Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Постинг
14.09.2007 15:17 - Македонија Швајцарија на Балканот
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 1417 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 15.09.2007 09:14


Иван Михайлов

ТРЕТА ГЛАВА ІІ дел

АСПИРАЦИИ НА БАЛКАНСКИТЕ ДРЖАВИ


***

Аспирациите на балканските држави, меѓутоа, не запреа дотука. Бугарија се почувствува жестоко ограбена, додека нејзината народност во Македонија беше изложена на уништување. Поради тоа таа ќе го чека моментот за да ги исправи неправдите што и се нанесени. Србија, од своја страна, не е задоволна од приграбеното и ќе настојува да заграби колку што е можно повеќе бугарска земја, живеејќи, пред се, со мислата да ја освои Јужна Македонија со Солун. Грција, за да го задржи приграбеното, или пак, за да стане позначаен фактор на полуостровот, нема да се откаже од намерата да навлезе колку што е можио подлабоко кон центарот на Македонија. Се разбира, секоја од трите држави ќе изнесува аргументи за оправдување на сопствената теза. Овие спорови го сочинуваат јадрото на балканските недоразбирања, коишто станаа мошне досадни за јавноста. Сметаме дека ќе биде корисно да направиме споредба меѓу аспирациите на балканските држави за да може читателот попрецизно да се ориентира во врска со нив.

Мораме да истакнеме дека секоја од овие држави се раководи од својата национална идеја. За некои од нив контурите на таа идеи завршуваа во земји, коишто се наоѓаат на Балканот. Меѓутоа, за Романија и за Србија тие контури се оцртуваа далеку на север во поседите на Австро-унгарската монархија. Границите на грчките идеали се наоѓаа во Мала Азија, некаде помеѓу Смирна (Измир) и Анкара. Кога се договорија за војна со Турција, четирите држави имаа намера да направат значаен чекор кон остварувањето на сопствените национални идеали. Во тој момент, меѓутоа, се чинеше дека само Бугарите ќе успеат во најголема мера да и се доближат на конечната реализација на своите цели, бидејќи објект на сојузничките напади беа европските делови на Турција, каде што живееја се уште неослободените Бугари. Останатите три сојузници ќе можеа да добијат по некое парче земја, населено од нивни сонародници. Поголемиот дел од европска Турција би бил приклучен кон Бугарија и кон автономна Македонија, во којашто пак бугарштината преовладува. Тоа значи дека ослободувањето на македонските Бугари се остварува. Во таквиот стек на околностите, меѓутоа, бугарските сојузници гледаа неприфатливо за нив зајакнување на политичката, воената и економската моќ на бугарштината. Уште помалку можеа да се помират со мислата, Бугарија евентуално да ја анектира Македонија. Под изговор да се зачува рамнотежата меѓу балканските држави, а всушност поради чисто егоистички побуди, беше склучен таен српско-грчки договор против нивната сојузничка Бугарија.

Необично е што имено балканските држави го истакнаа принцилот за рамнотежа, кога децении наред ги напрегаа своите материјални и духовни сили за да ги остварат своите национални идеали, така што би била уништена секоја трага од рамнотежа помеѓу нив. Меѓутоа, како што со таа формула - рамнотежата, така и со други непримерни за нивниот раст формули и пози се служеа балканските влади и нивните монарси. Беа заразени дури и со цезаризам и империјализам, а изигруваа и големи величини.

Во периодот од 1912 до 1918 година, дали со сопствени напори, или со туѓа помош, или пак, поради среќните околности, на теорија или на практика, ги покажаа своите национални аспирации. Некои од нив целосно ги остварија зацртаните задачи и цели, други тоа го постигнаа во ограничени размери, додека трети не добија скоро ништо. Овде ќе приложиме мала табела со приближни бројки, којашто сликовито ги прикажува нивните стремежи и фактичките им добивки. Таа овозможува да се направи споредба помеѓу одделните државни аспирации, а исто така да се види до која мера, во чија корист и на чија штета се променила рамнотежата на Балканот по нивната реализација.

