Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Постинг
21.11.2007 11:52 - Четниците со нова шовинистичка канонада
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 1591 Коментари: 0 Гласове:
0



image Повторно навреди на Градскиот стадион во Скопје


В.Канзуров

“Усташки пички” повеќе од деведесет минути ечеше Градскиот стадион во Скопје вечерта на 17 ноември. Најгласно колку што се можеше беше исвиркана хрватската химна, а запаленковците дојдени од Хрватија беа удирани од полицијата поради фрлените факели на теренот. Тоа е она што можеа да го видат и чујат со помош на своите телевизори и сателитски антени сите гледачи на квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2008 година Македонија – Хрватија

Четниците коишто лажно се претставуваат со друго име, распоредени главно на западната трибина на Градскиот стадион, но не само таму, беа во елемент. Дојде репрезентација на земја којашто навистина му има нанесено многу зла на македонскиот народ. Меѓу првите ја призна независноста на земјата кога поголемиот дел од светот не сакаше да го стори тоа, четири години војуваше со агресор, со што го спречуваше да нападне на југ, т.е. нас. Нејзин човек, ѓаковскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер помогна во 1861 година да се отпечатат народните песни собрани од браќа Миладинови, навистина со непријатна етничка одредница на песните во заглавието, но нели тоа заглавие е затоа што една седмина од песните биле од (стара) Бугарија, а на браќата им ги дал некој си Бугарин Чолаков, состудент на Константин Миладинов во Москва, и така… Тие Хрвати овозможија да се отпечатат и “Бели мугри” на Коста Рацин во 1939 година…

Да погледнеме и од југословенски агол малку. Заедно со нив живеевме во братската заедница, Тито којшто беше Хрват ја призна (или создаде, како за кого) македонската нација и ни овозможи слободно да живееме. Нивниот фудбалски селектор рече дека сме биле горд народ и ни пренесе дека Хрватите од сите народи во бивша Југославија нас најмногу не’ сакале, еден бивш селектор ни кажа колку н# сака и почитува…

Но, “усташки пички” па “усташки пички”. Истото од истите четници се слушаше пред некоја недела на ракометниот натпревар Вардар – Загреб Кроација Осигурање во рамките на групата во Лигата на шампионите. Репертоарот навреди на сметка на хрватската нација се слушаше и на претходните два натпревара меѓу фудбалските репрезентации, еден квалификационен и еден пријателски, како и на повеќето други спортски гостувања на хрватски селекции и екипи.

Својата патолошка омраза и етнонационална ориентација четниците коишто лажно се претставуваат со друго име ја покажаа и на неодамнешниот пријателски фудбалски натпревар Вардар – ЦСКА Софија. Тогаш навредите беа “бугарски пички”, “татарски пички” и “Бугари Татари”. По ова далеку помалубројните “Татари”, како што тврдат повеќемина свидетели од Градскиот стадион, им удриле здрав ќотек на четниците коишто покажале дека знаат брзо да трчаат т.е. да бегаат. Сепак, противници овој пат не им беа 70 и 80-годишните старци собрани да & дадат почит на Мара Бунева. Којзнае зошто на македонските спортски новинари толку им беше важно да напишат дека подебелиот крај го извлекле запаленковците на ЦСКА.

По мечот тренерот на ЦСКА Стојчо Младенов изјави дека никогаш веќе нема да дојдат да играат пријателски натпревар во Скопје, а како аргумент освен фашистичкото однесување на публиката, ги наведе и бруталните стартови на играчите на Вардар.

Во март минатата година повторно западниот дел од трибините на скопскиот стадион не престануваше да скандира “бугарски пички” и “Татари” на пријателскиот фудбалски натпревар Македонија – Бугарија. Истото се случи на натпреварот од Купот на УЕФА пред некоја година меѓу Македонија од Ѓорче Петров и софиска или пловдивска Локомотива. Повторно шовинистички навреди од публиката, а играчите на Локомотива потоа свидетелствуваа пред бугарските медиуми дека србоманските нацисти коишто играле за ѓорчепетровскиот тим постојано ги провоцирале и им ја пцуеле мајката бугарска.

