Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Октомври, 2017  
ПВСЧПСН
1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Постинг
12.09.2007 14:25 - Македонија Швајцарија на Балканот
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 1184 Коментари: 0 Гласове:
0



Иван Михајлов


ПРВА ГЛАВА

СЛУЧАЈОТ СО ШВАЈЦАРИЈА

Мнозинството од оние што политички размиспуваат, со восхит гледаат на Швајцарија. Многу народи со завист гледаат на нејзината благосостојба, со обезбедената во неа слобода на личноста, со хармонично развиените општествени односи и отсуството на надворешно-попитички грижи.

Всушност, ништо чудно нема во тоа што постигнале Швајцарците. Дали има нешто поприродно од единомислието, во коешто живеат одделните националности што живеат во таа земја? Нема пологично од тоа што таму се обезбедени сите права на граѓанинот; што државните служби се достапни за секој и што народот вистински учествува во донесувањето на законите; што не постои национално, религиозно или класно угнетување; што односите на земјата со другите држави се развиваат лојално и спокојно.

***

Меѓутоа, до таа состојба не се дошло сосем лесно. Ако ја отвориме историјата, ќе видиме какви сe напори поднесло населението на Швајцарија во текот на децении и векови; какви внатрешни недоразбирања и какви судрувања со своите соседи доживувало, и колку спорови и конфликти настанувале помеѓу западноевропските земји во врска со Швајцарија.

Основните причини за судири и непријатности во минатото на таа земја произлегувале, пред сe, од аспирациите на соседите и од различната религиозна припадност на месното населеиие. Националните различности не претставувале посебно важен извор за внатрешните несогласија. Таму живеат, како што е познато, четири националности: Германци, Французи, Италијанци и едно племе - Реторомани - мошне блиско до Италијанците. Етничката граница доста добро се оцртува меѓу областите. Во повеќе кантони живеат измешано протестанти и католици.

Дпабоки биле во минатото делбите меѓу двете вероисповеданија во западниот свет. И во Швајцарија, пред да се дојде до денешните средени односи меѓу црквата и државата, меѓусебните судири врз религиозна основа биле тешки и долготрајни. Мошне често религиозните моменти решавачки одлучувале во борбите; вистински војни се воделе на чисто религиозна основа.

Во почетокот на XVI век реформацијата почнала силно да се пројавува во Швајцарија, благодарение, пред сe, на усилбите на Цвингли во Цирих. Како нејзина последица, долго време во Швајцарија била присутна поделбата на спротивставени табори. Внатрешните швајцарски судири, во тоа време, се водени со безобѕирна жестокост. Мошне често, кантоните биле поделени на две групи, кои влегувале во сојуз со надворешни сили, едни против други. Многу пати доаѓало дури до закани за отцепување од заедницата.

Така, во 1531 година се водела војна меѓу кантоните со претежно протестантско население и оние, во кои постоело католичко мнозинство. Во 1656 година има друга војна, во којашто жителите на Берн биле победени. Протестантизмот и католицизмот таму се борат за надмоќ. Внатрешните религиозни и политички раздори и поделби продолжуваат скоро до пред сто години. За последен пат со оружје в рака, протестантите и католиците се судриле во 1712 година кај Вилмерген, при што победата ја однеле протестантите.

Општествениот поредок и единството на Швајцарците го загрозувале сериозни потреси и разни проблеми од политичка природа. Доаѓало и до големи немири, до отворени бунтови, до ставање во готовност на одделни внатрешии војски, за да се стигне најлосле, пред стотина години, до конечното внатрешно уредување. Понекогаш владеачките режими прибегнувале до мошне строги мерки и едноставно се налагале над мнозинството од населението.

Внатрешни несогласувања постоеле и на економска основа. Во некои од кантоните во 1653 година избувнало и селско востание. И тоа, исто така, покажува дека не секогаш во таа земја сe се одвивало глатко. Сосем спротивно — историчарите еднодушно забележуваат дека во текот на неколку векови во Швајцарија владее потполн хаос.