Држави

Во 1912 г. имаа

Тие очекуваат да имаат

Фактички добија

 

кв.
милји

населе-
ние во
милиони

кв
милји

населе-
ние во
милиони

зголемување
во проценти

кв
милји

населе-
ние во
милиони

зголемување
во проценти

кв
милји

населе-
ние

кв
милји

населе-
ние

Романија

50.566

7

113.870

20

125%

186%

113.870

20

125%

186%

Србија

18.528

3

96.500

14

420%

367%

96.500

14

420%

367%

Грција

25.090

3

100.360

9

300%

200%

41.688

5.5

66%

83.4%

Бугарија

37.056

4.25

69.480

8

88.3%

88.3%

39.758

5.25

7.3%

23.5%

Албанија беше создадена за време на Балкамските војни, но и таа имаше свои мационални аспирации, во својата основа потполно оправдани, затоа што сакаше да го придобие Косово. Ако успееше да го земе тоа што фактички е албанско, таа мала држава двојно ќе ги зголемеше својата територија и своето население.

Турција, пак, не се откажала да се смета за европска земја, бидејќи до ден-денес поседува 25 илјади квадратни километри европска територија, а во нејзини раце се и Протоците. чиешто животно значење за Европа е добро познато. Таа, од своја страна, посакуваше да ги зачува под своја власт сите територии на Балканскиот полуостров, коишто се наоѓаа во нејзините граници до 1912 година. Ако не сакаше да ги зачува овие територии, немаше да дојде до војната со балканските христијански држави. На тие територии, без да го сметаме Цариград, живееја околу 5,5 милиони жители; од кои само еден милион беа Турци.

При максимално задоволување на аслирациите на балканските држави, сосем јасно е дека тие би приграбиле области во коишто живеат многубројни малцинства. Така, на освоените од Грција територии одвај би имало 50 насто грчко население. Во некои од териториите што успеа да присвои Романија, малцинствата претставуваат 50 насто од населението. Србија, подоцна маречена Југославија, ја прошири својата власт над Македонија, Босна, Херцеговина, Далмација, Кроација (Хрватска), Словенија, Банат итн., каде што другите народности, општо земено, претставуваа 70 насто од населението, а имаше и такви големи области, во коишто никогаш немало ниту еден Србин. Доколку Турција би ги задржала под своја власт управуваните од неа до 1912 година балкански територии, би владеала таму над туѓи националности, коишто беа петпати помногубројни од месното турско население. Ако Бугарија, за времв на Балканските војни, успееше да ги присвои посакуваните земји, таму таа ќе имаше околу 50 проценти бугарско население, а можеби и 60 проценти, со оглед на тоа што голем дел од турското население заминуваше кон Мала Азија. Во таков случај, во Македонија бугарскиот процент на населението би бил 60 од сто. Меѓутоа, ниту Македонија, ниту Тракија не останаа во рамките на Бугарија, туку само мали делови од нив.

Повеќето балкански држави до 1918 годмна ги остварија своите аспирации, вклучувајќи во своите држави бројно население од туѓо потекло; и албанскиот народ доби своја држава. Македонија, којашто водеше тешка борба за своето ослободување и за чиешто спасување божем започна Балканската војна, доби ново, уште потешко ропство. Сите подоцнежни балкански комбинаторики, сите таму склучени пактови и догоеори и сите политички шпекулации безмилосно ја одминуваа неправдата што и беше сторена на Македонија. И никогаш досега не дојде до спроведлив споразум помеѓу балканските држави, без којшто не може да се очекува спокојна и среќна политичка иднина. Се здружија балкански држави со 55-милионско население, ја поканија и Бугарија да му се приклучи на нивниот сојуз, но под услов да не го покренува прашањето за настаните во Македонија.

Повеќепати настаните му даваа поука на Балканот дека тој може да се задржи и одлично да се брани, само ако во темелите на неговото обединување стои правда и меѓусебно почитување. Сите комбинации, бидејќи се погрешни, ќе бидат прегазени од настаните. Македонското ослободително движење од 56 години наваму укажува дека првиот услов за единство, мир и просперитет на Балканот е создавањето на независна Македонија. Трите соседи на Швајцарија - Германци, Французи и Италијанци - заедно имаат над 150 милиони население. Соодносот со Швајцарија е 35 спрема 1. И сепак, овие народи се согласија да ја остават Швајцарија слободна и спокојна. Трите соседи на Македонија - Србија, Грција и Бугарија, немаат повеќе од 20 милиони население. Соодносот со Македонија е 7 спрема 1. И сепак си дозволија да ја делат, да војуваат за неа, меѓусебно да се пустошат во минатото, без да постојат изгледи да сопрат да го прават истото и во иднина. Балканските несреќи ја прават независна Македонија понеопходна, отколку што тоа била Швајцарија во минатото, заради познатите европски недоразбирања.