Да не заборавиме дека постојано четниците од западната трибина кога настапува репрезентацијата на Македонија или фудбалскиот клуб Вардар, ја пејат во изменет вид познатата партизанска песна: Нека разберат КЛЕТИТЕ ШИПТАРИ македонско име нема да загине. Иако за репрезентицијата на Македонија често играат Шаќири, Положани и други етнички Албанци.

Клетите Шиптари требаше да разберат оти србоманско име нема да загине и на 14 ноември кога се играше пријателскиот натпревар Вардар – Партизан во рамките на чествувањето 60 години од формирањето на фудбалскиот клуб Вардар и 20 години од формирањето на запаленковската (навивачка со сменета една буква е на чист српски јазик) група четници. Друга тема е колку овие сегашни четници имаат заедничко со групата формирана 1987 година.

Значи кога доаѓаат Татари, усташи и Шиптари, нормално треба да се навредуваат. Но кога доаѓаат Срби, пак треба да се навредуваат Шиптари. Тоа многу јасно го покажува не само примитивизмот на четниците ами и нивната великосрпска етнонационална содржина. Доказ за тоа се и ситуациите кога гостуваат на некоја телевизиска програма. Не знаат да зборуваат литературно македонски, туку употребуваат некаков јазик преполн со србизми коишто не се дел од официјалната литературна норма. Знакот на нивната запаленковска група – цифрите од годината на нивното формирање 1987 ставени на крст – е само копија на српскиот знак четири “С” на крст, односно “Само слога Србина спашава”. Двата лава од страна на знакот на четниците само го покажуваат парадоксот на денешниот македонизам. А колку до христијанската алузија, фашистичките навреди на четниците, нели, се токму во духот на Христовата љубов. Проблемот е што денешното па и целото ОФИЦИЈАЛНО христијанство е повеќе во духот на тоа како го разбираат четниците отколку што личи на проповедите на неговиот основач.

Да се разбереме, прекрасна атмосфера се направи на натпреварот Вардар – Партизан, убав декор со знамиња на западната трибина и дефиле на запаленковците и на Вардаровите пионери и јуниори на теренот. Имаше запаленковци на белградски Партизан, со транспарент на кој пишуваше дека тие се од Скопје. Најнормално е влакно да не им фали од главата, ниту некој да ги навредува, сеедно дали се етнички Срби од Македонија, србомани или просто луѓе кои се определиле да го љубат Партизан. Но таков треба да биде односот кон сите гости. Играчите на Вардар вистински пријателски се однесуваа кон колегите од Партизан, но беа груби со колегите од ЦСКА. Тоа го покажува не толку нивното и на раководството на клубот србоманство, колку омразата што ја негуваат и потребата од кавга што ја имаат.

Кога доаѓаат Бугари, Хрвати, македонски Албанци на скопските терени, принудени сме да слушаме најцрни нацистички пароли. Очигледно е дека на раководствата на спортските федерации и на клубовите како и на спортските новинари во Македонија не им пречи овој србомански нацизам. Можеби интимно се согласуваат со него. Срамно е да се молчи за ова толку пати повторувано зло.

Членови на запаленковската група на спортското друштво Вардар се и многу прекрасни луѓе, кои одат на спортските терени само да го бодрат својот тим, репрезентацијата и да направат одлична кореографија со знамиња и факели, но нивното влијание во вкупниот впечаток, освен убавиот сценографски декор што го прават, многу малку се чувствува. А кога веќе го коментираме најсвежиот пример, ако хрватската спортска и воопшто јавност, ако раководството на хрватскиот фудбалски сојуз, хрватската држава и хрватската дипломатија не реагираат на фашистичкото дивеење во Скопје, ниту прво, а ако молчат, ниту последно, тогаш можам да им порачам дека навистина се усташки или какви веќе пички. Со една ограда дека и терминот којшто се употребува за навреда потекнува од машкошовинистичкиот деградирачки однос кон жените и одвратен е кога се употребува во таков контекст.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски по натпреварот ја пофали публиката. Истата публика, чијшто голем дел ги навредуваше хрватскиот народ и хрватската химна. А Гоце Седлоски поголемиот дел од кариерата го помина во сплитски Хајдук и загрепски Динамо, јадејќи хрватски леб. Каков срам, каква благодарност, каква простотија!

prezemeno od: TRIBUNE


Тагове:   нова,   канонада,


Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 2194774
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1975
Архив