Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Октомври, 2017  
ПВСЧПСН
1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Постинг
23.04.2007 16:56 - Патологијата е погубна работа
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 1512 Коментари: 3 Гласове:
0



СТЕФАН ВЛАХОВ - МИЦОВ ИСТОРИЧАР

За проф. Влахов - Мицов шокантно е што шовинистичките визии воБугарија стасуваат и се издигаат до патологија и тоа патологија на една искривена наука. Има дури и еклантантен пример: во времето на асимилацијата на Турците во Бугарија, покрај притисокот на живите, се одеше до таму што се креваа и плочите од мртвите муслимани Турци. Пр: ако на плочата пишувало Осман Алиу, мртвиот се преименува во Огњан Илиев.
- Мислам дека е потребно секој човек, граѓанин од било која земја во светот, пред се да размислува со своја глава, позитивно и отворено кон другиот. Само тоа е патот кон подобрување на нештата не само во Македонија, Бугарија, на Балканот... ами и во светот.



imageСтефан Влахов-Мицов завршил историја (специјалност балканистика), филозофија и реторика на Софискиот универзитет "Свети Климент Охридски". Доктор е по филозофски науки. Цели 23 години предава на Софискиот универзитет, но потоа е отпуштен поради неговите ставови во врска во македонското малцинство во Бугарија. До пред шест месеци беше раководител на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.

Член е на здружението на бугарските новинари и на Управниот совет на Салонот за литература, уметност и наука при СБЖ, на Меѓународната организација на журналистите, на Професорската академија за светски мир со седиште во Њујорк, главен секретар на Друштвото за бугарско македонско пријателство, претседател на Сојузот на слободни писатели во Бугарија. Минатата година го добива звањето "Амбасадор на мирот" од Интернационалната федерација за светски мир при ООН и е добитник на нашата меѓународна награда "Почесно Рациново признание"...

Автор е на 10 книги преведени на неколку светски јазици. Деновиве во Скопје ја промовираше својата книга "Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет" во издание на Матица македонска.