Во 1845 година се случил последниот сериозен смут. Седум кантони склучиле сојуз и започнале да се организираат за воен отпор против другите, одлучувајќи да се одделат од швајцарската заедница, поради спорови од политичка и од црковна природа. Стоилјадна армија од другите кантони, предводена од генерал Вилхелм Анри Дифур, го презема Луцерн; седумте кантони биле победени во 1847 година и биле принудени да останат во заедничката држава. Тогаш се внесуваат извесни промени и во уредувањето на државата, при што од конфедерација се поминува кон федерација. Така, по своето општествено уредување Швајцарија се доближува до Соединетите Американски Држави. Во 1874 година се прави уште еден чекор кон централизација преку исправки во Уставот. Значи и во Швајцарија неретко била проливана крв во внатрешните меѓусебни борби.

Но сепак, духот за братството и свеста за општите интереси победиле. Сево ова им давало на Швајцарците сила да им се спротивставуваат на притисоците од страна на нивните соседи. Својот стремеж кон политичка самостојност швајцарскиот народ го платил со сопствената крв. Пред сe, напорни борби Швајцарија водела за своето ослободување од политичката доминација на Австрија. Имено во тие борби е создадена легендата за Вилхелм Тел. Швајцарците доживувале и порази, но неколкупати остварувале и големи победи, кои претставуваат гордост за сите швајцарски поколенија.

Швајцарија не секогаш успевала да се одбрани од туѓите влијанија. Честопати таа ги прифаќала политичките желби на соседните држави. Во определени периоди таа, на пример, војува против Франција; но потоа, кон XVI век. е под силно влијание на француската политика. Со оглед на тоа што била загрозувана од надворешни опасности, Швајцарија, уште пред Француската револуција, ја прокламирала својата неутралност. Истото го правела и подоцна. И покрај тоа, во времето на спомнатата револуција, доаѓа до ново француско мешање во швајцарските работи, при што во Швајцарија навлегле француски воени единици; ваквите случаи се чести во историјата на Шаајцарија, а тоа го правела и Австрија. Во овој случај извршени се реформи според француски револуционерен образец. Кантоните биле претворени во обични администратавни единици. Се создава централизирана држава, како во Франција. Некои кантони даваат вооружен отпор. Во војната, пак, што сојузените европски држави ја започнале против револуционерна Франција, Швајцарци има на двете страни. Во времето на Наполеон доаѓа до внатрешни политички судири помеѓу "унитаристите", кои се залагале за централизирана република, и "федералистите", кои се застапувале за поголема автономија на кантоните. Наполеон ги поттикнува овие недоразбирања, за да биде потоа арбитар во внатрешните работи на Швајцарија. Околу шест илјади Шаајцарци загинале како Наполеонови војници во походот му против Русија. Кога Наполеон паднал од власт, се креваат други внатрешни сили со аристократска политичка ориентација.

Дури во 1815 година Големите сили ја признаваат вечната неутралност на Швајцарија и неповредливоста на нејзиниот територијален интегритет. Меѓутоа, како што веќе рековме, сe уште не биле згаснати внатрешните политички борби, а понекогаш се појавуваат недоразбирања и со други држави. Така, на пример, во 1838 година доаѓа до воена напнатост со Франција, поради отказот на Швајцарија да изврши екстрадиција на емигрантот Луи Наполеон.

Австрискиот император Максимилијан се откажал од своите права над Швајцарија во 1499 година[1]. Како независна држава Швајцарија е призната за првпат со Вестфалскиот мировен договор во 1648 година т.е. околу четиристотини години откако бил поставен почетокот на швајцарското обединување од страна на трите кантони - Швиц, Ури и Унтервалден. До 1798 година швајцарските кантони биле само тринаесет. Притоа, долго време постоеле неполноправни кантони - Сент, Гал и градот Биен - со места и глас во Диетата, без да бидат целосно федерирани. Постоеле, исто така, сојузници на Конфедерацијата - на пример, покаснешните кантони Вале, Женева, Гризоните, Њошател, Милхаузен, Базелската епископија. Постепено, отстранувајќи ги постоечките пречки, подоцна сите биле примени во швајцарската заедница. Мошне бавно се менувало сето она што претставувало преграда помеѓу скоро самостојните кантони. До пред неколку децении кантоните ги разделуваа многу работи; имаше дури царинарници помеѓу нив. И, како што рековме, врските помеѓу нив честопати виселе на влакно. Швајцарското братство поминало низ многу тешкотии и опасности.

