Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Постинг
19.09.2007 15:02 - Македонија Швајцарија на Балканот
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 2274 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 19.09.2007 15:05


Иван Михајлов


ЧЕТВРТА ГЛАВА  І дел

МАКЕДОНСКОТО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ

По Француската револуција, идејата за самоопределување на нациите стана еваигелие за цивилизираниот свет. Таа и денес зазема почесно место меѓу принципите, истакнати како неизбежни услови за праведен светски поредок. Во текот на Првата светска војна, претседателот Вилсон беше апостол на идејата за национално самоопределување, вклучена и во познатите четиринаесет точки. Во текот на Втората светска војна, Атлантската повелба му даде свечен израз на истиот принцип. Националното обединување на Германија и на Италија во втората половина на XIX век, стремежот на повеќе други националности кон независност и обединување - ја наоѓаат својата вистинска опора во идејата за самоопределување. Словените, Романците, Италијанците, а во извесна мера и Унгарците, беа откинати од Австро-Унгарската монархија врз основа на тоа политичко убедување. Кога на определена националност и се пречи да го оствари своето обединување, одговорните фактори во меѓународната политика скоро секогаш избегнуваат да признаат дека дејствувале против тој свет принцип; се даваат сосем други објаснувања за нивното однесување.

Потполно објасниво е зошто балканските нации се стремеа кон ослободување од многувековното турско ропство и зошто потоа настојуваа да постигнат целосно национално обединување. Романците и Србите го остварија своето обединување. Грција се оформи како независна држава, но не успеа да ги припои кон себе посакуваните области во Мала Азија. Бугарите и Албанците не го постигнаа своето целосно национално обединување, иако земјите, во коишто тие живеат, надвор од границите на бугарската и на албанската држава, непосредно граничат со нив.

Бугарите, меѓутоа, формално беа обединети со договорот од Сан Стефано, потпишан во 1878 година. Со него заврши победоносната војна на Русија против Турција. Се чини дека со овој договор скоро целосно се разрешува фамозното Источно прашање, што опфаќаше редица национални копнежи и го засегаше турското наследство. Меѓутоа, очекувањата не се остварија. Токму тогаш се зароди една нова гранка на Источного прашање, којашто до ден-денес остана драматична. Станува збор за македонското прашање. Планот за заедничка држава на сите Бугари, поткрепен од Русија, беше спречен од други големи сили поради стратегиски и политички мотиви, иако и нивната општествена јавност имаше симпатии кон започнатото од Русија ослободување на бугарштината. На Македонија и се определи и натаму да остане под власта на Турците, а членот 23 од Берлинскиот договор, со којшто се ревидираа решенијата на Сан Стефанскиот договор, за неа предвидуваше реформи со кои таа ќе дојдеше мошне близу до автономијата. Како и во други случаи, така и овој пат турската влада виртуозно успеваше да ја одлага примената на реформите, користејќи ги постојаните антагоиизми и надмудрувањата меѓу големите сили. Македонија никогаш не ги доби ветените правдини. Имено затоа, македонските Бугари се зафатија, потпомогнати и од други националности во земјата, да ги извојуваат со борба. Овие усилби одлучно го ставија на сцена македонското прашање. За неговата актуализација, покрај другите причини, мошне важна улога одигра и правната регулатива во член 23 од Берлинскиот договор.

Создателите на македонското ослободително движење со пророчка видовитост прогласија дека спасот е во братството помеѓу различните македонски националиости, и во политичкото осамостојување на Македонија. Ако кај нив не постоеше оваа идеа, немаше да се дојде до самостојни македонски организации со сопствена политичка идеологија. Создателите на ВМРО ги повикаа македонските националности - Власи, Грци, Албанци итн. да се здружат во борбата против тиранијата на турската власт и со заеднички сили да извојуваат автономија во рамките на Турската империја. Тие ги повикаа на заедиичка борба и оние Турци, коишто се свесни за ретроградноста на владеачкиот режим и за својата тешка економско-социјална положба.

