Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Постинг
08.09.2007 18:47 - Референдум 1991
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 1543 Коментари: 0 Гласове:
0



Од Википедија, слободна енциклопедија image Плакат за промоција на изборите во 1990 година //

Предвечерие на Референдумот за независност

Референдумот во Македонија се одржа во предвечерјето на распадот на СФРЈ. Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определи за градење суверена држава и Декларацијата за независност, на 24 јуни следната година Словенија прогласи независност. Веднаш по тој чин дојде до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир заврши за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.

Истиот ден заедно со Словенија, врз основа на одлука на Саборот независност прогласи и Хрватска. На 6 мај избија нереди, а потоа дојде и до престрелки во и околу поморската база "Лора" во Сплит. Прва жртва на немирите беше војникот Сашо Гешковски од Кавадарци, кој извршувал стражарска служба.

Сплитските настани беа почеток на зачестените инциденти и оружени пресметки меѓу силите на Југословенската народна армија и Хрватската национална гарда кои потоа добиваа си повеќе на интензитет, се проширија и пераснаа во отворен оружен конфликт.

Се создаваше хаотична состојба и во БиХ со прогласувањето на Источна Херцеговина, областа Романија и Босанската Краина за Српски автономни области кои се ставија под директна јурисдикција на сојузната власт, односно на раководството во Србија.

Со цел мирно решавање на кризата, на 27 август Eвропската заедница донесе Декларацијата за Југославија. Беа потпишани и два документа - Спогодба за прекин на огнот, една од многуте безуспешни што потоа ќе следат и Меморандум за проширување на посматрачките активности на ЕЗ во Југославија со кои се операционализираше Декларацијата.

image Оригиналната страница на Декларацијата за Сувереност

Потпис на Декларацијата ставија тогашниот претседател на претседателството на СФРЈ Стипе Месиќ, од име на Сојузниот извршен совет Анте Марковиќ, како и претседателите на сите шест републики. Од името на ЕЗ Декларацијата ја потпиша Ханс Ван ден Брук, претседател на Министерскиот совет и шеф на дипломаријата на Холандија, која тогаш претседаваше со Заедницата. Со Декларацијата се гарантираше неповредивост на надворешните и внатрешните граници, право на изјаснување на народите за сопствениот суверенитет, негирање на употребата на сила како политика на свршен чин, а во спротивно се предвидуваа ригорозни санкции.

ЕЗ како последен обид да ја спречи граѓанската војна која се наѕираше од развојот на југословенската криза, на 7 септември во Хаг организира Мировна конфренција за Југославија.

Согледувајќи ја состојбата во Југославија првиот повеќепартиски македонски парламент ја усвои Декларацијата за независност на 25 јануари 1991 година. По што следуваше и одлуката за распишување на референдум на 8 септември 1991. По долги и мачни преговори во Македонскиот парламент, парламентарците донесоа одлука на референдумот да се постави прашањето:

Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?

Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

image Оригиналната страница на Декларацијата за прогласување на Независност

Референдумски резултати

На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.074.658 граѓани со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 95,09 отсто. Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој беше спроведен не беа поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатираше масовноста на граѓаните со право на глас во Република Македонија кои се изјасниле "за" самостојна и суверена Македонија.

image Претеседателот Киро Глигоров им честита на насобраните граѓани

На 8 септември, на плоштадот Јосип Броз Тито, денес именуван како Македонија, Претседателот на Референдумската комисија ги соопшти првите резултати, според кои Македонија изгласа да стане независна и суверена држава. По овој повод тогашниот Претседател - Киро Глигоров ги поздрави насобраните со следниве зборови: "Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија".

Во меѓувреме и информираше и Радио Скопје: "Македонија денеска за нашето утре гласаше вака: Берово до 19 часот 95,47 насто, Битола до 17 часот 70 насто, Валандово до 15 часот 70 насто, Виница до 19 часот 93,26 насто, Гевгелија до 19 часот 87 насто, Гостивар до 19 часот 30,3 насто, Дебар до 14 часот 30 насто, Делчево до 19 часот 93,30 насто, Демир Хисар до 19 часот, 90 насто, Кичево до 17 часот 28 насто".

image Насобрани граѓани на Плоштадот Македонија тогашен Плоштад Маршал Тито

Политички импликации

Масовен беше одзивот и на Македонците во дијаспората, во САД, Канада и во Австралија каде што гласањето беше извршено предвреме, а на повеќе места е констатирано дека сите гласачи се изјасниле позитивно.

Во деновите пред Референдумот беа упатени повици до сите политички лидери и до граѓаните да одат да го дадат својот глас. Повикот беше прифатен од сите, освен од партиите на албанската националност кои повикаа на бојкот, тврдејќи дека Албанците се обесправен народ. Така, граѓаните од албанска националност го бојкотираа Референдумот и одбија на демократски начин да се изрази волјата на албанското малцинство во Македонија.



Тагове:   референдум,


Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 2185216
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1975
Архив