Во врска со оваа енигма разговаравме со двајцата најекспонирани репрезенти на влашкиот етнос во Македонија, претседателот на Унијата на Власите Димо Димчев и шефот на Партијата на Власите Митко Костов-Папули. Обајцата се пожртвувани прегорци за влашката кауза во Македонија, меѓутоа одбиваат секаква помисла дека се борат за интересите на Романија. - Романците и Власите се како двајца браќа кои си формирале одделни куќи - вели Костов-Папули. "Нашите јазици се слични, ама не се исти. Нас како партија не нe интересира Романија. Ние само сакаме да бидеме мост на соработка помеѓу таа земја и Македонија." Димо Димчев е уште поригорозен. "Во Македонија има и такви Власи кои често престојуваат во романската и грчката амбасада. Ние остро се противставуваме на таквото дејствување и ја застапуваме тезата дека Власите се автентично и најстаро население во Република Македонија", вели Димчев. Разговорите со овие двајца не можеа а да не ја допрат темата за таканареченото "влашко лоби", иако Власите не се одушевени кога се употребува тој речник. Папули ни ја врачи Декларацијата на неговата партија по повод двегодишнината од основањето на Партијата на Власите, во која се поставува прашањето: "Дали ние денес ќе може да ја поправиме грешката на една мала, но мошне влијателна група Власи, која го наметна своето мислење по НОБ дека нема потреба да се отвораат училишта на влашки јазик и да се создава влашка православна епархија?" Лидерот Митко продолжува во ист тон: "Факт е дека повеќето Власи инклинираат кон СДСМ и ние преку таа партија сме успеале да реализираме дел од нашите барања. На пример, поранешната министерка за образование Емилија Симоска во 1995 ни овозможи да отвориме курс за професори по влашки јазик, 43 на број, кои потоа станаа апостоли на ревитализацијата на влашката култура по пат на изведување факултативна настава во основните училишта. Но тоа е премалку. Ние сме имале многумина Власи во редовите на поранешната социјалистичка и денешната власт, ама тие не сториле речиси ништо за влашкиот народ. Тоа се нашите фарисеи", протестира Папули, најавувајќи дека ќе побара смена на социјалдемократот Коста Прешовски од Комитетот на заедниците и поставување свој човек во тој ембрионален Дом на етносите во македонското Собрание. Приказната за т.н. "влашко лоби" е неверојатна. Кога ќе погледнете кој сe бил во органите за управување од овој етницитет, ќе останете вчудовидени.
Го замоливме Димо Димчев да ни каже кој, освен Милтон Манаки и Хари Костов, бил Влав во досегашните влади, но и во другите јавни области, како што се науката, уметноста, лингвистиката, историјата, правото, итн. Димчев наредува: "Пиши! Како прв, Лазар Колишевски бил Влав по мајка. Откако останал сирак, го зеле тетките по мајчина страна - битолски Влаинки - го вдомиле во кралското сиропиталиште, а потоа го пратиле на училиште во Србија. Натаму, Власи се: Ѓорѓи Цаца, Ката Лахтова, Кочо Битољану, Васил Влашки, Дучо Кранго, а по мајка Влав е и Киро Глигоров. Влав е и командантот на македонската НОВ Михајло Апостолски, како и дузина познати повоени генерали (некои од нив и со црногорска крв, н.з.). Од пратениците Власи се: Елеонора Петрова, Борис Кондарко, Сашо Дохчев, Јани Макрадули (мешан Грко/Влав), потоа министерот, заменик-министерката и државниот секретар за култура Стефановски, Корнети и Тозија, како и ексминистерката Емилија Симоска; во скопските села има влашка фамилија Бучко, така што можеби и Бучковски е Влав од некоја страна. Од академиците Власи се Никола Мартиновски, Харалампие и Момир Поленакович, Михајло Петрушевски, Таки Фити, Ѓорѓи Чупона... Блаже Конески, творецот на македонскиот литературен јазик, одлично зборуваше влашки. Новиот претседател на МАНУ Цветан Грозданов по баба е од Јанина. Од сферата на стопанството најпознат Влав е Штерјо Наков, неговата заменичка во Фершпед Кираца Трајковска, Нако Наков од Годел, Панде Лазаров од ЕСМ, Јорго Куќа - ОХИС, како и многумина помалку познати економисти, каков што е Сашо Манаковски од Македонската банка за развој, кој е сопруг на директорката на МРТВ Гордана Стошиќ." Кога сме кај новинарството, да споменеме уште некое еминентно журналистичко влашко име: Чомовски - А1, Колемишевски - екс-Нова Македонија, Столе Наумов - Канал 77, Љупчо Зиков - Капитал... Доволно е или уште да редиме? Стерјо Зиков од скопското обвинителство, Зоран Верушевски од ДБК, Драгољуб Арсовски од Комерцијална банка, грст крупни градоначалници, владиката Наум, па и Зоран Вранишковски итн. итн... Да не ги спомнуваме оние кои станале зетовци во влашки фамилии, како Никола Поповски - Дика (како, впрочем, и потписникот на овие редови). Кога ќе се погледне овој импресивен список, на човек му иде да поверува дека во Македонија има не 10, ами 100 илјади Власи, токму како што тврди Димо Димчев.