За оправданоста на нашата борба јасно зборува и фактот што и самите Турци во првите 25 години од овој век извршија две револуции против диктатурата на султанот и целосно го отстранија од власта. Се кренаа, и Албанците, и Арапите, иако тие беа фанатизирани муслимани, а султанот, како што знаеме, беше халиф на целиот муслимански свет. Македонските дејци имаа за цел да се борат само за автономија и за ништо друго. Заради овој свој став, тие ја придобија моралната поткрепа на сите приврзаници на балканската солидарност, вклучувајќи го тука и огромното мнозинство од слободните Бугари во Бугарија. ВМРО прифаќаше Бугарија да не ја владее македонската земја. Таа сметаше дека е потребно, исто така, и Грција да не владее над македонски области, а уште помалку тоа да го прави Србија. Во време кога принципот за национално обединување беше најпочитуван, македонските дејци-Бугари препорачуваа пријателски соживот помеѓу народностите, откажувајќи се од обединувањето со Бугарија. Тие поставуваа само еден услов: европска гаранција за автономијата.

***

Целта на ВМРО беше да предизвика интервенција на големите сили и, на тој начин, да се наложи автономијата. Притоа, за да се дојде до интервенција, како единствено ефикасен метод е прифатен методот на вооружената борба. Ниту една од балканските држави не успеала да се ослободи без примена на вооружена борба. Во почетокот на XIX век востанија кренаа Србите, Романците и Грците; востанија беа кренати во втората половина на истиот век во Бугарија; востанија мораше да крева и Македонија. На ваквите цели целосно им се посветија зачетниците иа македонското револуционерно движење, кои повлекоа со себе стотици, а набргу и илјадници интелигентни Бугари, како и целокупниот бугарски народ во Македонија, вклучувајќи ги и најсиромашните колибари по планините. Идејата ја прифатија целосно и поголемиот дел од Власите, коишто се истакнаа со своите подвизи во текот на борбата.

Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) е основана во Солун, во 1893 година. Во почетокот таа претставуваше заедништво од изолирани конспиративни групи по многу села и градови на земјата. Набргу нејзината мрежа ги опфаќа сите возрасни Бугари. Клетва за верност кон борбата се дава на масовни собранија, во цркви и училишта, а исто така, и по планините. Во конспирацијата неминовно влегуваат и жените. Се создаваат селски, околиски и окружни комитети, а на чело на целата организација стои Централен комитет од тројца рамноправни и со иста одговорност членови. Се создава четнички институт. Четите можат да се сметаат за мали подвижни гарнизони на организираниот народ, чиешто место на престој е секаде и никаде. Тие имаат за задача да ги извршуваат наредбите на околиските и на окружните комитети, како и на Централниот комитет во разни домени од конспиративниот живот на организацијата - агитација, реализација на судски решенија, вооружување, прибирање на средства, коитрола врз просветни и стопански иницијативи и сл. Постои, исто така, тајна вооружена милиција во сите градови и села. Низ целата земја функционира тајна пошта. Голем дел од функциите на државата ги врши тајната организација.

Овде нема да се задржуваме поопштирно врз развојот на самата револуционерна борба, којашто веќе има полувековна историја. Таа е, можеби, најславната ослободителна борба во новата историја на Балканот. А и според начинот на своето уредување, како и според масовното учество на народот во неа, ВМРО, исто така, немаше соодветен конкурент на Балканот. За време на востанието во Битолскиот округ во 1903 година под оружје беше 10 од сто од населението т.е. приближно толку колку што војници се мобилизираат во една модерна држава. Целокупното останато население во округот им помагаше на востаниците со сите расположливи сили. Голем дел од жителите на овој округ, кои работеа во далечниот Цариград, добивајќи известување за претстојното востание, се вратија навреме во своите села и се вклучија во бојните групи. Мошне ретки се таквите масовни востанија и кај другите балкански народи. Пилсудски забележал дека за време на познатото полско востание од 1863 година, едвај 1 од сто од населението на востанатите области зело учество во вооружените активности.