6. Говор на претседателот Вилсон, одржан на 2 февруари 1918 година. Види "Интерnеш"нал лоу", 4-то издание, 1, стр. 581 - од Оппенхајм (М.Наир).
7. Винстон Черчил во својата книга "Светската криза“, дел втори, споменува дека во еден меморандум од 1915 година го рекол следново: "Нивните (на Бугарите - бел. наша) територијални барања се спроведливи и потполно совпаѓаат со принципот за народностите, од којшто ние треба да се раководиме. Угнетувањето на бугарските региони во Македонија е само по себеси една неправда. Во барањата на Бугарија, такви какви што сега ги имаме, нема ништо неразумно и нечесно... Правото и разумот повикуваат на справедливост, а и повелбениот апел на неопходноста, ги советуваше Србите да ја вратат најпоспе таа беспорна зона... До последен момент Србија ја задржа својата чизма врз освоените бугарски региони во Македонија".
Штом овие места требало, по правило, да и се вратат на Бугарија, со уште поголемо право можат да и бидат одземени на Србија во корист на една независна Македонија.
Господинот Черчил имал прекрасни ситуации и во текот на Втората светска војна врз основа на коишто можел да го проучува менталитетот на српските политичари, а се разбира, и нивната политика. Во еден разговор по Техеранската конференција, во Каиро со Србинот д-р Божидар Пуриќ, претседател на југословенската емигрантска влада во Лондон, г-н Черчил му рекол со возбуда: "Две хегемонистички тенденции има во Европа, коишто треба да бидат уништени во интерес на мирот - прускиот и српскиот стремеж кон хегемонија". За овој разговор сведочи г-н Илија Јукиќ, помошник-министер за надворешни работи во Белград и истакнат член на Хрватската селанска партија. Види ја статијага на г-н Илија Јукиќ "Југославија, минато и сегашност“, објавена во париското издание на весникот "Њујорк Хералд Трибјун" од 12 април 1949 година.
8. По настаните во 1877-1878 година Бисмарк бил запрашан во Рајстагот од лидерот на национал-либералната партија Бенигтен за збиднувањата на Балканскиот полуостров. Бисмарк одговорил на овој начин: "Приоритетна работа е создавањето на Бугарија и во таа смисла мора првин да се позанимаваме со разграчичувањето, така како што тоа беше разгледувано на Цариградската конференција. Разликата во разграничувањето, според мене, не е толку значајна за да биде причика за загрозување на мирот во Европа". "Етнографската положба на Бугарија, како што мене ми е познато од автентичен извор и како што се гледа од најдобрата карта, со којашто ние располагаме - картата на Киперт, е следнава: границите на националноста (бугарската - бел. наша) одат на запад, скоро без примеси, до Солун и продолжуваат на исток, со мали примеси на турски етнос, до Црното Море" (Види "Преговорите во врска со Берлинскиот договор" од Адолф д"Аврил, Париз 1886 година, стр. 317-318).
9. Во својата книга "Берлинскиот договор“ Бенајс Брунсвик (Париз, 1878 година, стр. 18 и 45) вели: "Бугарија го нема територијалното проширување што и го определува договорот од Сан-Стефано, стратегиски и политички мотиви го принудија конгресот да ги повлече нејзините граници од јужна и од западна страна и да ги остави надвор од нејзината власт значителен број бугарски сонародници".
10. Англискиот делегат на Берлинскиот конгрес поднел приговор против Сан-Стефанскиот договор, според кој цела Македонија требаше да влезе во границите на Бугарија. Од овој приговор станува јасно дека Бугарите се мнозинство во Македонија и дека таа не се вклучува во границите на Буларија според решението на Берлинскиот конгрес заради други мотиви на големите сили - стратегиски и политички, а не затоа што Бугарите не се мнозинство во Македонија.
11. Во "Карнегиевата анкета" не се зборува за никакви други Словени во Македонија освен за Бугари. Во неа се зборува и за бугарска национална преродба во Македонија, пред да биде создадена бугарската држава. Податоци за бугарскиот етнички карактер на македонските Словени можат да се најдат особено на стр 4-5 во известувањето на таа анкета до управата на Карвегиевата фондација.
Уште во 1872 година, низ бугарските територии, вклучувајќи ја тука и Македонија, беше спроведен референдум преку диоцезит. Уште во тоа време, со овој референдум, беа дефинирани бугарските етнографски граници. Тогаш македонските Словени, додека се уште беа под турска власт, самите се изјаснија како Бугари.



Тагове:   Македони,


Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 2197613
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1975
Архив