Петте големи сили[2], коишто го потпишаа Парискиот договор во ноември 1815 година, изјавиле дека "неутралноста и суверенитетот на Швајцарија како и нејзината независност од какви и да било надворешни влијанија се од посебен интерес за цела Европа". Државите коишто й го признаа статусот на вечна неутралност, по Првата светска војна станаа дваесет и пет. Членот 435 од Версајскиот договор ги потврдува решенијата од 1815 година и ги нарекува "меѓународни обврски за зачувување на мирот". Советот на делегатите состави на 13 февруари 1920 година декларација, според која швајцарската неутралност е наполно оправдана и е од особена важност за зачувување на општиот мир и, притоа. не се коси со одредбите на меѓународното право.

Веќе повеќе децении кај никој Швајцарец не постои мисла за отцепување, и никој од соседите не посегнува по швајцарската самостојност. Општо е убедувањето дека швајцарската независна држава им обезбедува среќен заеднички живот на нејзините четири националности, ги смирува соседите и го дава својот значаен придонес за зачувувањето на мирот.

***

Но само за момент да си претставиме една друга ситуација. Да си претпоставиме дека и покрај стремежите на Швајцарците, тие не успеале да ја остварат сопствената независност или дека таа им е одземена. Да си претставиме дека Швајцарија е поделена и се наоѓа под власта на трите соседни држави; дека Франција, на пример, ја завзела областа помеѓу Мон-Блан, Базел и Циришкото езеро; дека Италија ги присвоила скоро сите останати области на Исток - до австриската граница, додека Германија, и покрај тоа што мнозинството од населението во Швајцарија е од германско потекло, ја окупирала само територијата околу Воденското езеро со два-три мали кантони. На таков начин Италија би поседувала сжолу дваесет илјади квадратни чилометри швајцарска земја, Франција - околу седумнаесет илјади квадратни километри, а Германија - околу пет илјади квадратни километри. Би имале, всушност, распарчување потполно исто со она што на Балканот е спроведено во однос на Македонија од страна на нејзините три соседи Грција, Србија и Бугарија. Да си замислиме дека се прибегнало и до истите обиди за денационализација, на каква што е подложено посебно бугарското население во Македонија, коешто е мнозинсво. Со тоа, се разбира, швајцарскиот народен дух нема да згасне, а и стремежот кон слобода ќе остане да живее. Врз основа на една елементарна прогноза, положбата во којашто ќе се најде земјата би била следната:

Опозиционо расположение и ненавист кон туѓата власт ќе најдете во секој швајцарски дом. Низ градови и села 6и се распоредиле органи на таа власт, дојдени оддалеку, и тие, во свои раце, ќе ги имаат сите битни места во органите на управата, за да го насочуваат целокупниот општествен живот во согласност со желбите и барањата на окупаторите. Нема да има ниту трага од онаа швајцарска автентичност во водењето на народните работи, којашто би била карактеристично обележје на една слободна земја. Според плановите на различните окупаторски власти, во една околија, на пример, ќе се допуштаат избори за општински совети, додека во друга советите ќе бидат назначувани: на едно место назначувањето ќе се спроведува од цивилната власт, а во друго - од воените команданти. Некаде избраните лица ќе бидат месни луѓе, а на друго место - дојденци од владеачката држава: во една општина ќе бидат правени обиди за обезбедување на општественото "одобрување" преку подмолна лолитика и со сретства на народот, додека во друга - истиот тој народ со кундаци ќе биде растеруван. Примерот со самоволијата во локалната самоуправа може да се пренесе во која и да било област - во боравењето со политички, стопански, религиозни, образовни, судски и секакви други прашања. Се разбира, би била избришана секоја трага од кантоналната самостојност. Границите на трите држави ќе пресекуваат повеќе кантони, не сообразувајќи се со нивната традиција и нивниот интерес. Токму со таква цел би била направена и самата поделба на земјата - да се убие во самиот зародиш секоја швајцарска помисла за осамостојување.

