Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Постинг
19.09.2007 15:04 - Македонија Швајцарија на Балканот
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 1657 Коментари: 0 Гласове:
0



Иван Михајлов

ЧЕТВРТА ГЛАВА ІІ  дел

МАКЕДОНСКОТО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ



***

Дали останаа сите учесници во македонското движење докрај доследни и верни на идеите на ВМРО и посебно на нејзиниот политички идеал за автономија? Дека сите останале доследни во сите ситуации - тоа не можеме да го тврдиме. Но дека огромното мнозинство од водачите на движењето и од народните маси останаа, и по чувство, и по однесување, верни на тие принципи - тоа можеме да го тврдиме. Се случи некои одговорни луѓе да покажат инертност во врска со одбраната на автономниот принцип во текот на војните; други луѓе дури ја напуштија основната идеја и го прифаќаа, во текот на некои од овие војни, присоединувањето на Македонија кон Бугарија. Во овие пројави ние не гледаме ништо чудно, и покрај тоа што ги осудуваме. По многубројните незгоди на бугарското население во Маквдонија во неговиот стремеж да ја извојува автономијата; откако од страна на Грците ниту за момент не се покажа волја за соработка во врска со остварувањето на автономијата, туку обратно - се посакуваше распарчувањето на Македонија; откако српските напади со чети и другите севозможни дејства против македонската кауза не успеа; откако Турција, цели 34 години по Берлинскиот договор, избегнуваше да воведе реформи коишто барем малку ќе потсетуваат на автономија, туку го спомна нејзиното име дури на бојното поле - по својот пораз кај Луле Бургас, сосен разбирливо е зошто во редовите на македонското движење се нашле лица коишто водени од љубов кон својата нација, но никако од омраза кон други нации, водени од силна желба да ги спасат од ропство угнетените свои браќа, во определени моменти го прифатиле и решението да се присоединат кон Бугарија барем поголемиот дел од македонските подрачја, во коишто живеат Бугари. Тие луѓе, меѓутоа, никогаш не ја отфрлија во принцип идејата за автономија, ниту пак идејата за независна Македонија. Тие долго време се бореа за неа; настојуваа преку севозможни начини да ја остварат. Делумните скршнувања од идејата за автономија во некои македонски средини, најчесто, се плод на разочарувањето од Големите сили, коишто не го поткрепија таквото решение, а не на убедувањето, дека тоа ја изгубило својата спасителност за Македонија и за Балканот. Меѓутоа, подвлекуваме, дека движењето како цело никогаш не ја напушти оваа своја идеја. Статутите на сите легални и нелегални организации и ден-денес ја посочуваат истата цел што беше определена во 1893 година. Се разбира, дека причина за неостваруеањето на идејата за автономија до денес сосем не се инцидентните скршнувања на одделни лица од македонската заедница. Овие причини се наоѓаат далеку од македонското движење; тие се наоѓаат, како што веќе рековме, во политиката на балканските земји и на некои големи држави. Македонската заедница не го прифати како разрешување на прашањето она што се случи во 1915-1918 година, ниту пак она од 1941-1944 година т.е. делумното присоединување на македонски области кон Бугарија. Особоено во текот на Втората светска војна, македонската заедница и одговорните македонски раководители стоеја потполно оддалечени од бугарската државна политика. Скршнувањата, за коишто погоре зборувавме, се однесуааат на Првата светска војна.