По однос на изместените историски факти и искривоколчената историска вистина имате доста луцидни коментари, како што е, на пример, јулско-августовското востание наместо Илинденско - Преображенско, како што го промовираат бугарските историчари. Каде треба да се бара вистината?
- Ако сакаме да стигнеме до вистината мораме прво да се еманципираме во однос на секаков шовинизам, кој, за жал, владее во Бугарија, а ниту другите балкански земји не се имуни на оваа "болест". Историската наука се базира на факти. Тие исти факти не смеат да се пренебрегнат, особено ако се испита и утврди секој факт поодделно и начинот на кој е добиен. Но, знаеме дека, во принцип и фактички, историјата ја пишува победникот. Конкретно за Илинденското востание самиот летописец Христо Силјанов, кој е и пробугарски настроен, го насловува и пишува востанието како Илинденско. Значи, само Илинденско, не и Преображенско. Ситуацијата е јасна, тука нема ништо спорно. Проблемот е во друго: што едните си сакаат република и ја создаваат таа република, а од одринско-тракискиот дел се негира тоа. Едноставно, не може историјата да се манипулира, или се со цел за да се присвои некој факт, таа да се менува за 180 степени.
Ги споменувате Григор Прличев и Крсте Петков Мисирков - генијалци, дејци, обични луѓе или и едното и другото....?
- Тоа се луѓе кои многу придонеле за клучот на македонската кауза и тоа не само со своето дело, туку и како луѓе. Тие се луѓе чиј пат означува драма на едно време. Нивниот живот може да се одбележи и како еден драматичен, историски знак, за една општочовечка судбина, во одреден момент на македонскиот историски контекст. Во исто време, тие се луѓе кои успеваат да го надраснат тоа и на крајот од краиштата, во својата основа, сепак, да ја "признаат" својата определба за македонската националност. Крсте П. Мисирков во еден момент се нарекува Бугарин, сакајќи да го спаси своето семејство. Тој факт никако не може да го оспори неговото дело "За македонцките работи". Прличев во последните пет години пред да умре ќе напише дека е "убиен од Бугарите", иако пред тоа ќе се определи "најпрвин како Бугарин, а потоа како човек". Да сублимираме: тие се важни и маркантни појави во историски контекст и со своето дело и со својата човечка драма, пред се како наука за сегашните, но и за идните генерации.
Шовинистичките "визии" во Бугарија одеа до таму што и Вили Шекспиров беше Бугарин?
- Тоа се глупости. За тоа имам многу пишувано и говорено. Шокантно е што таквите глупости стасуваат и се издигаат до патологија и тоа патологија на една искривена наука. Има дури и еклантантен пример: во времето на асимилацијата на Турците во Бугарија, покрај притисокот на живите, се одеше до таму што се креваа и плочите од мртвите муслимани Турци. Пр: ако на плочата пишувало Осман Алиу, мртвиот се преименува во Огњан Илиев.
imageДо каде ќе оди тоа лудило?
- Сепак, мислам дека тоа е повеќе патологија од класично лудило. Слично на "1984" на Орвел. Со таа битна разлика што тоа беше роман, а во Бугарија тоа се случуваше навистина.
Велите дека "духовноста на авторот е неминовно врзана со духовноста на просторот". Но, што ако се тргне од обратна насока - просторот да ја диктира деструкцијата на авторовата духовност?
- Во оваа книга јас зборувам и за деструктивноста на Балканот. Историски токму Балканот е најповеќе врзан за таа деструктивна енергија. Во повеќето случаи на нашиот полуостров, таа енергија била негативна.
Исто така, ја застапувате тезата дека по карактер Бугарите и Македонците се различни. Можете ли да наведете некој пример за тоа?
- Македонецот е човек отворен, толерантен, кого мислењето и тврдењето на другиот може да го повредат, но не и битно да влијаат на неговата позитивна насоченост кон другите. Неретко таа отвореност и толерантност негативно се одразува врз него. За разлика од Македонецот, кај Бугаринот се случува страв или поточно онаа патологија за која веќе говоревме. Оттука и шовинизмот и отпорот кон се" што не е бугарско (особено македонското). Само така може да се објаснат најновите тенденции на промена на надгробните плочи, забраната на членовите на ОМО Илинден да го посетат гробот на Јане Сандански... Каракачанов оди дури дотаму што става една измислена реченица на споменикот на Јане Сандански, висок два метра, во која вели дека тој се борел за слободна, бугарска Македонија. Од друга страна, најчестата реплика во Бугарија е дека Македонците се малку. Па, тогаш, зошто тој страв и забрани за едно толку мало малцинство?! Јас тие луцидни споредби ги давам и ги извлекувам од интимата, токму поради тоа што карактерните црти меѓу двајца луѓе (па и две нации), нивните разлики, па и сличности тука најмногу се забележуваат. Иако многу историчари ги бараат сличностите меѓу Македонецот и Бугаринот, меѓу нив постои суштинска разлика.
Колку авторот делува на позитивниот (макар и историски) дух на овие балкански простори?
- За жал, сведоци сме дека авторот најчесто е надгласан од политиката, односно историскиот контекст го диктираат нечии, најчесто политички, желби и интереси. Гласот на писателите, многу малку се слуша, без разлика колку е силен. Така е во политичките случувања, особено на Балканот. Мислам дека е потребно секој човек, граѓанин од која било земја во светот, пред се да размислува со своја глава, позитивно и отворено кон другиот. Само тоа е патот кон подобрување на нештата не само во Македонија, Бугарија, на Балканот... ами и во светот.

Влахов-Мицов: "Светот е бугарски"
"Можеби досега не знаевте дека се што потекнува на светот е Бугарско. Една теорија за ова вели дека на соѕвездието Мала Мечка живееле двајца луѓе - бел и црн. Нормално, тие биле Бугари. Еден ден решиле да се симнат на земјата да го посеат своето семе и така настанал светот. Што се однесува до себугарското потекло, може да ви појасниме дека дури и Исус бил Бугарин", (се смее).

Борче ГРОЗДАНОВ
ФОТО: А. ИВАНОВСКИ

http://vecer.com.mk/?ItemID=6A88ED85D09DDE4A9A1E0688EB182B3A



Гласувай:
0
0



1. bugarash - која будала човече
23.04.2007 17:00
која будала човече
цитирай
2. анонимен - OwJLQWxSFloi
03.07.2011 14:16
Thanks for saihnrg. Always good to find a real expert.
цитирай
3. анонимен - qJKjYqfMSKFOu
04.07.2011 10:32
wjskAH <a href="http://lutzuhpemjpu.com/">lutzuhpemjpu</a>
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 1368040
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1972
Архив