Сите здруженија со швајцарски карактеристики ќе бидат растурени, вклучувајќи ги тука и хуманитарните, спортските и вегетаријанските. Најригорозно забранувани ќе бидат оние здруженија, коишто ќе настојуваат да ги негуваат врските помеѓу Швајцарците од различните населени места и области. Ќе бидат основани разни нови друштва, раководени од придојдени службеници или од верни на власта поодделни Швајцарци; тие ќе бидат лаборатории против швајцарските идеи. Училиштата, и пред сe универзитетите, нема да имаат швајцарско име и насоченост. Повеќето од професорите, учителите и свештениците ќе бидат дошлаци од земјите-окупатори. Наставниците и воопшто интелектуалците од месно потекло ќе бидат толерирани ако се согласат да предаваат изопачена историја, којашто ќе ги фалсификува швајцарското минато и швајцарските стремежи. Библиотеките ќе бидат исчистени од книги со швајцарски дух. Ќе бидат урнати спомениците што потсетуваат на швајцарскота единство и самостојност. Поради истата причина ќе бидат ограбени и музеите. Казни ќе го очекуваат секој којшто нема да им ги предаде на властите оние предмети што напомнуваат за полмтичката посебност на Швајцарија. И во манастирите ќе бидат доведени духовници првенствено од земјите-поробувачи. Ако биде возможно, туѓите власти ќе направат обид да ги променат и имињата на одделни нејзини граѓани, за да им дадат форма, каква што имаат имињата во соодветните три држави.

Една од важните задачи на освојувачот ќе биде да ја намали економската моќ на Швајцарците. Осиромашувањето на народот ќе биде потпомагано на повеќе начини. Поголемите претпријатија ќе бидат одземени од рацете на Швајцарците, а трговијата со надворешниот свет ќе биде исклучително под контрола на власта. Исхраната ќе биде мошне отежната. Банките ќе и служат на туѓата политика. Голем дел од средствата на населението ќе се трошат за подмитуаање на властодршците, коишто, и без тоа, на разни начини ќе го приграбуваат за себе и за својата држава швајцарското богатство. Индивидуалната и општествената изградба ќе се намали многукратно Она пак, што дотогаш било изградено, постепено ќе гние и ќе се распаѓа. Воопшто земјата ќе биде само објект на безобѕирна експлоатација, но во никој случај корисник на какви и да било права. Швајцарското стопанство, ако за него воопшто би можело да се зборува, ќе биде само мал дел од големите стопанства на освојувачите.

Политичките интриги, измислувани и проширувани од разни центрови, ќе се сојузат со црковни интриги, за да ги разбудат старите страсти и недоразбирања, на коишто Швајцарците не беа имуни во подалечното минато. Во слобода таквите недоразбирања лесно можат да се решат, но во ропство тие многу лесно се разбудуваат.

Обична појава ќе бидат фалсификациите на најочигледните вистини. Во земјата и во странство, на очиглед на општествената јавност, ќе се шират невистини за односот на Швајцарците кон освојувачите, односно евентуалните избори, ако на некои места такви бидат допуштени, во врска со материјалната положба на народот итн. Основната тенденција на овие лаги ќе биде насочена, се разбира, пак против идејата за обнова на швајцарското заедништво, иако одвреме навреме ќе се кажува и по нешто во корист на една или друга група Швајцарци, ако тоа е од полза за некој од окупаторите во определен момент.