Се разбира, кога се зборува за македонското движење, не треба да се мисли само на ВМРО. Исто толку стар е и легалниот разгранок на македонските ослободителни активности. Легални македонски организации има во емигрантските средини коишто, исто така, настојуваат да и помогнат на поробената татковина. Важна цел на нивната активност е придобивањето на јавното мислење во странство. Во таа смисла тие остваруваат контакти со странски влади, меѓународни организации и хуманитарни здруженија во разни делови на светот. Емигрантски македонски здруженија имало првенствено во Бугарија и во Америка. Студентски друштва постоеле во повеќе големи европски градови. Бројот на македонските емигранти во Бугарија постепено достигна половина милион луѓе. Во Бугарија, а и во други земји се издаваат весници и книги, додека во самата Македонија се печатат нелегални револуционерни листови. По Младотурската револуција во 1908 година, се создадоа услови, иако за кратко време, да се води легална борба. Во тоа време во Македонија беа спроведени и парламентарни избори, формирани се политички клубови, а ВМРО ги распушти своите кадри, но откако сфати дека од новиот младотурски режим Македонија нема да го добие очекуваното, одново, во 1910 година, ги повика под своето знаме.

***

За разлика од српските, а во извесна мера и од грчките државни четнички движења во европскиот дел на Турција, македонската организација е дело на месното население коешто е претежно бугарско. Ова го потврдуваат и сите странци коишто имале можност да ја проучуваат ситуацијата на самото место. Помеѓу нив е и авторитетниот англиски општественик и политичар X. Н. Брајлсфорд, кој пишува: "Во самата Македонија српската кауза претставува вештачко движење, без било каква важност. Тоа напредува, само ако Турците го поттикнуваат како противтежа на застрашувачката бугарска пропаганда. Ова српско движење не е ништо друго освен една чисто политичка пропаганда, управувана и финансирана од Белград, додека бугарскиот револуционерен комитет, и покрај симпатиите на Софија, е чисто македонска организација"[12].

Всушност, српските чети што се појавија во пограничните македонски села, не беа ништо друго освен органи на Српското министерство за одбрана и Министерството за внатрешни работи. Овие чети немаа ниту своја идеологија; наместо нив политички мислеше и ја насочуваше нивната чисто антибугарска дејност во Македонија српската државна власт, којашто се ослонуваше на турската благонаклоност. Исто таква беше и ситуацијата со четите што Атина ги испраќаше во некои јужномакедонски региони, со таа разлика што тие беа прифаќани и потпомагани од месното грчко население, додека српските чети, за да си обезбедат престој во сиромашните погранични села, сметаа единствено на својот нож и на своите пари. Овие две надворешни пропаганди се здружија против ВМРО и ги тероризираа Бугарите. Вдахновувани од соодветните државни централи, спомнатите четнички движења беа далеку од идејата за автономија. Нивната задача беше да го попречуваат остварувањето токму на таквата автономија, плашејќи се од надмоќта на бугарското мнозинство во земјата. Толерантниот однос на Турците кон нив лесно може да се објасни, ако се има предвид дека објект на нивните напади беше, пред се, ВМРО; а колку што повеќе се спречува дејноста на ВМРО, толку поневозможна станува автономијата, сметаа Турците.

***

Народното движење, предводено од ВМРО, настојуваше по секоја цена да остане независно. Уште од самото негово создавање се правени обиди за негово потчинување на туѓи политики и надворешни фактори. Најсериозни беа два обида - едниот од десно, а другиот од лево. Како десен можеме да го оквалификуваме обидот на познатиот Врховен комитет, којшто првобитно беше организиран од македонската емиграција во Бугарија. Откако се најде, за определено време, под влијание на екстремните националисти, овој комитет се обиде да ја стави под своја контрола ВМРО, како и да преземе, со помош на испраќани од Бугарија чети, некои од пограничиите македонски региони, чиешто население одамна беше вклучено во редовите на ВМРО и беше започнало да се вооружува. Започнаа судири на Бугари со Бугари, трагичниот спомен за коишто и ден-денес не е исчезнат. ВМРО победи, додека врховистачкото движење што ги имаше симпатиите и лошо прикриваната поткрепа на влијателни државни кругови во Софија, исчезна. На страната на ВМРО застанаа сите демократски ориентирани општествени кругови во Бугарија и поголемиот дел од интелигенцијата. Позициите на ВМРО, нејзината самостојност и нејзиниот стремеж кон автономија, а не кон обединување со Бугарија, вдахновено беа изнесувани пред бугарската јавност од редица истакнати бугарски културни дејци, меѓу кои се наоѓаше и големиот поет Јаворов, кој, со пушка во рака, се бореше за ослободувањето на Македонија. Така, уште во времето на турското владеење во Македонија, ВМРО, во исто време, водеше борба против трите соседни присоединувачки политики - на Белград, на Атина и на Софија. Оваа борба претставува вистинско демантирање на сите оние што се обидувале да ја негираат самостојноста на македонското ослобидтелно движење и неговиот стремеж кон политичка самостојност на Македонија.