Телото добива глава
На 15 септември минатата година во скопското кафуле Медиум се одвиваа интересни настани. Голем број декларирани противници на претходната власт се собраа таму за да го прослават падот на Љубчо Георгиевски (меѓу нив, на пример, лица од Меѓународната кризна група и од Фондацијата СОРОС). Неколку часа по обзнанувањето на изборните резултати, во локалот дојдоа еуфорични социјалдемократи, чиј предводник гордо провикна: "Ги прегазивме Бугариштана!" Ако се потсетиме на изјавата на Мите Папули, дека Власите ја преферираат левата политичка опција, се наметнува прашањето постои ли основа да се претпостави дека партискиот поларитет, опредметен во лицето на СДСМ и ДПМНЕ, има во себе и некаков скриен етнички бекграунд? Зошто оној човек во Медиум за изборно поразените го употреби погрдниот аугментатив "бугаришта"? Од разговорите со Димчев и Папули научивме една мошне интересна работа. Во семејствата во кои дома сe уште се зборува влашки, терминот Македонци или "Мачедон" е резервиран за Власите и тие себеси се нарекуваат Мачедо-Ар"м"н. (Така дури сакале да бидат именувани во Преамбулата на Уставот.) Македонците, пак - оние од словенско потекло - од страна на Власите се нарекувани Вургари или Вулгари, исто како што Грците го именуваат доминантниот македонски етникум со Вулгарис. Зошто е тоа така - не навлеговме во подетални анализи. Но, се создава помисла дека Власите (без оглед дали се декларираат како такви или како Македонци) во однос на мнозинското словенско население имаат зачувано некакво скришно сознание за нивната некогашна припадност, која пак како да ја сметаат за противставена на сопствениот национален интерес. Прифаќам дека сево ова може да биде шпекулација. Впрочем, има Власи и од десната страна на македонскиот политички спектар - пример: Љубиша Георгиевски. Меѓутоа еден научен труд, објавен во Зборникот од научната конференција "Власите на Балканот", поттикнува слични индиции. Во прашање е трудот на историчарот Глигор Тодоровски насловен како "Борбата на Власите за еманципирање непосредно по ослободувањето". На почетокот од своето истражување д-р Тодоровски, еден од нашите најеминентни авторитети за тој историски период, наведува дека Власите "мошне активно се вклучија во ослободителната војна уште од првата година". "Ретки беа документите од тоа воено време, каде што Власите не се споменуваат како борци и соработници во органите на борбата, како учесници во партиските организации на КПМ, во младинските групи, во нелегалните органи на новата власт" - пишува Тодоровски, додавајќи дека Манифестот на АСНОМ од 2 август 1944 Власите ги бележи на прво место, пред сите други заедници. Дури и пред Србите!
http://bugarimakedonci.blog.com.mk/
Какви игри си измислят децата?
Какви чувства се изразяват тук?
23.04.2007 16:36
23.04.2007 16:42
ДДДали пък да не спомена и другият Мачедонец на Сръбска служба-Стефан Влахов-Мицов????
11.02.2008 22:06
11.02.2008 22:15
11.02.2008 22:22
20.10.2012 11:42
21.10.2012 05:19
21.10.2012 23:21
22.10.2012 17:01
24.10.2012 23:35
2. karavelov
3. meto76
4. комитата
5. makedonskatribuna
6. radko
7. sekirata
8. tribune
9. georgiev
10. За българските работи
11. makedonska diskusiona grupa
12. teodordetchev
13. bugarash - blogspot
14. bugarash-wordpress
15. oblakoff
16. МЪГЛЕНСКА ПРАВОСЛАВНА АРХИЕПИСКОПИЯ
17. МАКЕДОНСКИЯТ НАУЧЕН ИНСТИТУТ
18. Български народни песни
19. Съюз на Македонските Организации
20. БУГАРАШ
21. МАКЕДОНСКО ДВИЖЕНИЕ ПРЕОБРАЖЕНИЕ