***

По својата долготрајност македонската борба ги надминува ослободителните напори на другите балкански народи, без да заостанува по својата самопожртвуваност и храброст. Меѓутоа, и жртвите што Македонија ги даде се огромни. Којзнае дали некоја друга европска нација дала во текот на војните толкав број убиени, настрадани и прогонети. Само во емиграција заминаа скоро половина милион Бугари, а тоа е 30 насто од нивниот вкупен број. Ако тие останеа во својата татковина, бугарската националност во Македонија денес би била два милиона луѓе. Илјадници борци и невини жители загинаа, без да ги сметаме оние, коишто паднаа како војници во армиите на другите балкански земји што владееле со Македонија. Во времето на турското владеење многу луѓе беа затворани, најчесто во затворите и тврдините низ Мала Азија и егејските острови. Според турски извори, само во текот на подготвителниот период на ВМРО, од 1893-1903 година, биле уапсени 3.764 души, измачувани - 2.503 души, убиени граѓани и селани - 364, заточени – 103, осудени - 503 (меѓу кои има и на смрт), изгорени куќи - 385, ограбени куќи - 825. Во текот на востанието беа разурнати околу 300 села со над 12.000 куќи, силувани се 3122 жени, додека бројот на убиените невини Бугари е 4694 души; без покрив над главата останале 75.000 души. Во борбите учествувале 25 илјади востаници против 250 илјади турски војници; во Бугарија и во Америка емигрираа 30 илјади души; загинаа околу 6.000 македонски востаници и турски војници. Од 1903 до 1912 година во врска со разни провали, вооружени судири и сл. загинаа уште неколку илјади Бугари, а во затворите, исто така, попаднаа илјадници. Во акцијата за разоружување во 1910 година, во некопку околии, масовно беа измачувани голем број возрасни и неполнолетни жители, додека многумина смртно настрадаа или останаа инвалиди.

Во времето на српскиот и грчкиот режим десетаци илјади луѓе поминаа низ затворите или беа интернирани. За време на двете српско-грчки ропства - првиот пат од 1912 до 1915 година, а потоа од 1919 до 1941 година, не помалку од сто илјади македонци беа малтретирани; им беа одземени милиони пари, движен и недвижен имот ао аид на казни, конфмскации, јавни грабежи. Српската државна власт организира, исто така, терористички банди коишто јавно, со посебни инструкции со години наред одеа од село на село и тепаа невини мажи и жени, престојуваа и се хранеа бесплатно по куќите, додека на заминување ги полнеа своите ранци со предмети од моминските чеизи. Уште на самиот почеток од својот престој во Македонија, српската власт испрати такви групи коишто, посебно на просторот помеѓу реката Вардар и бугарската граница, ги посетија скоро сите села, малтретирајќи ги нивните жители. Ѕверствата, извршени над бугарското население, се страшни. На повеќе места беа погребувани живи луѓе, при што ги тераа самите да гi ископаат сопствените гробови; има и случаи на живи изгорени луѓе.

Не успевајќи да ги фатат нелегалните револуционерни дејци, грчките и српските власти го истураа својот гнев врз недолжното население. Официјалните органи прибегнуваа до безосновани групни убиства.

Големи загуби претрпе земјата и поради војните што се одиграа на нејзина територија. Во 1913 година беа изгорени од страна на грчката војска, којашто напредуваше кон север, околу 14 илјади куќи во источните македонски подрачја. Во текот на Првата светска војна се случија нови разурнувања, при што беа оставени без покрив над главата илјадници жители на Македонија. Разурнувања и страдања донесе и Првата Балканска војна против Турција, како и Втората светска војна.

Водена е политика на осиромашување и ограбување на народот; упропастени беа сите побогати семејства. Не беше дозволено организирање на економска основа, основање на кооперации и сл. Кредитирањето беше под контрола на службите за безбедност, чиишто соработници беа и банките заради вршење на притисок и денационализација. Доскорешни богати и добри Бугари беа доведени до просјачки стап. Во областа на стопанството не само што не може да се зборува за напредок, туку сосем спротивно - сe се правеше за економското упропастување на земјата.

Немаше доволно училишта, а и наставата се изведуааше на непознат за народот јазик. Власта бараше сојузник во незнаењето. На бугарски јазик не можеше да се чита евангелието.

Реченото во почетокот на оваа книга во вид на замислена слика на еден угнетувачки режим во Швајцарија, постоеше во Македонија и тоа во многу поголеми размери и посилно изразено. Не остаиа неодземена слобода, ниту непогазено право. Луѓето живееја во постојан страв и вечна потреба, во понижувања, експлоатација и терор.

***

Сосем накусо прикажани, еве ги етапите, низ коишто помина македонското ослободително движење од 1893 година до денес:

1. До 1903 година траеше подготвителниот период, во текот на којшто низ земјата се случија повеќе афери, провали и вооружени судири помеѓу револуционери и турската војска.