Во времето на турското владеење се правени обиди, и од лево, и од десно, за влијание врз ВМРО. Овој обид го опфати само еден од револуционерните окрузи и се однесува на ограничен број луѓе. Меѓутоа, нападот од лево се одигра со сета своја силина главно меѓу двете светски војни, обилно поткрепуван со финансиски средства од болшевичката централа. Пред доаѓањето на советската армија на Балканот, овие обиди немаа скоро никакви резултати. Македонското движење херојски се бранеше и не дозволи преку него да се остварат плановите на Третата интернационала. Оваа одбрана ќе заземе важно место во историјата на македонската кауза. Во неа Македонците дадоа многубројни и скапи жртви.

Од својот самостоен статус движењето никогаш не се откажа. Во одбрана на својата самостојност тоа повеќепати влегува во судир со бугарски партии и бугарски влади. И во врска со тоа можат да се презентираат сведоштва на компетентни лица од странство. Алфред Рапапорт, којшто ја познава одлично ситуацијата во Македонија, каде што бил австриски делегат во врска со спроведувањето на Мирцштегските реформи, вели: "Никогаш Македонската организација не се откажала од својата целосна независност во однос на софиската влада. Се разбира, во текот на трите војни таа се грижеше за воената дисциплина, но таа тоа го правеше како сојузиик, а не како потчинета. Во време на мир таа независност беше уште поочигледна, и ќе мора да се напише комплетната нова историја на Бугарија за да се одбележат сите етапи од развојот на бугарско-македонските односи. И покрај сосем природното чувство на национална солидарност, никогаш тие односи не биле доволно блиски, какви што отсекогаш биле односите помеѓу белградската и атинската влада и нивните национални пропаганди коишто дејствуваа во Македонија во последните години на турското ропство"[13].

Во логичка врска со неговата независност се наоѓа и беспартијноста на македонското движење. Во поробена Македонија на македонците не им беше дозволено да имаат свои партии. Таму можеше да биде од корист само тактизирањето со една или со друга партија на поробувачот. Меѓу македонската емиграција во Бугарија не беа создавани македонски политички партии. Некои македонски емигранти членуваа во разни бугарски партии, но секогаш тие ги ставаа интересите на ослободителната борба над партиските интереси. Во таа смисла беспартијноста на движењето претставуваше своевидна догма. Само малкумина емигранти-комунисти настојуваа да внесат партиска идеологија во македонските организации. Сите други беа свесни дека движењето има своја содржајна и традиционална идеологија, којашто бараше, пред се, обединување околу ослободителната идеја.

По својата приврзаност кон демократијата, ВМРО зазема видно место меѓу досегашните револуционерни деижења на Балканот, И по своите идеали, и по своето уредување, таа е демократска. Таа ја одразува во себе народната традиција. Заедничките проблеми меѓу македонските Бугари отсекогаш се решавале заеднички; автохтоните народни институции, здружени јата, коишто, особено во градовите, постоеја и во времето на турското ропство, беа израз на демократскиот дух на народот. Комитетите на ВМРО, од селанскиот до Централниот, се избираат од делегати кои, од своја страна, исто така, се избираат од народот. Околиски, окружни и општи конгреси на организацијата се свикувани на секои три или четири години, ако тоа, се разбира, не било спречено од непредвидени околности. Спомнатиот погоре Брајлсфорд вели: "Главната специфичност на бугарскиот комитет е во неговата демократска организација, чијашто политика и програма се диктираат од македонското јавно мислење... Неговите водачи беа Бугари по јазик и по народност, но и покрај тоа, нивната програма никогаш го немала за своја цел присоединувањето на Македонија кон Бугарија"[14].

