Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Постинг
22.10.2007 19:33 - БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ - ПОЕТ
Автор: bugarash Категория: Други   
Прочетен: 1623 Коментари: 0 Гласове:
0



Б.Ц. - Повик Па да се знае каков претседател имаме во државава. Еее, далечната ни 1977 година, нашиот, во тоа време претседател "wannabe" Б.Ц, освои неприкосновено трето место на конкурсот за поетски творби на манифестацијата "Курирче"  во Кичево. Уживајте...

image

Наслов на стихотворба: Повик
Автор: Бранко Црвенковски во јавноста попознат како Б.Ц.

Ветрот шумоли и ни мрси коси
дури стоиме на могила пресна,
со мисла темна тага што носи
и омраза в срце жолчна и бесна.

Во ушите уште глас нејзин ни ѕуни
што во борба вика, буди желба смела,
нејзиниот поглед уште не бодри,
ни играат пред очи нејзините дела.

Помнам за првпат кога кај нас се јави,
напатена и страдна од судбата тешка,
четата веднаш ја прифати за своја
и напред ја поведе во борбата жешка.

А убава беше ко фиданка млада,
трошна и нежна како росно цвеќе.
Секогаш игрива и лесна ко птичка,
весела и мила ко малечко дете.

За умор таа не знаеше што е,
везден на нога од утро до мрака,
секогаш спремна помош да пружи
и напред да јурне со пушка в рака.

Но, смртта лочна живот и скрати
и ја зеде невидената младост среќна,
ја поведе на пат бескрајно долг
ја одведе неа на почивка вечна.

Ветрот шумоли и ни мрси коси,
дури пред нас игра нејзината лика,
дури во нас царува нејзиниот повик
во борба, на одмазда сите што не вика.

ПРЕЗЕМЕНО ОД : http://kopriva.blog.com.mk/node/113331


Тагове:   поет,


Гласувай:
0



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: bugarash
Категория: Други
Прочетен: 2198868
Постинги: 190
Коментари: 1089
Гласове: 1975
Архив