Ќе се слушнат и мислења на Швајцарци дека е подобро Швајцарија да биде присоединета кон една или кон друга од соседните држави, или затоа што таа се покажала најлојална, или затоа што е најбогата, најдемократска или најсилна. Ќе се појават спорови помеѓу самите Швајцарци во врска со нивниот однос кон едни или други ветувања на одделните окупатори за целосно вклучување на Швајцарија во нивните граници. Ќе се изнесуваат вербални и пишани аргументи - еднаш во корист на француското слободољубие и просветеност, другпат во корист на германската расна блискост со мнозинството Швајцарци, третпат во корист на Италија поради нејзиниот придонес во општоевропската цивилизација. Одвреме навреме ќе доаѓа и до судири помеѓу Швајцарците во врска со прашањето во кој политички гроб ќе биде најдобро да биде сместена Швајцарија, бидејќи многу од Швајцарците ќе бидат цврсто определени против секаква надворешна власт во нивната земја.

Против сите овие зла нема да биде дозволеио да се води дури легална борба. На швајцарските весници нема да им се дозволува да напишат ниту збор против однесувањето на властите или пак за несреќата на народот. Потполно е проблематично дали ќе биде дозволено излегувањето на весници со политичка ориентација. Отпорот на населението ќе мора да се манифестира илегално. Ќе се појави потреба тајно да се организира спроведувањето и на најобични иницијативи коишто, според самите Швајцарци, се корисни за селото, за општината или за целата земја. Меѓутоа, тие дејства ќе бидат прогласени за противдржавни дела. Граѓаните ќе се најдат под ударот на вонредните закони, ќе плаќаат казни и ќе бидат затворани само поради желбата да се даде израз на народната волја. И така, незабележливо, дури и да не го сака тоа, населението ќе биде приморано да прибегне кон вооружено здружување, кон револуционерни методи. Впрочем, неговиот слободарски дух може да го побуди да создаде, свесно и со цврста определба, своја револуционерна организација и свој револуционерен центар уште во првите денови на ропството.

Откако ќе се појави една ваква борба, првата мерка на власта ќе биде да го ограничи слободното движење. Без посебна дозвола нема да може да се патува со ниту едно превозно средство, ниту пешки да се оди од едно село во друго или од еден во друг град. Оваа мерка, покрај сe друго, најголема штета ќе му нанесе на туризмот, којшто би и носел на земјата големи приходи и би ја направил Швајцарија блиска и позната на милиони луѓе од целиот свет. Можеме да си претставиме каков револт и очај ќе предизвика помеѓу Швајцарците оваа мерка. Само таа е доволна за да предизвика вооружен отпор. Несигурна ќе стане, исто така, и кореспонденцијата; допишувањето со странство ќе биде подложено на големи ограничувања. Ќе дојде до воведување на воена срстојба, на полициски час. Затворите ќе бидат преполнети со Швајцарци. Полицијата ќе биде установа со која населението ќе има најмногу работа. За секоја револуционерна акција, за секое посегнување по најобични органи на власта, инаку потоната во злосторства против народот, ќе бидат наложувани масовни казни - парични и други, ќе бидат земани заложници. Заради постоењето на нелегални лица, честа појава ќе биде присуството на полициски и на воени одреди по патиштата, нивното распоредување и исхрана по населените места на сметка на месните жители, чувањето на премини и мостови од вооружени формации. Поради сето ова, посегнувањето врз спокојството, имотот, и честа на луѓето ќе стане јавно. Физичкиот терор ќе се почувствува насекаде; ќе бидат подигнати бесилки.