Според статутот на ВМРО, нејзини членови можат да бидат лица од различни националности и со различни политички убедувања; доволно е тие да ја прифатат само целта на организацијата и да бидат дисциплинирани. Подвлекуваме дека ниту една друга револуционерна организација на Балканот, судејќи според нејзините политички, социјални и национални погледи, не била толку слободољубива како ВМРО. Споредете ги нивните статути и програми и самите ќе се уверите во тоа. Освен тоа ниту една реаолуционерна организација или политичка партија на Балканот не го опфаќала во своите редови така масовно целиот народ, како што тоа е случај со ВМРО.

Којзнае дали е потребно да додаваме дека ВМРО, според своите цели и својата дејност, е творечка организација, а не разурнувачка. Во неа нема ништо авантуристичко или анархистичко. И покрај продолжителноста на борбата што и е наложена од режимите на поробувачите, таа неуморно го поттикнувала народот кон творечки активности, а и самата е иницијатор за повеќе градежни, културни, просветни, здравствени и стопански дела, сметајќи дека материјалното и духовното издигање на народот претставува висока цел. Веќе ја спомнавме нејзината голема заслуга за ослободувањето на селаните од средновековното крепосништво и преминувањето на сопственоста врз земјата во нивни раце. Погрешно е да се смета дека македонските вооружени групи имале само борбени задачи. Тие му донеле на народот многу повеќе книги за читање отколку оружје. Многу повеке предавања за хигиена, за просвета и за економски просперитет одржале пред народот отколку за бунт. По иницијатива на ВМРО се изградени цркви и училишта, планинарски домови, а на некои места и болници; се создадоа Рајфајзенови каси (каси за заемна помош), вечерни училишта, шумарски и други кооперации, водни заедници, читалишта, спортски друштва, музички групи, туристички друштва итн. Многу повеќе можеше да се постигне, се разбира, во времето на турското владеење. Новодојдените српски и грчки власти не им дозволија на Бугарите да формираат свои општествени здруженија и под најневина форма. На некој може да му изгледа неверојатно, но ВМРО е иницијатор и инспиратор не само на бројни револуционерни акции но и на многу легални културни иницијативи. За легални активности таа потрошила не помалку средства од оние што биле потрошени за чисто револуционерна дејност. Бројни нејзини усилби биле насочени кон лекување на раните што на народот му ги нанел поробувачот или за обнова на разурнатото. Како по основниот мотив на нејзината појава - борбата против ропството, така и по секојдневните свои стремежи и сугестии, таа останува прогресивен фактор и носител на култура. Доколку пак услевала да раководи со општествениот живот, таа обезбедувала сигурност, ред и морал и тоа многу подобар од оној што бил обезбедуван од државите што владееле со Македонија. Паралелно со тоа, таа секогаш настојувала да ја штеди народната крв; никогаш не заборавала дека е претставник на малоброен народ. Започнатата од неа борба всушност претставува легална самоодбрана. Причината за судирот се наоѓа во поробувачот, којшто посегнал врз слободата, имотот и животот на народот. На ист начин и се наметнати на ВМРО сите дополнителни фронтови на коишто таа морала да војува, не по нејзина иницијатива.

Идеите на ВМРО, како и нејзините правила, од 1893 година до денес остануваат непроменети. Нејзината политичка цел беше оправдана од сите настани што го вознемируваат Балканот од половина век наваму. Оваа политичка цел - слободна и независна Македонија, ја оправдаа дури и комунистичките недоразбирања. И покрај познатата дисциллина во комунистичкиот свет, во врска со нерешеното македонско прашање комунистичките влади и организации на балканските држави влегоа во остри полемики. Како што веќе истакнавме, ВМРО одлучно му се спротивставува на националното угнетување; бара рамноправност за сите народности во Македонија за да може секоја од нив слободно да се развива. Национализмот на активистите од ВМРО, независно од која народност се тие, треба да биде сфаќан, имено, во таа смисла. ВМРО е против налагањето на туѓи фактори во Македонија; таа самата никогаш немала намера да се налага на други. Што се однесува, пак, до организираната македонска емиграција во Бугарија, таа никогаш не пројавила властољубје во тамошниот општествен живот. Македонската јавност во Бугарија е на мислење дека сите Бугари се должни морално да ја поткрепуваат борбата за ослободување на Македонија. Според неа, бугарските партии и бугарските политичари секогаш треба да се чувствуваат поблиски до поробениот Бугарин отколку до партии и групи во земјите поробувачи на Македонија. Македонското ослободително движење тешко ги доживувало пречките што му биле поставувани од страна на Бугари. Никогаш не се случило тоа да ги потцени интересите и постоењето на бугарската држава. Тоа не е против ниту една од балканските држави, ако тие не посегнуваат врз правата на Македонија.

