Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Постинг
13.03.2008 11:23 - Последни часови на Владата
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 1686 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 13.03.2008 11:24



ДПА на синоќешната седница на Централното претседателство, одлучи да ја напушти владината коалиција

image

ДПА на синоќешната седница на Централното претседателство, која траеше повеќе од два часа, донесе одлука да ја напушти владината коалиција. 

Ова на денешната седница во Сарај треба да го потврди највисокиот партиски орган, Централниот одбор, со кој ќе раководи почесниот претседател Арбен Џафери.

- Во 17 часот ќе имаме седница на Централниот одбор во Сарај, сигурен сум дека ќе ја прифати одлуката и таа ќе биде неповратна и конечна за излегувањето на ДПА од Владата, рече лидерот Мендух Тачи, по завршувањето на седницата на Централното претседателство.

Тој истакна дека ова е тежок проблем и тешка политичка криза. Тачи потенцираше дека сите кои се надеваат дека спин мајстори или трик мајстори ќе ја решат оваа ситуација на крајот ќе се излажат. Тој порача дека ставот на ДПА е да бидат дел од решавањето на проблемот, а не проблемот.

- Им порачувам на господинот Груевски и на господинот Ахмети во насока на почитување на Уставот на РМ и на законите ако можат да направат заедничка влада и да ни кажат што тоа се договориле и дали тоа можат да го изведат. Тоа ќе значи дека ние ќе почитуваме секакви одлуки кои се во рамки на Уставот и законите. Ова го правиме затоа што сме познати дека никогаш не сме направиле заткулисни игри, криенки, туку сакаме секогаш да имаме транспарентна политика. Многу ни е важен процесот, НАТО, но навистина најважни ни се правата на луѓето кои ги претставуваме, истакна Тачи.

Тој додаде дека не се важни изборите и владите, важно е процесот да се истера до крај. Според Тачи ДПА има огромна поддршка од, како што рече, нашите сојузници, ЕУ, НАТО и САД сите заедно да работиме да ги решаваме овие проблеми.

- Тие не се толку наивни да ни се мешаат какви влади ќе правиме и дали ќе правиме влади. Нивната порака е многу јасна, потенцираше Тачи. (MИА)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=01DA378533DABE4383FAFEA4D2F36967

Bajaga- Pada Vlada




Гласувай:
0



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 2194948
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1975
Архив