2. Во 1903 година се крева Илинденското востание, коешто не донесе никакво подобруваље на судбината на македонското население. Големите сили не и посветија соодветно внимание иа пролеаната крв на поробените. Заедно со Бугарите, жртви дадоа и македонските Власи, коишто храбро се вклучија во редовите на ВМРО; тие беа загрозени, а и денес се уште се загрозени од грчки посегнувања по нивната народност.

3. Од 1903 до 1908 година борбата продолжува и во востанатиот револуционерен округ - Битолскиот, како и во останатите области. Меѓународниот печат и натаму е полн со вести од Македонија. Дипломатските претставништва се во постојана напнатост. Се преплетуваат разни оцени. совети и предлози од страна на разни кругови во врска со нестабилната ситуација на балканот. Со ништо не се подобрува положбата и по Мирцштегските реформи, што за Македонија беа изнудени од страна на Австро-Унгарија и Русија. Овие реформи беа наложени по Илинденското и по едно друго востание, што избувна во 1902 година во некои подарачја на североисточна Македонија.

4. Во 1908 година се случува Младотурската револуција, којашто поставува нов султан на престолот и прогласува рамноправност на сите народи во Империјата. На овој начин била спречена интервенцијата на Англија и Русија за воведување на автономна управа во Македонија, каква што беше договорена на средбата меѓу рускиот и британскиот суверен во Ревал. Но само по една година, на сите националности им стана јасно дека и овој пат нема да добијат ништо битно. Останаа незадоволни Арапите, Грците, Ерменците. Албанците, Власите, Бугарите. Власта ја спроведе во 1910 година, веќе спомнатата погоре, акција за разоружување на македонските Бугари; ВМРО одново започна да дејствува.

5 Во 1912 година балканските држави војуваат против Турција. Членовите на ВМРО се ставаат на нивно располагање за да ги потпомогнат во нивните воени дејства. Непосредно по завршувањето на војната против Турција, балканските сојузници стапуваат во меѓусебна војна. Македонија е распарчена на три дела, при што поголемиот дел од македонските Бугари попаѓаат под власта на Грција и Србија и се подложени на денационализација.

6. Од 1913 до 1915 година револуционерната борба во Македонија продолжува против грчкиот, а посебно против српскиот режим. Во Македонија здружени дејствуваат Бугари, Турци и Албанци. На некои места избувнуваат мали востанија против српските власти.

7. Од 1915 до 1918 година Македонија е преземена од бугарската армија. Од источните граници на Македонија до Албанија се протега фронтот на воениот судир, на којшто од една страна се бугарските, турските, австриските и германските војски, а од другата - армиите на сојузничките сили. Бугарското и турското население се мобилизирани во армиите на Бугарија и Турција, додека грчкото население делумно е мобилизирано во грчката армија, а делумно останало под бугарска власт.

8. По Првата светска војна Македонците, демобилизирани од разните армии, се враќаат во своите домови. Српско-грчкиот режим останува непроменет. Продолжува и револуционерната борба во којашто учествуваат и борци од турската, албанската, а до извесна мера и од влашката народност. Легалната борба е потполно невозможна. Сите што се обидоа да организираат ваква борба, мораа да поминат во нелегалност. Незадоволството и протестите на Македонија, како и нејзиниот отпор, продолжија до избувнувањето на Втората светска војна, кога Бугарија одново зазема голем дел од Македонија.

9. По завршувањето на Втората светска војна Македонија одново останува распарчена на три дела. Ново е само тоа што во делот што остана во границите на Југославија е воспоставен болшевички режим, којшто прибегна кон нова денационализација, прогласувајќи ги македонските Бугари за посебна "македонска" нација. Освен ова, ништо друго не се променува; продолжува да царуаа истата бесправност, каква што постоеше во времето на српскиот режим.

Македонското прашање пак остана неразрешено - такво какво што беше и по Балканските војни. Сега, притоа, се појавуваат и некои нови моменти, коишто го прават ова прашање уште посложено.