Идеите на македонските револуционери се целосно опфатени од дух на слобода и демократија. ВМРО на никого не му дава ни најмалку право да угнетува кого и да било во Македонија, туку секогаш се залагала за целосна слобода и рамноправност на сите во неа.

***

Неопходно ли беше во времето на турското владеење по секоја цена да се пристапи кон вооружена борба? Ние веќе накусо споменавме дека сите балкански народи водеа вооружена борба за своето ослободување од турското ропство. Вистина е, меѓутоа, дека во времето на турското владеење не постоеше асимилаторска политика. И по петвековно тешко ропство одделните народности во Турција опстанаа и го дочекаа своето политичко воскреснување. Во времето на својата инвазија на Балканот, Турците, на некои места исламизираа дел од христијанското население. Потоа сите христијански народи беа оставени спокојно да живуркаат во истата заостанатост и сиромаштија, во каква што султаните го држеа муслиманското население. Разликата беше само во тоа што муслиманите ги опашуваа сабјите, ја пролеваа својата крв по бојните полиња и се чувствуваа господари над имотот, трудот и честа на христијаните. Христијанските националности можеа и да не прибегнуваат до бунт, до револуционерни средства, но нивниот живот би бил толку среќен, колку што може да биде среќен еден орел со пресечени крилја. Стремежите на христијаните кон напредок не и се допаѓа на реакционерната стара турска владеачка елита. Обидите да се добијат граѓански и политички права не се остварија поради сомневањето дека се сака отцепување на христијанските области од турската држава. Со вооружени судири неизбежно би завршиле на крајот сите легални иницијативи што ќе го засегнат апсолутизмот на султанската власт и политичката семоќ на нејзините претставници. А христијаните, особено македонските Бугари, требаше да се ослободат од многустран гнет - и духовен, и политички, и економски. Имајќи го предвид тоа како порано се разви ситуацијата во Бугарија, а пред тоа и во другите балкански земји, основачите на ВМРО, одлично запознаени со условите во Македонија, пристапија кон создавање на револуционерна организација.

Прашањето дали во времето на турското владеење беше апсолутно потребна нелегална дејност, се поставува одвреме навреме во македонски средини, затоа што Македонците апсолутно не очекуваа дека ќе попаднат под друго, уште потешко ропство - грчко и српско. Опседнати од оваа ситуација, тие, постфактум, доаѓаат до констатацијата дека турскиот режим бил цвеќе во споредба со новото ропство и дека поради тоа би можело во турско врвме да се избегнат револуционерните борби, штом националната посебност не била загрозена. Меѓутоа, историјата на евролските народи, а и американската историја, потполно не уверуваат дека секој народ кој би се нашол на местото на македонските Бугари, би прибегнал кон револуција против режим каков што беше турскиот. Беа извршени повеќе револуции од страна на западни народи против сопствените домашни режими, во чие време немало таква бесправност, каква што имаше во Турција, а немало ни национално угнетување од типот на она што режимите на Грција и Србија го воспоставија во Македонија.

Ако е потребно уште еднаш да објасниме зошто македонските Бугари, а со нив и другите народности, нелегално се борат против српскиот и грчкиот режим, кои се христијански, подобро е да го слушнеме мислењето на објективни странци. Еве што вели познатиот соработник на американскиот секојдневник "Крисч"н Сајанс Монитор" Р.Х.Маркам, којшто повеќе децении ја проучувал ситуацијата на Балканот, така што денес тој со право може да се смета за еден од најкомпетентните луѓе во западниот свет во врска со проблемите на европскиот Југоисток: "... а зошто не се крева глас на протест во "српска" Македонија, како што тоа се прави во Кроација (Хрватска)? Зошто македонците гласно не ги изнесат своите општествени и етнички барања? И речете ми, зошто не бега врзан коњ? Зошто не гледа човек со избодени очи? Зошто не игра оро човек со исечени нозе? Зошто не свири на виолина човек со врзани раце?

