Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Постинг
29.10.2007 14:49 - “Внимавајте…, од Бугарија!”
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 2867 Коментари: 1 Гласове:
0



Од каде ни доаѓа најголемата опасност?



Состојбата во медиумите и во училишните и факултетски учебници во Република Македонија дава основа за тврдењето дека во таа земја на лице е еден систем во којшто пропагандните елементи ги натфрлуваат и егзекутираат научните толкувања на историјата и современоста. Борбата за интереси и влијание и взаемниот однос на законодавната, извршната и судската власт со образованието и медиумите, предизвикуваат неможност да се излезе од стариот декларативно напуштен тоталитарен систем

Секојдневните фалсификувања и искривувања на историјата, генерализациите, поедноставувањата и поттикнувањата на шовинистички чувства, кои се генерираат од македонскиот образовен систем и од медиумите во Република Македонија пред неколку месеци беа предмет на интерес на финландската секција на Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права.

Пропагандната нарачана “историја” всадувана на децата од најмали години и запазена од времето на југословенскиот комунизам, создава состојба на постојана конфликтност на Република Македонија со соседните земји, од што во многу случаи произлегува поттикнување од државата и од медиумите на шовинистички чувства кон цели нации и држави, коишто се претставуваат како непријатели на со векови и илјадалетија суштествувачкиот македонски етнос. Република Македонија, создадената претстава за географска Македонија во минатото (којашто произлегува од етнонационалната доктрина на југофедералната социјалистичка Македонија) и македонскиот етнос се прикажуваат како вечни жртви на соседите и на целиот свет, по што доаѓа како нормално чувството на незадоволство, а кај поекстремните но не и ретки случаи – и на омраза. Соседите се особено виновни затоа што ја “крадат” “самобитната македонска историја”. Бидејќи Република Македонија уште со своето создавање во рамките на Титова Југославија, за духовен темел на своето суштествување ги прогласи личностите од минатото (револуционери, преродбеници и цареви), коишто се декларирале како Бугари, не е тешко да се претпостави кој сосед е најмногу на удар на интерпретирачко-фалсификаторската суштина на македонизмот.
Во очекување да го прочитаме иследувањето на финландскиот Хелсиншки комитет и за да не ги повторуваме бројните примери на шовинизам, веќе посочени на страниците на “Трибјун”, овде само ќе наброиме уште некои случаи на неубавата македонистичка реалност.

За бруталното претепување на почитувачите на Мара Бунева на 13 јануари оваа година, веќе пишувавме, но не треба да се заборават некои досега од нас помалку апострофирани моменти. Извикуваните пароли на тепачите-заштитници на самобитноста на македонската нација беа: “Умрете Бугари”, “Смрт на Бугарите”, “Бугари Татари”… Освен на самиот ден на собитието кога само три телевизиски станици (А1, Телма и Канал 5) вклучија во своите прилози и изјави на луѓе од нападнатата страна, понатаму медиумите во Македонија покажаа молчење и маргинализирање на инцидентот и на истрагата или симпатии за тепачите-шовинисти. Исклучок беше само Канал 5. Телевизија Сител, весниците “Вечер”, “Утрински весник” и “Дневник” во текот на истрагата даваа изјави само на тепачите и на нивните адвокати, со што не беше почитувано основното новинарско правило – да се слушнат и двете страни. На главните места во весниците и во телевизиските дневници беа посочувани хулиганско-адвокатските изјави дека почитувачите на Мара Бунева викале “Ова е Бугарија” и им ја пцуеле мајката македонска на тепачите, коишто однапред беа опремени со стапови, безбол палки, како и со шалови на лицата и качулки на главите за маскирање.