***

Не се ретки случаите кога спасоносни идеи биле претставувани во лажна светлина, ругани и одречувани. Препреките од фалсификации и лаги биле постојан придружник и на македонското движење. Сите оние што се стремеле да ја поробат Македонија, лансирале во јавноста по некоја невистина. Приматот во овој однос го држи српската литература, чиешто пишување во врска со Македонија претставуаа вистински зборник од фалсификати. По неа доаѓа грчката пропаганда, а од триесетина години и болшевичката. Прифатена е тактиката: да се фабрикуваат се повеќе и повеќе лаги, така што на крајот мора нешто да се прифати и како вистина. Првенствено се сметало на тоа дека македонското движење е сиромашно и нема да може да се спротивстави на пропаганди од ваков калибар. Непријателите се труделе со финансиски средства, трошени за заблуда, да го помрачат сето она што македонците го придобиле во очите на светската јавност со својата храброст и верност кон идеалот на слободата. Се сметало на тоа што скоро во сите земји просечниот граѓанин, обично, слабо ја познава вистинската ситуација во далечните земји и е готов да му верува на она што му се сервира во печатот. Уште полесно е да се шират заблуди во врска со борби, коишто долго траат. Таков е спучајот со македонската борба. Во првите години на своето постоење таа во западниот свет имаше голем број почитувачи. Но откако дипломатијата го одолжи до бескрајност решавањето на македонското прашање, паралелно со симпатиите, во некои општествени средини постепено се појави и своевидна досада. Има луѓе, на коишто им станува досадно постојано да слушаат за борбени акции, па макар тие биле и ултраслободољубиви.

Србија и Грција. како што се докажа, инаа за цел да ја поделат територијата на Македонија; имено затоа, движењето што се стремеше да ја зачува целокупноста и самостојноста на Македонија, според нив, заслужуваше да биде уништено, а пред се дискредитирано. Бугарија од своја страна ја прифаќаше независноста на Македонија и се однесуваше толерантно кон самостојноста на движењето, меѓутоа, не е пројавена доследност во таа насока. Затоа македонското движење доаѓало во конфликт и со бугарски влади или други бугарски средини, коишто оделе дури до таму да ги клеветат македонските организации. Болшевичка Русија оцени дека познатото име и енергичиоста на македонското движење би можеле добро да и послужат за нејзините попитички и револуционерни цели на Балканот и затоа се зафати да го потчини или да го отстрани од својот пат. Откако наиде на отпор, таа им нареди на сите подчинети на неа органи низ целиот свет да ги оцрнуваат, што е можно повеќе, македонските организации. Ако се има првдвид колку свои грижи имаше по војната западниот свет; како таму се промени политичката атмосфера на штета на слободата; како беше замолкнат гласот на одделни авторитетни личности, познати како слободољубиви претставници на јавното мислење, за да може се да и се потчини на контролираната во сите сегменти државна политика; како се намножија пречките за посета на земјите што се борат, каква што е и Македонија - повеќе од јасно станува дека во сферата на пропагандата македонското движење не може да се мери со своите непријатели и затоа во овој домен ќе доживува тешки удари. Освен тоа, македонското движење немаше на своја страна ниту една голема сила, додека Србија и Грција добиваа, прикриено или јавно. поткрепа од страна на некои сили на поверсајскиот политички систем; зад комунистите, пак, стоеше болшевичка Русија.

***

Се чини дека е потполно непотребно одново да се занимаваме со искривувањата на вистината, за што веќе беа дадени соодветни појаснувања. Рековме дека движењето се појави самостојно. Истакнавме дека тоа се бореше за автономија во времето на турското владеење и за независност по Балканските војни, наспроти српско-грчките неосновани негирања на овие вистини. Точно е дека нема Срби и Грци, коишто се бореле за оваа идеја, но македонското движење се борело единствено за неа. Непотребно е, исто така, одново да се занимаваме со смешното негирање на бугарската националност и со идејата за некаква си "македонска" националност каква што на светот досега не му беше позната. Болшевичката политика измислува нови нации или негира стари, во зависност од нејзините прикриени намери. Во Германија се зборуваат дијалекти што се неразбирливи за Германците од другите германски области, но и покрај тоа болшевичката политика денес претставува најголем гласноговорник на германското државно и национално обединување. Бугарите од Дунав до Епир зборуваат ист јазик, но болшевичка Русија сака да внесе помеѓу нив национален раздор, независно од тоа што царска Русија, врз основа на националниот принцип, сметаше дека е наполно логично сите Бугари да бидат вклучени во една држава.