Зошто нема политичка партија во Македонија? Затоа што Белград не го дозволува тоа. Таму, дури и на српски јазик, не е дозволено да се зборува за македонското племе. Таму не може да има ниту партија, ниту собир, ниту кандидат за функција или за пратеник. Таму на народот не му е дозволено да гласа за своите луѓе, ниту да ги бара своите права, ниту да се жали, ииту да даде знак дека постои. Секој народ способен да опстане, има право да живее. Македонците, коишто ја зачувале својата самобитност илјада години, се способни да опстанат и затоа имаат право на самостоен живот. И тие ќе се борат за сопственото постоење. Ако Србија дозволи, тие ќе се борат како секоја мирољубива етничка група и ќе претставуваат мошне силен дел од Југославија. Ако пак Србија не дозволи, тие ќе се борат преку тајна организација. Македонците се навикнати на немаштија и не бараат многу од светот. Нивните барања се сосем скромни.

Освен тоа, тие барања се неотуѓиви. Тие се душата на народот. Тие се македонството. Со еден збор, тие барања се право на живот. Кога би се откажале од овие минимални права, тие не би биле повеќе луѓе. На еден или на друг начин Македонците ќе се борат за своите права. На каков начин ќе го прават тоа, зависи од Србија. Оние во Белград треба да бидат прашани зошто има македонска организација. Српската влада ќе добие збор".[15]

Р.Дејвис, пратеник во британскиот парламент, заедно со неговиот колега пратеникот г-н Бен Рајли, ја посетил Македонија под српска власт за да се запознае со тамошната ситуација. Српската полиција го прекина нивниот престој. Во октомври 1937 година г-н Дејвис одржа говор пред македонската емиграција во Америка, при што рече: "Подлец е оној Македонец, којшто не се наоѓа во редовите на македонските организации и не се бори за урнувањето на тиранијата во Југославија, затоа што секој Македонец знае дека во неговата татковина нема ни трошка слобода, ни трага од правда. Дури и јас како странец не можам да го трпам она што го видов во Југославија".[16]

Овде би требало да се запрашаме каков треба да биде односот на македонското движење кон Југославија. Некои македонски пријатели сосем отворено се залагале во корист на голема Југославија, во којашто ќе влезат сите јужнословенски народи, вклучувајќи ја тука и цела Македонија. Погледите на ВМРО, како и на целото македонско ослободително движење, можат да бидат претставени накусо на следниов начин:

Не постои југословенска нација, нема југословенска традиција и не може да се зборува за постоење на некаков си југословенски јазик. Така како што, на пример, нема западнословенска нација, традиција или јазик, а постојат Полјаци, Чеси и Словаци со нивните јасно издиференцирани истории, традиции и јазици. Јужнословенските народи имаат самостоен историски развој и различна национална свест.

Југословенскиот проблем меѓу двете светски војни не беше ништо друго освен одбрана на повеќето јужнословенски народи од настојувањата на Србите да ги потчинат и постепено да ги асимилираат. Српските власти секогаш ја негираа националната посебност на македонските Бугари, наречувајќи ги "јужни Срби".

Ретко кога постоела држава, толку несакана од народите што живеат во неа, како Југославија. Во таа смисла таа може да биде споредена само со Абдул-Хамидова Турција. И двете постоеја единствено поради политичката протекција што им ја даваа некои подалечни држави. Но сепак, во Абдул-Хамидова Турција никогаш немало таква бесправност и гнет, какви што гледаме во Југославија.

Никогаш во минатото Македонија немала за свој идеал некакво си југословенство. Ако некогаш некои македонски лидери давале помирувачки изјави во однос на Југославија, тие мислеле на тоа дека ВМРО е готова да се откаже од револуционерната борба и да помине кон легални средства, но под услов да се дадат можности за легално дејствување и ако претходно се исполнат поставените од ВМРО барања во полза на македонската бугарштина и останатото население.

