уфрлаше во политиката, а шкартот во општествените науки, се трудат да го прескокнат со послушноста. И од нив зборува власта и не дозволува секоj да ги ренда. Државата е зад нив, не смеат да бидат напаѓани и во однесувањето и говорот што е можно повеќе ги поддржуваат водачите. Во демоде костумчињата во кои заличуваат на матичари, да имаше разбирање оваа заедница за нивната благородна мисиjа што jа извршуваат и годишно да им дава по два костума, три кошули, три вратоврски, по два чифта летни и зимски чевли, да користат рекреативен и бањски одмор и уредски да им ги прават вилиците, македонизмот денес ќе беше многу поприсутен во светската култура. И покраj се досега стореното не е за потценување.

 Контактирав со нив како новинар. Целите кабинети и домашните библиотеки им се преполни со бугарски книги и лексикони. Нив смеат да ги читаат само тие, обичниот народ ќе се задоволи со нивните фалсификати. Препиши, длаби на рагионални разлики, бараj недоследности во бугарската наука - докторираj. Отпрвин ми даваа книги на услуга, но кога се сетиjа дека им се потсмевам, не им текна веќе да ме услужат. Сега полициjата им ги варди оригиналите. Ги читам нивните турбо трудови пишувани од што се мора, од конjунктура, како што самостоjна Македониjа jа прифатиjа од немаjкаде и без љубов. Фанатици на сопствениот идиотизам. Секогаш по читањето четива за национални проблеми од наши фанатици на сопствениот идиотизам, ми треба неколку дена да се деконтаминирам. Често се одржуваат митинзи на незадоволство пред парламентот и Владата, но еднаш незадоволниците ако доjдат пред овие македонистички работилници на Вистината и бараат да ги видат оригиналните документи за нивните предци, ќе поверувам нешто големо се случува во Македониjа, незадоволството што им проработило од умот. Револт предизвикан и раководен само од стомак, секогаш се задоволува од наjголемата меѓуножна понуда на власта.

 Државната идеологиjа на македонизмот повеќе од половина век е антибугарството, знак на препознавање за Македониjа без метафори. Идеолошката правоверност е избегнување на секоj начин контакт со Бугариjа дури и со мислите, пуританизам всаден во нас како условен рефлекс. Македонизмот и христиjанството работат на ист принцип, фактор што не смее да се заборава при сите присили за насилно всадување на новата свест врз егзархиското население во Македониjа. На постоjната религиозна матрица само и се дава нова знаковност. Македонизмот како ретко коj фундаментализам, исклучиво бара беспоговорни верници. Ние сме од раѓањето грешни и само со молитва ќе се обидеме да си ги откупиме гревовите, грешни сме затоа што сме родени како Македонци, зашто со вцицувањето на маjчиното млеко го примаме во нас предавството. На Македонец во карактерот му е да биде предавник, тоj е проколнат да биде се друго само не тоа што е, тоj може да сака се друго само не и Македониjа, тоj за се може да се бори и да присвоjува, но го мрази своето, затоа како на никоj друг нам ни треба каење. Секоj што ќе седне до нас е предавник, секоjа маса е со вграден микрофон за прислушување, секоj од нас е шпион барем на три служби... На овоj фолклор на македонизмот, македонистичката интелигенциjа jа гради нашата митологиjа од предавства, неслоги и расколи. Тоа е урдата на македонистичката литература и историjа што секоj петок ни jа сервираат сложните калуѓери. По должината на овие триста чекори не суштествува зборот пораз и сомнеж за чиновниците на македонизмот. За нив како да е помила терминологиjа на внатрешен и надворешен неприjател. Може Македониjа да си ебе маjката секоj момент, може да гори, но македонистите ќе продолжат да се чешлаат и да прославуваат jубилеи и успеси. Во дваесеттиот век од толку многуте славења, деjства и спомнувања на успехот како во ниедна претходна епоха, веќе самото споменување на тоj збор буди сомнеж, но македонистичкиот расадник за турбосвест од триста чекори и оаза на Волтерови Кандидовци. Овде нема текст што е напишан, а да не е од епохално и пирамидално значење.

 Каење, каење и само каење како единствен спас за сторено или несторено, помислено или непомислено, намерно или ненамерно е нивната порака до нас. Добриот Македонец е само покаениот Македонец, верниот Македонец е само исповеданиот Македонец, перспективниот Македонец е бугаромразечкиот Македонец.