Веќе рековме, дека производ на странските пропаганди е божемниот "страв" дека Македонија самостојно економски не 6и можела да опстане. Сега пак, од страна на болшевиците се тврди дека македонското прашање веќе било разрешено. Такви тврдења изнесуваа пред саетската јавност Србија и Грција уште во самиот почеток на нивното владеење над Македонија. Се пуштаат гласови, исто така, дека македонското движење божем се борело за разединуаање на балкаиските народи... Се фалсификува и целта на движењето, којашто е потполно јасна - слободиа и независна Македонија.

***

Шлекулации се прават и со нелегалниот метод на македонската борба. Ние, меѓутоа, веќе објаснивме дека овој метод е рожба на самите окупаторски режими. Непријателот, исто така, се обидува да ги претстави македонсккте борци како професионални бунтовници. Ако е тоа така, тогаш ирскиот народ би требало да го сметаме за составен исклучиво од професионални бунтари, бунтовници по занимање или поради љубов кон овој "занает", имајќи го предвид фактот дека борбата на овој народ трае веќе векови. Причините што ја предизвикуваат борбата на ВМРО, особено против српскиот и против грчкиот режим, се многу поголеми од оние што предизвикале разни револуции во минатото и во сегашноста на западниот свет. Вистинско злодело би било да се помисли дека македонските борци се жртвуваат за нешто друго, а не за слобода, демократија и мир, не за национално опстојување, творештво и просперитет. Во цивилизираниот свет луѓето прават штрајкови за зголемување на дневниците; покренуваат спорови и водат борба против нарушувања на правото на глас; се случуваат вооружени судири поттикнати од социјални проблеми. Македоиците се изложени на постојана стопанска, морална, физичка и политичка тортура, угнетувани од страна на непроменет терористички режим и бидејќи тие не се робови, ниту по чувство, ниту по свест, ниту по менталитет, неизбежно се доаѓа до нелегална вооружена борба. Ние сме уверени дека уште при првиот обид да им се одземе националното име, националниот јазик или националната свест иа Американците, Бритаиците, Русите, Германците итн., тие како еден ќе востанат со оружје в рака. Македонските Бугари единствено преку нелегална борба можеа да го продолжат своето национално постоење пред очите на светската јавност. Кај непријателот постои голема желба тие да бидат мирни како овчички за да не се слуша повеќе името на Македонија и да се симне од дневен ред нејзиното прашањето и прашање за бугарската народност во неа, и тоа поради застареност. Во врска со македонската борба францускиот писател и општествен деец Алберт Лантоан логично заклучува дека "конспирацијата е неопходна должност кога кај поробувачите нема ни трошка чувство за справедливост; против беззаконието и незаконските средства за борба се дозволени"[17].

Уште во времето на турското владеење, кога македонците имаа книги и весници на свој јазик, имаа училишта, цркви, културно-просветни друштва итн, светската јавност ја сметаше за наполно оправдана нивната нелегална борба. Уште помалку може да се тврди дека тие немаат право да се борат со оружје, кога самите се изложени на терор и убивање. Освен тоа, штом тие самите се убедени дека нивната вистинска иднина е во создавањето иа независна македонска држава, нивно право е и за неа да се борат на нелегален начин, ако веќе легалната борба им е целосно оневозможена. Кога Американците се уверија дека им е потребна независна држава, тие се дигнаа со оружје против нивните браќа по крв - Англичаните; порано ќе го стореа тоа, ако американските колонии не беа под англиска, туку под некоја друга странска аласт.