Со една голема Југославија судирите и делбите на Балканот уште повеќе ќе ескалираат, наместо да бидат елиминирани, затоа што на полуостровот живеат други народи во таков број, колкав што е и бројот на јужнословенските народи. А ако се земе предвид дека и Турција се смета за балканска држава, заедно со неа бројот на несловенските народи станува двојно поголем. Стремежот кон создавање, по секоја цена, на една Југославија од Трст до Црно Море, ќе предизвика војни од големи размери, а ќе разбуди и сомнежи во соседството, па и подалеку.

Македонија никогаш не гравитирала кон север, во насока кон север; ниту Бугарите, ниту пак македонските Турци или Грци имале работа натаму; ниту историските врски, ниту менталитетот, ниту националната свест не ги ставала во контакт со Србија. Да остане Македонија во рамките на Југославија и денес не наложуваат никакви причини - ниту економски, миту културни, ниту психолошки, а тоа не може да се прави и под плаштот за зачуву-вање на мирот и справедливоста или за единство и хармонија на полуостровот. Токму спротивно - да се држи Македонија во прегратката на Југославија, тоа значи да се работи против сите спомнати мотиви, а најповеќе против националниот принцип. Македонија сосила е припоена првин кон Србија, и тоа без никаков повод или вина од страна на нејзиното население, а потоа е вовлечвна во Југославија, при што неа и на нејзиното население на секои десеттина години им е додавано некое ново име: ту Срби, ту Југословени или Македонци; ту Стара Србија, ту Јужна Србија, ту Вардарска бановина, ту Федерална република. Полицискиот режим, националниот гнет, ограбувањето на народот, уииштувањето на се што национално се пројавува, се уште траат. Како што беше под кралска Југославија, така е и под болшевичка Југославија. Имено затоа, идејата за југословенство, за заедиичка југословенска држава, којашто и така во Македонија немала никако историски и традициски корен, поради наведените факти станала само синоним на тиранија, бесправност и ропство.

Тоа дека Македонија не се определила ниту за Србија, ниту за Југославија, а само против нив, покажува и незапирната борба на македонските организации. На тоа упатува и однесувањето на македонците, кои служат во српската и во југословенската војска. Тие масовно дезертираа од овие армии со оружје в рака, а кога тоа било можно и војувале против нив.

Бранителите на југословенската идеја настојуваат да ги привлечат македонците со идејата за целокупна Македонија во рамките на голема Југославија, т.е. со одземање на завладеаните од Грција и од Бугарија македонски области. За македонците тоа е само обид од страна на Србија или Југославија да го освои и остатокот од Македонија, заедно со Солун. Македонското движење го застапуваше мислењето дека подобро е македонски територии да не се припојуваат дури и кон Бугарија, за да се постигне помирување помеѓу балканските држави со помош на самостојна Македонија. Потполно сфатливо е дека ова движење не може ни да помисли за отстапување на македонска земја на Србија или на некој друг. Не постои ниту една причина која го наложува предавањето на Југославија на оној дел од Македонија, што се наоѓа под бугарска власт, Таму се почитуваат националните права на сите малцинства, а политичките и граѓанските права се обезбедени до таа мера, колку што ги има и за другите граѓани на бугарската држава. Оваа земја може да биде отстапена од страна на Бугарија, само ако биде вклучена во една обединета и независна македонска држава. Подготвеност за ваква постапка најави Бугарија уште пред Париската мирна конференција во 1919 година. Никакви предимства не зборуваат во корист на префрлувањето на Јужна Македонија од едно ропство во друго - од грчко во српско или југословенско.

Што се однесува до несловенските националности во Македонија - Турци, Албаици, Власи, Грци и Евреи, очигледно е, дека тие повеќе би сакале да бидат граѓани на независна Македонија отколку на Југославија. За нив уште помал интерес би претставувал некаков си југословенски идеал. Тие, исто како и македонските Бугари, го гледаат балканското помирување и обединување не во голема Југославија, туку повеќе во една балканска федерација или конфедерација. Словенски мотиви не се истакнувани во македонското ослободително движење. Тоа од секогаш си ја замислувало независна Македонија како пријателска на сите блиски и пријателски народи. Ваквиот став и е наложен посебно поради нејзината географска положба и поради фактот што ја населуваат различни народности.

***



Тагове:   Македони,


Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 2185510
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1975
Архив