Уредникот на Телевизија Сител Драган Павловиќ Латас како водител на централниот дневник на таа станица, неколку денови по инцидентот како нешто нормално и позитивно кажа дека секоја година млади патриоти со “два-три шамара” ги решаваат проблемите со пробугарски настроените луѓе коишто поставуваат плоча на местото каде што Мара Бунева го застрелала Велимир Прелиќ, а потоа и самата себеси. Мислењето на Латас може да биде повеќе предмет на интерес на организациите што се занимаваат со заштита на човековите права, од аспект на фактот што тој и медиумите што ги раководи (Сител и “Вечер”) се гласноговорници на актуелната власт - на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и Социјалистичката партија на Македонија. Неговиот став, пак, дека Мара Бунева направила грев со тоа што убила цивилно лице на власта (којашто не признавала македонска етничка индивидуалност и тврдела дека македонските славјани се Јужносрбијанци), е особено интересен од аспект на доразбирање на етнонационалната компонента на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и СПМ.
Како што дознаваме, кога полицијата ја заврши истрагата за инцидентот и пронајде само 15 хулигани, инспекторите ја напишале крајно благата формулација во подготвената пријава за тепачите, дека се поднесува за “учество во тепачка”. Дури по интервенција на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Александар Мијалков, во пријавата беше сменета формулацијата и сега стои дека е поднесена за “физички напад”. Ова само покажува колку многубројни и моќни се структурите во полицијата кои го поддржуваат не ставот за самобитноста на македонската нација ами македонистичкиот наци-фашизам и необјективноста како доминантна карактеристика во работењето на МВР.

Во деновите коишто следеа по инцидентот, целата втора половина на јануари 2007 година, главниот организатор на непосреднатаакција на тепањето, членот на ВМРО-ДПМНЕ Борис Нешовски секој ден се појавуваше во ресторанот “Дал Мет Фу”, којшто и е познат и на македонската полиција, како собиралиште на жителите на Скопје со бугарско етничко самосознание. Нешовски којшто порано работел во тој скопски ресторан, со години пред инцидентот и од февруари досега, не се појавувал ниту приближно толку често во “Дал Мет Фу”, како во втората половина на јануари оваа година, кога како манекен и прч се шеткаше низ ресторанот и го покажуваше своето среќно лице. Дали Нешовски дополнително се изживуваше со жртвите на нападот, коишто медиумите веќе ги прогласуваа за виновници или чекаше пофалби за тоа што извикувал шовинистички пароли и учествувал во тепање стари луѓе? Или можеби бил инструиран од центрите коишто се вистински организатори на нападот, секојдневно да се појавува и да се прчи во Дал Мет Фу, за да биде нападнат од некоја од жртвите и така да се релативизира уште повеќе суштината на инцидентот со фашизоидна содржина?

Да проследиме како и низ други примери се вгнездуваат потценувањата, предрасудите и шовинистичките чувства кај луѓето во Република Македонија. Во емисијата “Наше Бинго” на Сител телевизија на 3 август 2007 година, како одговор на пејачот Дарко Са, којшто ги информираше гледачите дека неговиот дебитантски спот е пуштен на бугарскиот музички канал “Балканика”, водителот Игор Џамбазов вели: “Не им верувај многу на братјата Б’лгари. Ние за нив сме цареви за музика”.

Преселбата на емисијата “Наше Бинго” од програмата на МТВ на Сител телевизија беше најавена на 16 декември 2005 година на централниот дневник на Сител од страна на гласноговорникот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Павловиќ Латас. Најавата одеше вака: “Од данас па надаље и убудуќе, ‘Наше Бинго’ на Сител телевизија”, на чист српски јазик. Ова е само уште еден прилог во доразбирање на етнонационалната компонента на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

На 7 август 2007 година одново Сител телевизија без никаков повод и причина пушти во централниот дневник 3-минутен исечок од стара, јануарска репортажа на софиската БТВ, емитувана по инцидентот на плочата на Мара Бунева. Со “чудна” мотивација и нескриен ироничен увод, Сител пушти во исечокот изјави на македонски граѓани со бугарско етничко чувство (соопштувајќи ги нивните имиња), во коишто ја изјавуваат народноста и ја критикуваат македонската власт.