ВМРО по правило ги прогонувал само виновните органи на соодветната окупаторска власт. Во текот на Илинденското востание од нејзина страна јавно се прокламира заштитата на мирното турско и воопшто муслиманско население. Сосем поинакво било однесувањето, на пример, на Грците во слична ситуација. Во 1821 година, откако дознаваат дека нивниот истакнат сонародник Ипсиланти навлегол во Молдавија (Романија) и оти е возможна руска помош, Грците во Пелопонез се побунуваат и за една седмица убиваат петнаесет илјади Турци. Настрадало, пред се, турското населеиие, а не турската војска. Ако пак во текот на некои од војните постоеле обвинувања за дела, спротивни на принципот на ВМРО, да не се посегнува врз мирното население, вината не треба да се бара во ВМРО, туку во одделни личности коишто биле мобилизирани во органите на воените власти или пак во самите туѓи воени власти. Одмаздата никогаш не фигурирала во политичката дејност на ВМРО. При спроведувањето на своите револуционерни мерки и акции ВМРО секогаш водела сметка за избегнување на невини жртви или за смалување иа нивниот број на минимум, дури и во случаите кога тие се наложувале како крајна неопходност. Во таа смисла мошне карактеристично е нејзиното однесуаање во текот на Втората светска војна, кога по 23 годишно српско-грчко ропство во Македонија, таа не насочи ниту еден свој член кон одмазда кон Србите и Грците, коишто беа поразени и можеа лесно да попаднат под ударот иа македонците, ако последните би го посакале тоа.


***

Во македонското движење постоеле и внатрешни судири. Меѓутоа, без основа се претставуваат како виатрешии и борбите коишто тоа ги водело против надворешни политички претензии, па макар биле тие и на фактори од бугарската држава. Внатрешен судир претставува расцепот што група левичари се обидоа да го предизвикаат по 1903 година во еден од револуционерните окрузи. Но и во овој случај, исто така, има обид за мешање на странски партии во македонските работи. На внатрешни можат да личат и судирите коишто се случија околу 1928 година. Но и во тој случај станува збор за надворешни вмешувања. Луѓета, коишто беа отстранети од редовите на движењето, најсетне ги симнаа своите маски и отворено застанаа на страната на болшевиците и на другите надворешии фактори со антимакедонски определби.

Секое револуционерно движење, а и секоја легална партија презема мерки и наложува санкции против оние свои членови, коишто не ги почитуваат правилата за однесување. Слични мерки превземаат и сите држави и општествени заедници, посебно во време на војна; ја приложуваат и смртната казна, иако располагаат со затвори. Македонското движе4ње е принудено да води долга одбранбена војна против поробувачот; кога е потребно прибегнува и до строги мерки против одделни родоотстапници, дезертери, поредавници и сл. Во вакви случаи, заинтересираните, пред се поробувачите на Македонија, веднаш дигале врева со цел да го доведат до заблуда јавното мислење дека македонското движење се самоуништувало и сл. Меѓутоа, слични примери, и тоа во голем број, можат да се најдат и во европската историја, од што јасно може да се види неоснованоста на аитимакедонските пропаганди. Не постои ниту една европска земја или нација што не доживувала внатрешни судири. Обична појава се и поделбите од големи размери во политичките партии во светот. Скоро без исклучок, во сите револуционерни движења се случувале внатрешни потреси. Земете ги, на пример, познатите судири во Француската револуција; еден по друг отидоа на гилотина сите поистакиати водачи на разните фракции и илјадници нивни приврзаници. Мошне тешки внатрешни несогласувања постоеле и во редовите на ирските борци. Но да ги оставиме настрана примерите од далечните на Македонија земји. Во редовите на грчките и српските ослободителни движења од почетокот на XIX век постоеја пројави на големи противречности, а доаѓало и до крвави пресметки. Грчките водачи меѓусебно се убиваа. Впрочем, познато е дека ниту еден друг народ не е толку предиспониран кон расцепи, внатрешни пучеви и прогонувања како грчкиот. Во Србија, пак, во внатрешни судири загина нејзиниот најистакнат национален борец, нејзиниот ослободител од турското ропство Караѓорѓе, кого самите Срби го убија со секира. Како пример од најново време да посочиме што се случи во борбата на Србите и Грците во текот на Втората светска војна кога тие започнаа борба против окупаторите на нивните земји. Грците се поделија и започнаа меѓусебна борба во која што животот го загубија исто толку нивни сонародници колку што загинаа во борбите против окупаторот, ако не и повеќе. Тоа, пак, што се случи со Србите е уште потрагично. Сите внатрешни судири, сите жртви во внатрешните борби во редовите на македонското движење, откако тоа постои, собрани заедно, се најобична детска играчка во однос на разурнувањата и жртвите, коишто Србите самите си ги нанесоа во братоубиствените борби во текот на само две-три години за време на Втората светска војна. И во Швајцарија, како што веќе рековме, имало повеќе несогпасувања и судири на социјална, политичка и религиозна основа. Развојот на општествените заедници е придружуван од спорови и борби. Непотребно би бипо да се наведуваат примери, иако некои од нив остануваат запечатени во паметта на секој гимназијалец, како на пример, судирите помеѓу Британците во времето на Кромвел, религиозните судири среде германската нација, во Шпанија итн. И болшевиците во својата пропаганда понекогаш ги посочуваат судирите во македонските средини, преправајќи се дека заборавиле што се случуваше и што уште претстои да се случи во нивните средини. Никој, се разбира, не е во состојба да го дознае бројот на беследно исчезнатите болшевици во Русија, а особено на исчезнатите неболшевици. Меѓутоа, сосем доволно е тоа што се знае за масакрот кај целокупната болшевичка стара гарда, составена од општопознатите комунистички величини како Троцки, Зиновјев, Бухарин, Камењев, Риков, Тухачевски, Раковски и многу други. Слични чистки, спроведувани тајно, се случувале и во другите болшевички партии низ светот.

