
Прочетен: 5028 Коментари: 7 Гласове:
Последна промяна: 11.08.2007 11:39
Љубчо Георгиевски бугарски амбасадор во Македонија
Скопје /10/08/ 17:08
Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски најави дека во септември ќе биде назначен за амбасадор на Република Бугарија во Македонија.
Ниту една надлежна државна институција во Софија ова тврдење кое наликува на првоаприлска шега, денеска не сакаше ниту да го потврди, ниту да го демантира.
Георгиевски ова го изнесе во соопштение до медиумите во Македонија во реакција на големиот публицитет на неговото активирање во кампањата за локалните избори во Бугарија.
„Ако за ова во македонските медиуми се напишаа толку многу коментари, што ли се може да очекувам да напишат на 1 септември, кога ќе чујат дека сум назначен за амбасадор на Република Бугарија во Македонија“, наведе екс премиерот Георгевски.
http://www.makfax.com.mk/look/novina/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=2&NrArticle=79046&NrIssue=421&NrSection=10
ЕКС-ПРЕМИЕРОТ ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ЗА МЕДИУМСКИТЕ ТЕКСТОВИ НИ ПОРАЧА:
Што кога ќе чуете дека сум амбасадор на Бугарија во Македонија?!
Откако медиумите го посочија дека застанал зад кандидатурата на Кирил Пендев за градоначалник на Благоевград, екс премиерот Љубчо Георгиевски испрати допис до сите редакции, во кој вели дека сите партии носат странци за време на изборни кампањи.
- Кога во некоја држава ќе се распишат парламентарни или локални избори, политичките партии се растрчуваат во своите кампањи да внесат што е можно повеќе реномирани странски политичари. Така и во Македонија, и во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ носеле познати странски политички имиња за да ги пофалат во нивните кампањи и да го повикаат народот да гласа за нив. Во останатите евроспки држави таа пракса е и поголема, па дури и актуелни премиери се јавуваат во кампањи на други држави, пишува Георгиевски и порачува дека само во тој контекст може да се коментира неговото застанување и поддршка на Пендев за градоначалник на Благоевград.
- Навистина не знам зошто македонските медиуми креваат прашина за нешто што е вообичаено и во Македонија и во европските демократии. Ако за ова се напишаа толку многу коментари, што ли се може да очекувам да напишат на 1 септември кога ќе чујат дека сум назначен за амбасадор на Република Бугарија во Македонија, пишува екс-премиерот во дописот до медиумите.
Кирил Пендев, кандидат за градоначалник на Благоевград е поранешен директор на Балканска банка, Скопје.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DCFA70867411F44A97F3778905438337
|
Георгиевски бара разбирање за ангажманот во Бугарија
10.08.2007
![]() |
Љубчо Георгиевски |
Почесниот претседател на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски се јави, ама со допис. Од медиумите, јавноста и експертите бара толеранција и разбирање за неговиот политички ангажман во Бугарија.
Како што наведува, не му било јасно зошто само кај нас се крева прашина за нешто што е вообичаено и во Македонија и во европските демократии.
„Кога во некоја држава ќе се распишат парламентарни и локални избори, политичките партии се растрчуваат во своите кампањи да внесат што е можно повеќе реномирани странски политичари“, смета Георгиевски.
Опозицијата, Георгиевски како политичар најчесто го обвинуваше за неговиот пробугарски ангажман. Предизвика контроверзии со идејата за поделба на Македонија и преселба и размена на територии меѓу Македонците и Албанците.
По последниот политички излет во Бугарија, од каде веќе доби и државјанство, реагираа и политиколозите - морално е Георгиевски да го врати пратеничкиот мандат, со оглед на тоа што не си ја работи работата.
Тој, пак, одговори во свој циничен стил: „Ако за ова се напишаа толку многу коментари, што ли се може да очекувам да напишат на 1 септември, кога ќе чујат дека сум назначен за амбасадор на Република Бугарија во Македонија“.
Од неговата партија во Македонија ВМРО-НП и денеска без коментар дали ќе се оградат од дејствувањето од нивниот неформален лидер.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=82515
Македонија Швајцарија на Балканот
Македонија Швајцарија на Балканот
11.08.2007 13:35
11.08.2007 14:02
Ме банираа Бугарашче !!!
Ипак фала за Блогролот
Ме изненадуваш !!!
Ајт Поздрав !!!
11.02.2008 22:33
11.02.2008 22:38
11.02.2008 22:43
2. karavelov
3. meto76
4. комитата
5. makedonskatribuna
6. radko
7. sekirata
8. tribune
9. georgiev
10. За българските работи
11. makedonska diskusiona grupa
12. teodordetchev
13. bugarash - blogspot
14. bugarash-wordpress
15. oblakoff
16. МЪГЛЕНСКА ПРАВОСЛАВНА АРХИЕПИСКОПИЯ
17. МАКЕДОНСКИЯТ НАУЧЕН ИНСТИТУТ
18. Български народни песни
19. Съюз на Македонските Организации
20. БУГАРАШ
21. МАКЕДОНСКО ДВИЖЕНИЕ ПРЕОБРАЖЕНИЕ