 Признатите градови се добродоjдени за партиско-политичките исповедувачи. Од покаjаните грешници наjубаво се регрутираат кадри за македонизмот, jали политичари, писатели или полицаjци, jали се заедно во едно. Jавниот исповед, оградување и избегнување на секаков контакт со бугарски сомнителни елементи и Бугариjа е исплатлива конjунктура во Македониjа. Почне ли некоj без потреба против Бугариjа, jасен е, или ништо не знае или е платен за тоа. Случаjниот контакт со што било бугарско треба да се сведе само на механичко.

 Еден македонски познат поет во еден стих иронично вели, првпат сретнал Бугарин дури во Монголиjа на поетски фестивал, на три илjади километри од тука. Нам ни беше, всушност, забрането да контактираме сами со себе, со сопствената духовност и помнење, од нас насила беше создаван кетмен, вградуваjќи ни jа турбо свеста. Македонецот не треба да гледа ништо подалеку од носот, но треба како мачка да реагира на бугарството. Сите си го кажуваме меѓу себе вицот, ако се искапи Македонец во Црно Море, ќе излезе чист Бугарин, но тоа за суво го земаме.

 Моjата прва средба со Бугари пред дваесетина години не е толку иронична како онаа на поетот, но беше подраматична. Бев гимназиjалец, веќе почнаа да ме привлекуваат девоjчина и наjлесно во селски услови да се врткаш покраj нив е кога е свадба. А на свадба, саботата, покраj другите гости, на домаќините им доjдоа и братучеди од Бугариjа. Сигурно многу се изнамачиле во тие времиња да добиjат излезна виза. Крвта вода не бива, коj од нас нема роднини во Бугариjа, но не излезе на арно како сега што гледам на работите.

 Само селски простилак како што може нешто да изведе, на вечерата, нашите турбо патриоти наjгрубо ги нападнаа гостите. Редоследот се знае: се почнува со политиката на Бугариjа кон нас за да се сврти на краjот на лични навреди. Нашиот соплеменик е доктор по сообраќаjни врски и работел како стручен советник во некое бугарско министерство. На него се сеќаваат тукашните роднини некоj кога ќе падне болен, да им фаќа врски по лекари низ Софиjа. Што значи тоа за наши селани! Тогаш навистина имавме повисок животен стандард, повеќе пиевме пиво во селската продавница, повеќе мочавме зад задружниот дом, но имавме и имаме државно загарантиран државен неприjател кога можевме да го пцуеме колку ни душа сака, а од тоа да се има за децата и некое фаjде. Не помагаа зборовите на гостинот дека се доjдени да се провеселат, да jа остават политиката настрана, дека од татка му секоj ден слушал спомени за родниот краj... Наjстрашното беше што никоj не се наjде да jа прекине кавгата, дури ни домаќините.

 Jас молчев, но во себе бев на страната на турбашите. Пред мене, наjпосле, на живот гледав примероци од нашите наjголеми неприjатели. Македонизмот единствено има сила да сплотува само кога се насочува против бугарството, инаку е надеjствителен. Сведок бев на сплотени наши сили, на нашата компактност како никогаш пред и потоа; да бев поголем и jас ќе припомогнев, немав кусок на омраза кон одродените. Немав аргументи, но имав дразба; нивната енергиjа jа крадев и во мене jа акумулирав. Мразам, значи постоjам. Се чувствувам како имела кога ќе се залепи на високо, столетни гранки на огромни дрвjа, им цица од соковите, има сопствени зелени листови хлорофил да си jа преработи сама храната и да се чувствува високо и гордо, младешки и полупаразитски свежо, повитален од самото дрво што се суши.

 Народниот албански закон му наредува на домаќинот што му дошол гостин в куќа да одговара за него со глава, па дури доjденецот и да е убиец на нивен семеен член. Какви маниjаци направи од нас оваа турбо држава и на свадба штом се караме. Тогаш да знаев дека македонизмот е полупаразит што jава и што може единствено да вегетира залепен на древното дрво на бугарската култура, немаше да дозволам турбуствуjушти изливи врз гостите што дошле некому да му jа зголемат веселбата. Но, времето не се враќа...