Македонското ослободително движење, за жал, немало свои затвори за да ги затвора во нив виновните. Во таков случај би биле отстранети сите намерни или ненамерни претерувања во врска со неопходните мерки, коишто тоа било приморано да презема за сопствената одбрана. Тогаш би можело дури да се помисли за отстранување на смртната казна, ако тоа воопшто би се покажало возможно за едно револуционерно движење, што се бори против непријатели, чијашто цел е да се упропасти и денационализира цел народ.

***

Често ни се приговара дека во Македонија има и ќе има судири помеѓу одделните националности. Целта е да се претстави Македонија како синоним на неред; или дека воопшто нејзините борби се некакви си бесмислени барања. Доколку не се производ на непријателската пропаганда, таквите мислења се резултат на непознавањето на стварноста. Борбите меѓу грчката и бугарската народност во Македонија се остаток од илјадогодишната борба помеѓу Византија и Бугарија и од обидите на грчкото духовенство за денационализација на бугарштината. Откако беше создадена автокефална бугарска црква, сопре и борбата помеѓу Бугари и Грци на национална основа; грчкото духовенство веќе го нема по бугарските земји. Кога би се создала независиа македонска држава, бугарското и грчкото население во неа ќе живеат братски и со заеднички напори ќе ја градат сопствената благосостојба, Тогаш ќе се стави крај на соперништвото помеѓу грчката и бугарската држава, коешто денес не е заради превласт на Балканот, како што беше во времето на Византија. Со еден збор, недоразбирањата меѓу Грците и Бугарите многу изгубиле од старата своја напнатост и острина; постојат сите потребни услови, на нивно место да зацарува грчко-бугарска хармонија. И разумно, и мошне симболично би било, на овие вековни борби да им се стави крај имено таму, кадешто тие најрелјефно го достигнаа својот пароксизам пред илјада години, со ослепувањето на бугарските заробеници - токму во Македонија.

Кога ќе се смири грчко-бугарската кавга, може да се каже дека други меѓунационални конфликти таму скоро и да нема. Меѓу Бугари и Турци не постојат судири на национална основа. Судири на ваква основа нема и меѓу Турците и Грците. Доколку Албанците на јужниот крај на земјата би имале мали недоразбирања со Грците, а на други места со Бугарите, тоа се спорови од безначајна природа што не можат да го загрозат единството или постоењето на една независна Македонија. Антагонизмот на национална основа зависел од политичките несредености и од немањето на слобода во земјата. Ако се промени во тој однос ситуацијата, ќе исчезнат и националните недоразбирања, а ќе исчезнат или до минимум ќе се редуцираат и надворешните подбуцнувања. Македонија досега не била самостојна за да може таа, нејзината администрација, и нејзината внатрешна политика, да бидат сметани за виновни за постојните таму непријатности. Кога ќе биде слободна и независна, дури тогаш ќе може да се суди за нејзината способност сама да се управува и уредува. Тогаш нема да има во Македонија туѓа власт, којашто да фалсификува или негира нечиј јазик или нечија национална самосвест.