Поради ваквата ситуација неизбежно ќе се создаде голема швајцарска политичка емиграција во разни земји. Таа ќе обелоденува податоци за положбата во својата татковина, ќе издава револуционерни весници, ќе поднесува мемоари до странски влади и до меѓународни институции: ќе апелира за помош и за правдина. Апелите ќе остануваат, скоро секогаш, без одговор. Притоа, постојано ќе се даваат препораки за воздржаност, за трпеливост; неретко емиграцијата ќе доаѓа до констатација дека нивните барања за човекови права и слобода побудува кај другите само најобична досада. Големите идеалисти среде таа емиграција ќе слушнат како ги нарекуваат, авантуристи, лудаци, кои со своите агитации, не го оставаат на спокојство швајцарскиот народ и го нарушуваат мирот во Европа. Ќе се појават швајцарски емигрантски весници со различна политичка ориентација, пишувани на различни јазици. Самиот поробувач ќе направи обид да издава весници за Швајцарци и да ги изнесува сопствените погледи. Може да се стигне дури до таму што јавното мислење во другите земји најмалку да размислува и да се интересира за швајцарскиот народ и неговата слобода, туку единствена преокупација да му биде спокојството, редот и мирот на стариот континент.

Ќе се испреплетуваат совети, интриги, пречки и најубави желби на разни странски политичко-идеолошки тенденции – демократски, социјалистички, комунистички итн. За добро или за зло, Швајцарците неизбежно ќе се поделат и на таква основа; и тогаш тие ќе почувствуваат на сопствената кожа колку погубна е делбата во време на ропство, дури и во името на најсветли идеали.

Во тоа време швајцарските младинци ќе бидат мобилизирани во војските на трите окупаторски држави и при потреба ќе се борат еден против друг за туѓи интереси. Ќе има случаи кога Швајцарци ќе дезертираат од тие армии во други земји или од територијата на еден окупатор на територијата на друг. Во таквите случаи ќе се подига врева околу обострано разменети ноти за екстрадиција на бегалците. Со еден збор, светската јавност постојано ќе биде вознемирувана со швајцарски проблеми, немири, протести, судири. Ќе се најдат во културниот свет и такви себичници, кои ќе заговараат иселување на Швајцарците од некои бунтовни подрачја или од целата земја некаде во други континенти, сe со цел да се смири еднаш засекогаш западниот свет од тие швајцарски истории... А по швајцарската земја ќе се подигаат сe повеќе и повеќе тврдини за зацврстување на ропството. На повеќе места ќе се подигаат телени мрежи за да се спречуваат нелегалните бегства на Швајцарците. Во училиштата децата, чиј мајчин јазик е германскиот, наставата ќе ја следат на француски или италијански; таму, пак, каде што мајчиниот јазик е француски, децата ќе бидат школувани на италијански и обратно. На јавни места Швајцарците ќе мораат по секоја цена да го зборуваат јазикот на окупаторот.

Најпрогонувано од се ќе биде политичкото име Швајцарец. Вилхелм Тел, без сомнение, ќе биде прогласен за разбојник.

Доколку, пак, по некое чудо, некоја меѓународна институција или хуманитарно здружение би направиле обид да го кренат својот глас во корист на угнетените Швајцарци или, што би би.о уште поголемо чудо, да направат анкета во врска со ситуацијата во Швајцарија - нема да се дојде до никаков резултат, поради пречките од страна на окупаторите и нерешителноста што, обично, ги придружува таквите иницијативи.

Државите што меѓу себе си ја поделиле Швајцарија, ќе го затрупаат книжниот пазар со трудови, во кои ќе ја докажуваат апсолутната потреба да ги задржат под своја контрола окупираните подрачја - поради економски и стратегиски побуди, поради расна блискост, историски спомени и сл. А и надмудрувањата помеѓу Берлин, Париз и Рим нема да имаат крај.

Значи, би ја виделе Швајцарија во истата положба во којашто е ставена Македонија, со иста таква, ако не и повосхитувачка ослободителна борба и истото мрачно ропство.