 Некаде по полноќ, без поздрав, гостите од Бугариjа си заминаа и не знам дека уште еднаш се доjдени во краjот на татка ми. Утредента, одеjќи по невеста, сватовите се кинеа од смеа од вчера стореното.

 Едното утро, дваесетина години подоцна, веќе вработен како новинар, на парцелата од триста чекори, пред вратата на телевизиjата гледам еден човек со картон околу гуша на коj пишува дека се вика Славе Македонски, писател е од Бугариjа, но е малтретиран од тамошните власти дека се чувствувал за Македонец. Сакав да поразговарам со него, ама пред мене писателот Бошко Смаќоски го зеде за да го шета по директори. Тие вакви жртви чекаат. Се што е некадарно, без оглед од кои краишта потекнува: морално нагризано, и некадарно, тамошната третокласна категориjа, од Бугариjа ќе доаѓа ваму. Бугариjа теба да им посочи на таквите каде наjубаво ќе се снаjдат и самопротврдат, каде е земното царство на мутантите. Овде е збирштината, истресокот од сите балкански племиња. Саглам човек од коj било народ одамна тука не иде, доброто си бега; доаѓаат неолjачите. Балканските држави немаат таков договор, но функционира консензус за складирање на човечки отпад во Македониjа. Последниве години оние што доаѓаат тука се воени престапници од Босна, лумпен пролетери од Албаниjа и Косово, Цигани вратени од Германиjа и Славе Македонски.

 Ви рече ли некоj дека таму му е добро и прави успешна кариера, веднаш почешаjте се под капа. Сон на секоj чесен граѓанин е како да побегне од тука. Тоа ни е главна патриотска должност што со приличен успех jа извршуваме. Секоjа седмица по две славjански семеjства од Македониjа се исселуваат засекогаш.

 Македонизмот е само по себе кич поjава, провинциjалистичко битие.

 Денес jас одам за Бугариjа.

 Младен Србиновски 
http://knigite.abv.bg/ms2/nv2111_8.htm



Тагове:   МЕ,   Македониjа,   отпад,


Гласувай:
0



1. анонимен - Много силен и правдив материал. ...
04.03.2007 23:41
Много силен и правдив материал. Краят на македонската трагикомедия може да дойде по два начина- лош и бавен, и добър бърз. Лошото ще дойде след 20 години, когато албанците ще са абсолютно мнозинство и ще албанизират Македония напълно демократично, със силата на парламентарните и общински избори. За съжаление това е най-реалистичната опция.
Другият способ за решаване на македонския въпрос е вече в сферата на идеалистиката, доколкото предполага съчетаването на множество хипотетични сами по себе си предпоставки. Накратко- в България се установява национално-отговорен режим, който за броени месеци възстановява армията и нейната потенция да води реални войни. Следващата стъпка е ясна- армията навлиза в Македония и се обявява аншлус към България. Албанците правилно разчитат аншлуса като удар върху хегемонистичните си планове, и се вдигат на бунт, при което са подложени на напълно оправдан и крайно необходим отговор от страна на обединена България, а именно- тотален и мълниеносен геноцид над цялото албанско население в Македония, включително жени, деца и старци. Колкото по- бърз е този геноцид, толкова по-ефективен ще бъде. В суматохата може да се подходи творчески, и да се премахнат и всички цигани, евреи, гръкомани и закоравели македонисти, отказали да сътрудничат на новия ред в България.
цитирай
2. karavelov - Цялата идея на македонизма е върху ...
05.03.2007 17:32
Цялата идея на македонизма е върху антибългарска основа!Колкото повече отслабва антибългарската нагласа в БЮРМ,толкова повече ще линее и в крайна сметка ще предаде богу дух делото на Блаже Ристевски и Коневски!
цитирай
3. bugarash - каравелов
05.03.2007 18:59
да пријателе прав си.македонизмот се базира само и единствени врз антибугарска основа.погледни го постот од денес, интервјуто на академик Катарџиев и ќе видиш како се манипулира општественото мнение во Македонија, како се промиват мозоци.
цитирай
4. glishev - Много хубав материал
02.04.2007 19:39
Страхотен материал! Уж не съм примитивен балкански субект, но това тук буди всичките ми татаро-хуно-бугарашки страсти! Поздрави.
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 2184998
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1975
Архив