Спротивставувања помеѓу одделни националности или одделни области постоеле во повеќе земји, коишто денес се самостојни држави. Да се потсетиме овде барем на недоразбирањата во Белгија, каде што Фламанците, коишто претставуваат половина од бројот на населението, како десетици години по формирањето и признавањето на белгиската држава се бореа за рамноправност на нивниот јазик и признавањето му како официјален заедно со францускиот. Поради овие недоразбирања никој не се осмелил да тврди дека Белгија не требало да се создава како независна држава. И во Швајцарија не престанаа одеднаш големите спорови. Меѓутоа, овие спорови, како и многу спорни прашања во Белгија, неочекувано брзо се разрешија откако овие земји беа признаени за независни и добија меѓународни гаранции за нивниот неутралитет. И со Македонија да се случи истото; да бидат предвидени санкции за оние што би ја вознемирувале Македонија и тогаш ќе се види дали таа нема да го даде најдобриот пример за спогодување и братство помеѓу балканците.

Во Македонија не постојат реални услови и за голема партиска раздробеност, ако таа стане слободна земја и добие исправно уредување. Апсолутно неосовани се сфакањата дека таму луѓето би биле во постојан меѓусебен судир; такво нешто можат да кажат само непријателите на Македонија. Такво нешто не се случувало таму и во времето на ропството и покрај присутните странски интриги, моралното паѓање на послабите луѓе, немаштијата и психолошките притисоци. ВМРО отсекогаш претставувала цврст сојуз на обединетите народни физички и духовни сили. Во времето на турскиот "хуриет", од 1908 до 1910 година, сплотено се организираа во свои конституциони клубови, ги избираа своите пратеници и покажаа дека се способни за мирен општествен живот. Легалните македонски организации од половина век наваму, скоро без никакви проблеми, развиваат добротворна, културна и политичка дејност Во времето на турското владеење бугарското население здружено и дисциплинирано ги следеше своите духовни општини-црковно-национални и општествени здруженија, во коишто се разрешуваа и некои правни проблеми. Македонските занаетчиски здруженија постоеја во ред и дициплина повеќе векови. Слободно може да се констатира дека на политичка и општествена основа во Македонија имало помалку делби, во споредба со некои слободни и демократски европски земји, иако, пак ќе повториме, народот во Македонија живеел во тешко ропство.

Откако и во Европа зачестија политичките насилства и откако беше редуцирана политичката слобода и остро се судрија претензиите на силни фактори, гледаме дека и таа започнува да се балканизира. Ако во Македонија настапи ера на справедливост и ако престанат политичките насилства, тогаш ќе исчезнат и политичките остатоци од несогласувањата, коишто во странство се уште се преувеличуваат и злонамерно се толкуваат.

***

Како заклучок на изнесеното во оваа глава, произлегуваат следниве констатации:

1. Македонија води тешка борба за своето ослободување.
2. Идејата за самостојност потекнува од самите македонци.
3. Интервенцијата на европските сили во корист на македонската самостојност доцни.

Сево ова може да се види и во случајот со Швајцарија.


12. Х.Н. Брајлсфорд, Македонија: нејзините народности и нивната иднина, Лондон 1906 година, стр. 10З и 376.
13. Види ја книгата "О Пеи де мартир" од Алфред Рапапорт, стр. 62.
14. Х.Н.Брајлсфорд е автор на специјална книга за Македонија, издадена по Илинденското востание од 1903 год., што избувна во Битолскиот округ. Во својата книга авторот дава интересни подробности за различните народности во Македонија, но исто така, детално се задржува и врз херојското однесување ма македонските Бугари во текот на востанието и потоа.
15. Види ја книгата "Македонија под ропство"" од Веритас, во издание на Македонскиот национален комитет во Софија. Статија на г-н Маркам, пишувана во 1924 година.
16. Види го весникот "Македонска Трибуна“, број 558 од 28 октомври 1937 година, Индијанополис, Индијана.
17. Види ја книгата "Л"Абдикасион дју сјулеј", Париз 1923 година, од Алберт Лантоан.



Тагове:   Македони,


Гласувай:
0



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 2199379
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1975
Архив