Погледнато од аспект на опишаната несреќна положба, прашањето за ослободувањето и обединувањето на Швајцарија, како и прашањето за нејзината политичка независност би изгледале, за многумина, мошне сложени и тешки. За неупатените овие прашања ќе изгледаат скоро неразрешливи; такви ќе бидат и за оние што ќе го изгубат јасниот поглед пред безбројните насилства, интриги, освојувачки апетити и фалсификации; за луѓето што нема да се трудат да ги откријат потеклото и природата на слични купишта од напластени непромислености, што немаат навика да ја одделуваат надградбата од суштината. Ако некој од тој тип луѓе би погледнал, повторуваме, врз така угнетената Швајцарија, каква што ни се опишува погоре, тој песимистички 6и кренал рамена во знак дека е едноставно невозможно таква земја да биде самостојна, средена и слободна; дека таа воопшто не е способна да живее слободно и самостојно, дури и ако тоа и биде овозможено. Доколку таквите луѓе би виделе со какви тешкотии, пред сто и педесет години, требаше да се преборат Швајцарците, одново би кренале рамена и одново би рекле дека од Швајцарија само чудо може да направи самостојна држава.

Но еве, "чудото" е пред нас. Швајцарија постои како независна и слободна држава, најуредена и спокојна помеѓу сите европски држави. Сево ова покажува дека швајцарското прашање било во суштина лесно за средување. Сложено би го правеле надворешните пречки и недостигот на добра волја. Од друга страна, сосем едноставно е ова прашање, ако постои добра волја и осознавање на основните принципи што довеле до создавање на швајцарската конфедерација.

Во случајот со оваа држава карактеристични се следниве специфичности:

1. Таа зазема централно место помеѓу четирите соседи - Германија, Франција, Италија и Австрија, како што и Македонија зазема централно место помеѓу четирите балкански држави - Бугарија, Србија, Грција и Албанија.

2. Нејзиното население е составено од делови на соседните нации.

3. По бројност преовладува една од тие националности.

4. Се покажало дека не само за жителите на Швајцарија, но и за нивните соседи неуредениот швајцарски статус носел само штети. Оваа земја долго време беше "јаболко на раздорот" и извор на постојани недоразбирања.

5. Швајцарското население само ги дало првите укажувања дека е повеќе од неопходно нивната држава да добие самостоен политички статус.

6. Од локален проблем швајцарското прашање се претвора во европски проблем од којшто зависеле стабилноста и општиот мир.

7. Се поминало низ повеќе дипломатски надмудрувања и одолжувања за да се стигне конечно до спасоносното решение за признавање на независна и самостојна швајцарска држава.

8. Постоењето на внатрешни недоразбирања и судири, како и недоразбирањата со соседите, а и на самите соседи, не само што не ја смалила, туку напротив, ја зголемила потребата од швајцарска самостојност.

9. Се изградува мит околу швајцарските борби за ослободување.

10. Со создавањето на независна Швајцарија, Европа ги добила овие благодети: а. неутрализиран е еден опасен извор за недоразбирања помеѓу соседните нации, што претставува голем придонес кон зацврстувањето на општиот мир; б. се дава одличен пример како треба да се разрешуваат други проблеми слични на швајцарскиот; в. се задоволува принципот на праведност во однос на швајцарското население, кое се стремело кон слобода, мир и напредок.

Ние не гледаме друга земја во Европа, којашто во духот на претходните констатации, да е толку слична со Швајцарија, како што е Македонија.

Секој жител на Македонија ќе потврди дека уредувањето на македонското прашање е едноставна работа, но него го комплицираат аспирациите на соседите и политичките мотиви на подалечни држави. Кога македонските борци сакаат накратко да ја истакнат суштината на своите стремежи, тие со право велат дека се борат за една Швајцарија на Балканот. На страниците што следуваат, подетално е објаснето зошто македонското ослободително движење си поставило таква политичка цел.


1. Последната војна против Австрија се води во 1498 година. Победничка во таа војна била Швајцарија и таа била одделена од Империјата со мировниот договор во Базел 1499 година.
2. Големите сили, коишто го гарантираа швајцарскиот суверенитет и неутралност беа: Австрија, Франција, Белика Бритаиија, Прусија и Русија.



Тагове:   Македони,


Гласувай:
0
0



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 1368040
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1972
Архив