Весникот “Вечер” во статија од 11 август 2007 година иронизира со тоа дека некои луѓе во Република Македонија сакале да ги преведат од бугарски на македонски јазик “Еротските приказни” собрани од преродбеникот и собирач на фолклорни материјали, Марко Цепенков, роден во Прилеп. Во статијата се коментира текст од скопското списание “Синтези”, коешто исто како и “Вечер”, покрај иронијата и чудењето како сето тоа може да стане кога преродбеникот ги запишувал прикаските на оригиналниот прилепски говор, не го кажува најважниот и неспорен и за македонистичките фолклористи и историчари факт, дека Марко Цепенков секогаш се декларирал како Бугарин, а во народните прикаски коишто тој ги собирал, етничката принадлежност на македонските славјани секојпат е бугарска.
Во многу рекламираната и пропагирана во Република Македонија, книга на Стефан Влахов Мицов, “Философскиот клуч за македонскиот идентитет”, авторот на едно место пишува дека “зборот Бугарин во западниот свет с# повеќе означува медицинска дијагноза а не етничка принадлежност”. Делови од книгата како фељтони публикуваа весниците “Време” и “Шпиц”, а токму “Време” го објави и делот со ова можеби најекстремно од многуте антибугарски изреченија на авторот, којшто порано беше директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, а сега е вработен во македонската амбасада во Бугарија.

Во интервју во весникот “Вечер” од 23 април 2007 година на прашањето “Исто така, ја застапувате тезата дека по карактер Бугарите и Македонците се различни. Можете ли да наведете некој пример за тоа?”, Влахов Мицов одново одговара во шовинистички дух: “Македонецот е човек отворен, толерантен, кого мислењето и тврдењето на другиот може да го повредат, но не и битно да влијаат на неговата позитивна насоченост кон другите. Неретко таа отвореност и толерантност негативно се одразува врз него. За разлика од Македонецот, кај Бугаринот се случува страв или поточно онаа патологија за која веќе говоревме. Оттука и шовинизмот и отпорот кон с# што не е бугарско (особено македонското)... “

Во јануари и февруари 2007 година македонската јавност беше информирана за намерата да се печати новооткриениот дневник на Крсте Мисирков, човек којшто во Македонија беше прогласен за татко на македонскиот литературен јазик и за човек број 1 во македонската историја.
Мисирков во поголемиот дел од животот не само што се декларирал како Бугарин, туку бил и бугарски шовинист, нарекувајќи ги Србите со генерализирачкиот термин “шумадиски свињари”. Во поретките македонистички фази Мисирков македонизмот знаел да го нарече “ноо течејне”, а во глорифицираната во Социјалистичка Република Македонија книга, “За македонцките работи” (за којашто подоцна ќе напише дека ја пишувал како “импровизиран политичар”), за татко му и дедо му кажува дека се чувствувале како Бугари. Зачудувачко за тие што не ја познаваат природата на македонизмот, може да биде глорифицирањето на Мисирков од страна на комунистички режим, кога тој самиот бил тврд антикомунист и, кажано со речникот на комунистите, реакционер.

За новооткриениот дневник на Мисирков во којшто тој се потпишува како бугарски Македонец, македонските медиуми без докази тврдеа дека е фалсификат, а тоа се подразбирало од фактот што е најден во Бугарија.
Сепак титулата најпластичен во објаснувањето зошто не треба да се печати дневникот на Мисирков, најголеми шанси да ја освои има портпаролот на опозициониот Социјал-демократски сојуз на Македонија, Емилијан Станковиќ, поради иновативната употреба на говорот на телото. Тој кога на пресконференција ја критикуваше власта како смее да печати такво нешто кога тоа “доаѓа од Бугарија”, во еден момент направи драмска пауза од неколку секунди, ја исфрли главата назад а брадата напред и подвлече: “Внимавајте…, од Бугарија!”.

Виктор Канзуров

http://www.tribune.eu.com/articles/3821.html



Тагове:   ОД,


Гласувай:
0



1. iavor681 - Господ е Велик и Справедлив! Да ж...
08.11.2007 12:10
Господ е Велик и Справедлив! Да живее съединението
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 2185537
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1975
Архив